Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.936
Поени од реакции
23.744
Nema veze, toj balans koj mu go davase taa trojka u sredina se izgubi koga smeni so dvajca pozadi eden sto igra ko 10ka napred, barela i broz narocito deluvaat ko voopsto da ne si ja znaat ulogata na teren, a i vidal isto trpi. Iako pak ke kazam za denes konkretno ova ne vlijaese tolku mnogu za losiot rezultat kolku sto gi osakati greskata na de vrij i vidal, do toj moment bezopasni bea borusija, a ke se otvorea poveke i ke imase prostor za uste nekoj gol.
Цело време имаа простор Борусија.
Еднаш Дамбо со акробации ја вадеше иначе отиде и таа. Побрза екипа ќе не скоцка.

Си знаеме дека сме хендикепирани, ама Конте е без план Б.
Имаме топ средина за контрола на играта, он упорно инсистира со овој стил односно долга кон Лукаку и јуриш сите напред. Лукаку ако ја згреши, тројцава од средина треба да трчаат назад. Многу лоша поставеност. Он е самиот крив, и мислам дека при крај е со мандатот во Интер освен ако наредни 4-5 не издоминира, ма да сезонава само една утакмица издомимирал и тоа против Беневенто. Фиорентина ги добивме на среќа, со Милан и Лацио се посра а и денес некако избегна пораз.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Jaс иако го критикувам сепак сеуште мислам дека Конте не е лош тренер....друго е да имавме нормални околности...под нормални мислам да имавме фул состав и не натпревари на секој трет ден....без одмор без ништо....да не заборавиме дека ние заедно со Баерн сме убедливо најоштетени од сите клубови во Европа со короната од овај аспект...најмалце одмор од сите екипи,сите битни играчи по 90 минути се исцедија за репрезентациите, и плус пола одбрана корона фати а и најголемото засилување и тој корона фати со тоа што е приморан Конте да игра со играчи од втор план.

Знам дека смешни се изговорите ама реалноста е дека фудбалерите не се машини и му треба одмор....Барела чоекот една недела нема одмор...уште од натпреварот со Севиља замина за репрезентацијата и Манчини секој натпревар по 90 минути....компјутер да беше ќе се исклучеше самиот....а ние очекуваме којзнае што да игра....

Дури можи да се кажи дека Интер е уште пооштетен од Баерн со ситуацијата бидејќи Италјанското првенство траеше до почетокот на Август и екипата имаше само 3 дена слободни(за тренинг) до натпреварот со Гетафе..додека играчите на Баерн си полнеа батерии по плажите на Хрватска и Грција.

Удрете есап колку одмор имаа играчите на Интер, а колку другите клубови....короната што ја фатија битните играчи не ја спомнувам.
 
Абе каков есап да се удри?
И кај Борусија фалеа некои играчи, не сме ние единствена екипа со корона или повредени. Шахтјор исто денес имаа проблем. Ливерпул со играч од средниот ред како бек не примија гол од Ајакс. Има Конте играчи, прв тим има за да склопи.
Шо мора упорно да му го гледаме стилот негов да му се серам на тактиката ќе ја замрзам заради него. Требаше да ги добие овие без никакво алиби, а не да се спасува на гол кој ни самиот Лукаку незнае како го дал. Чиста среќа.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Три години штедеа Жанг фемили, броеја центи, ги направија сметководители сите навивачи на Интер, со ФФП, спогодби со Уефа, Аусило си ги продаде сопствените деца за плусваленца, за на крај да им го дадат клубот на смрдливи јувенташи, кои лупнаа 400+ милиони (плати и трансфери) во две години, за клубот да биде во таква поволна ситуација, што ќе се тресе дали воопшто ќе може да помине групи во ЛШ.
Спортски директор (пардон, CEO), тренер и главното засилување летово, кој е играч со 33 години. Првокласен know-how добија. :icon_lol:

Ако клубов пак влезе во rebuild следното лето, со продавање на млади таленти, без да освои ниеден трофеј на толку фрлени пари, ќе биде епско потфрлање. И глави ќе мора да летаат.
Без разлика какви приказни раскажуваат, тимов не е граден и платен за „ќе пробаме“, туку за титула ( некаква) и поминување на групи во ЛШ.
Конте е влезен во некоја зен фаза на, its about the journey not the destination, зошто знае дека си има сигурни 24 милиона во следните две години. Опремен е со стотици изговори во главата веројатно, што ќе ги употреби во погодно време, пред што повеќе публика. Сенси дојде на медицински туризам во Интер. Наинголан и Ериксен добија 6 месеци да одлучат на која дестинација ќе одат на позајмица во 2021, Дармијан доби отпремнина, тој Пинамонти го грабнаа истите вонземјани што лани го киднапираа Асамоа. Се е на свое место.
 
Не мислев само за денешниот натпревар туку општо ситуацијата е некако поврзана со премалиот одмор и околностите каде баш Интер како клуб се убедливо најпогодени.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Три години штедеа Жанг фемили, броеја центи, ги направија сметководители сите навивачи на Интер, со ФФП, спогодби со Уефа, Аусило си ги продаде сопствените деца за плусваленца, за на крај да им го дадат клубот на смрдливи јувенташи, кои лупнаа 400+ милиони (плати и трансфери) во две години, за клубот да биде во таква поволна ситуација, што ќе се тресе дали воопшто ќе може да помине групи во ЛШ.
Спортски директор (пардон, CEO), тренер и главното засилување летово, кој е играч со 33 години. Првокласен know-how добија. :icon_lol:

Ако клубов пак влезе во rebuild следното лето, со продавање на млади таленти, без да освои ниеден трофеј на толку фрлени пари, ќе биде епско потфрлање. И глави ќе мора да летаат.
Без разлика какви приказни раскажуваат, тимов не е граден и платен за „ќе пробаме“, туку за титула ( некаква) и поминување на групи во ЛШ.
Конте е влезен во некоја зен фаза на, its about the journey not the destination, зошто знае дека си има сигурни 24 милиона во следните две години. Опремен е со стотици изговори во главата веројатно, што ќе ги употреби во погодно време, пред што повеќе публика. Сенси дојде на медицински туризам во Интер. Наинголан и Ериксен добија 6 месеци да одлучат на која дестинација ќе одат на позајмица во 2021, Дармијан доби отпремнина, тој Пинамонти го грабнаа истите вонземјани што лани го киднапираа Асамоа. Се е на свое место.
Све океј, ама воопшто не се согласувам во делот за Марота кој сосема коректно си ја врши својата работа. Сеа тоа што Конте е петарда и си има желби како Коларов, Дармијан, Видал, Џеко, Жиру миру е сосема друга ствар и тука директорот треба да одигра за тренерот. Летово тоа најубаво се виде после состанокот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.792
Поени од реакции
115.759

Па јас ли го донесов Конте?
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Све океј, ама воопшто не се согласувам во делот за Марота кој сосема коректно си ја врши својата работа. Сеа тоа што Конте е петарда и си има желби како Коларов, Дармијан, Видал, Џеко, Жиру миру е сосема друга ствар и тука директорот треба да одигра за тренерот. Летово тоа најубаво се виде после состанокот.
Директорот го избра тренерот, директорот одлучи да му даде толкава плата, додека има уште еден тренер на платен список. Директорот го усогласува ростерот со системот на игра на тренерот и директорот одлучува колку пари на какви играчи ќе потроши. Ако директорот не може да си го контролира тренерот со неговите јавни испади и уцени, тоа не е олеснителна околност за него, зошто он го ставил на тоа место и е одговорен за него.
Марота инсистираше на Конте и Марота фрли еден куп на пари за тим што ќе победува сега, не за 2-3 години. Значи тренерот треба да тренира тим што ќе победува сега, во спротивно и Марота усрал работа.
Ако Интер пак има мелтдаун сезонава, па треба да менува тренер, а е 100 милиони во минус и треба да продава млад талент за финансиски да се врати во колосек на лето, Марота ќе има дел од одговорноста за тоа. Голем дел.
Е сеа, дали треба да се менува од таа позиција е веќе друго прашање.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.572
Поени од реакции
5.616
Jaс иако го критикувам сепак сеуште мислам дека Конте не е лош тренер.
Не е лош. Ужасен е.
Ќе напраи на 90% од фановите да ни се одмили и гледање фудбал и Интер.
Нерешен резултат против Мехенгладбах ни со 7 првотимци повредени не е успех. Тренерска грешка е!

Малце понормален тренер би можел да извади и друга формација, на пример

Ханданович
Дармиан - Де Вриж - БАСТОНИ - Коларов
Барела Брозович Видал

Ериксен

Лаутаро Лукаку

Или пак
Броз - Видал/Нианголан
Санчез Ериксен Перишич
Лукаку/Мартинез
во 4-2-3-1 формација.

Ама неее, конте форса 3ка позади.
Дамбо и Коларови штопери дур Ранокија и Бастони греат клупа. И не, ме заболе што ранокија е копач и не вреди ни на клупа да седи, барем е штопер а не фул бек.
Ако ни е.
Најдобра прилика за титула у последни 9 години ни е оваа, ако сега не освоиме конте треба да се пензионира.
Ниту корона ниту повреди не признавам. Ростер има барем за Сериа А. Вториот тим ни е боље од барем 10 екипи од лигата. Нема оправдувања веќе. Му еам тоа периката...
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Е сега Шахтјор да победи 2 пати со борусија, и оваа сезона ке си испаднеме во ЛЕ од групи.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Сега ќе биди поинтересно кога уште некој ќе се зарази од корона со оглед на тоа дека Хакими тренираше овие дена со играчите и беше во постојан контакт со сите .....како некоја проклета комплексна аура да се шири во тимот...никако да се нормализираат работите
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Кога на некој тренер најјака страна му е 3-5-2 формација, тогаш тој истиот мора да инсистира на купување на 4 квалитетни крилни бекови, 2 за прва постава и 2 за резерва. 3-5-2 формацијата е дебело зависна од имањето квалитетни играчи на таа формација, кои ќе ораат напред назад. Интер во овој момент има 2 играчи кои се крилни бекови по вокација, Хакими и Коларов, со тоа што Коларов е во години и Конте сака да го игра централен. Тоа е тотално немање концепт, навистина би сакал да знам што му се врти во главата. Перишич ниту бил ниту ќе биде крилен бек, човекот цел живот го помина крилна позиција, прилично офанзивно. Вистина е дека кога беше помлад многу трчаше и знаеше да затвара и во одбраната, посебно за репрезентацијата на Хрватска, ама тоа не го прави крилен бек. Јанг мислам дека лани од оние неколку пати што го гледав Интер многу подобро играше на неговата позиција, иако и Јанг е прекомандовано крило.
Понатаму, купувањето на Ериксен, колку и да беше ефтин, е голема грешка ако планираш да играш 3-5-2. За 3-4-1-2 е супер, ама Конте не игра 3-4-1-2. Одбраната иако сега ви делува климаво ќе биде во ред, кога Интер ќе има потечна игра во средината, и кога Конте сам со себе ќе реши што точно сака да игра сега. Јас да сум не негово место би го зациментирал Коларов прва постава на лев крилен бек и би го цедел до кај 60-65 минута па потоа би го менувал со Јанг.

Значи Ханданович, потоа најдобрите 3 што Интер ги има во одбрана, Бастони, Шкринијар и Де Вриј, Десно Хакими и лево Коларов, па средина со Брозович, Варела и Видал, и напред Лаутаро и Лукаку. Согурен сум дека ако се воигра оваа постава ќе има голема шанса за титула во Италија, Европа е преголем залак за овој Интер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom