Мислев дека алудираш на трансферите од есенва.
Ок, генерално гледано во право си Марота го донесе Конте а со тоа и да ги наречеме проблемите односно све ова што си набројал у постовите. Со што јас се согласувам. Особено за Конте.
Марота е добар директор, одличен, ама во случај кога претседателот оди преку директорот и го подржува тренерот ондак не може да се криви Марота тука. Бепе имаше спремно замена за Конте, немаше да го моли ни секунда, само требаше Конте да каже дали поднесува оставка на негова штета или да се договорат за обештетување. Влета Жанг у муабетов и се договорија со Конте а Марота остана на страна. И од таму повлекување од трансферот на Тонали и купувањето на Коларов, Видал и Дармијан. Кои беа желби на Конте. Марота не верувам дека би донел вакви играчи.
Јеби га, можеби погреши Марота со Конте знаејќи како се разделија у Јуве ама во тој момент, лани, едноставно немаше подобар избор од Конте. Чоло нејќеше, другите беа сите зафатени, сем Мурињо.
Ќе видиме како ќе тече сезонава, ако заврши зеро титули пак ја мислам најдобро ќе биде да се побара нов тренер. Марота нека не го закачаат.
Ни јас не би го сменил, ама ќе му се соберат многу минуси и во таква ситуација би одел по многу тенок мраз. Менаџира со многу пари и со циклуси кои траат по 3-5 години. Интер не е Реал Мадрид, Барселона или Јунајтед. Не може да си дозволи секоја година да фрла големи пари за рибилд. Ако сака да игра за титули, мора да чека вакви циклуси со постепен успех и многу малку грешки. Ако го посерат моменталниот циклус, ќе мора да се враќаат многу чекори наназад. Маргините за грешка на Марота се многу мали, помали и од оние што ги имаше со Јувентус.
Немој да мислиш дека и мали Жанг ми е off the hook. Негова одлука е да остане Конте сезонава и покрај тоа што неколку пати им плукаше во фаца на цел менаџмент, на пола вработени во клубот и се посра на угледот на клубот. Жанг сениор си го пушти синчето на екскурзија во Милано, место да пушти некој стара гарда, негова генерација соработник, со stone cold фаца, што се пробил низ ешалоните на CCP, го преживеал the Great Leap Forward јадејќи ги своите тазе починати родители, што преживеал неколку обиди за труења. Па да видиме дали тогаш Конте ќе имаше вакви испади, ако знаеше дека јајцата во секој момент можат да му завршат во блендер. Не ова курлево, што се шета со ламборџини низ Милано, збори за мода и се гушка со тренери.
Во секој случај, почеток на сезона е уште и ова е превентивно плукање по Конте и останатите. Интер има доволно талент годинава за да врзе серија победи, без разлика какви недостатоци има тренерот. Проблем може да биде што сезонава има доста клубови кои ќе играат за тие топ 4 места. Јуве, Интер, Наполи, Аталанта, Милан, Лацио, Рома, па дури и некој ко Сасуоло може да се замеша. А знаеме дека Конте обожава да се наведнува на дерби дуели. Ако со овој тим, заврши позади некој како Аталанта, Милан, Лацио и сл., и не ја помине групата во ЛШ, автоматски испаѓа од групата на топ левел тренери и влага во групата на околности-тренери со ликови ко Манчини и Раниери.