Ако ви е репер како било со Тохир, и колку се земало од Пирели, секако дека сега сте на седмо небо со Сунинг и со овие Socio, што год да е тоа.
Не се разбираме, многу едноставни поенти имам, вие се фаќате за збор или за бројка и ја терате дискусијата у три лепе. Еве ти ја поентата во кратки црти:
Не е битно кој е спонзор. 20-30 милиони се добри пари, не е тоа предмет на критика. Знаете што е проблемот? Тоа што други клубови имаат сопственици кои ќе направат се (и навремено) да уфрлат пари, да си ги зајакнат клубовите и да бркаат резултат.
Ние тоа го немаме. Тоа е целата поента.
Дека и сега, во идеална ситуација да внесат пари, не го направија тоа. Не се ова Кајгана муабети, ова е просто како два и два: ако Џек Ма или газдата на Самсунг ми е пријател и ако сакам да финансирам 40 милиони, ќе финансирам 40 милиони. Мои пари, не нивни. Ако не сакам да финансирам, ќе ви кажам дека имам финансиска дупка и ќе ви го продадам Хакими, а вие ќе ме браните на Кајгана и ќе викате браво Ио, како само ти текна тоа, генијално решение, браво!
Да, секако, Jeep е на Јувентус, полесно им е. Следната работа е повикај пријател. Ако не ги бива за толку, зошто ми се?
Ние можеме да се заебаваме (и ќе се заебаваме) со Јувентус затоа што напнуваат да освојат ЛШ а не можат, ама барем нивните газди
одат по резултат. Тие прават се за на крајот на годината да имаат
резултат. Нашите газди слабеат победничка екипа и ви велат дека не е страшно ако сме во
топ 4. И вие им викате браво.
Тие се поентите. И многу е едноставно, Сунинг во моментов не ги исполнуваат моите критериуми како навивач за да го водат Интер. Јас го гледам Интер историски во топ 10 во Европа и сакам да имам управа која ќе работи на тоа секогаш да бидеме во топ 10 во Европа и први во Италија. Управа која ќе работи за
резултат, а не за мочани финансиски статистики.
Тоа е тоа, инаку ова што вика
@SK-92 дека ако не биде тоа и тоа, тогаш ќе ги критикуваме... тоа се вика праг на толеранција. Некој има повеќе, некој помалку. За мене Сунинг умреа затоа што немаат амбиција, не преземаат ризици, не вложуваат свои средства и излегуваат со изговори цело време. Тие беа прав избор за Интер, ама не се повеќе. Сите ќе дојдете на ова, за неколку месеци, или година две, кога ќе ви продадат уште играчи и ќе ви кажуваат дека клубот мора да се самофинансира (од продажба на играчи). Мене воопшто не ме интересира дали нивните проблеми се објективни или не, или нека го издигнат клубот или нека се изгубат.
Се надевам ова е доволно просто.