Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.253
- Поени од реакции
- 46.646
Нормално дека такво нешто ќе изјави, Лаутаро е сеуште играч на Интер, така да апсурдно ќе биде било што да каже за Вернер во моментов. Ама ако си отиде Лаутаро, а Вернер е сеуште достапен на трансфер маркетот сигурно би тргнале мислам по него бидејќи е единствена адекватна замена во моментов за аргентинецот и единствен кој се споменува низ медиумите ко замена.
Вернер е горе доле ист профил на играч, 24 е, и тон искуство има, и ако не се лажам, мала откупна клаузула, 50-60м евра, пари што Интер ќе ги има ако си иде лаутаро ( плус Икарди, Перишич, Марио ), плус ќе бидат екипа која би му гарантирала први 11. Не значи дека он би дошол у едно такво хипотетичко сценарио, ама дека Интер би пробале да го земат, ќе пробаат, тоа сигурно, прилика е и тоа многу добра.
Аусилио за Лаутаро кажа дека ќе си оди само по услови кои му одговараат на Интер, односно 111м евра колку што му е клаузулата, истовремено и кажа дека е многу битен играч за Интер така да додека е тука нема што Интер да преговара за Вернер или било кој друг играч со такви квалитети што ќе мора да игра у прв тим. Сеа за сеа Кавани најмногу се поврзува со Интер ко опција за клупа што е и поентата на Конте за следна сезона, многу јака клупа за секој дел од теренот, затоа постои веројатност и Наинголан да биде дел од тимот за следната сезона.
p.s. Аусилио изјави и дека намераваат и алексис да го задржат, што мислам дека не е точно али е изјава дадена ваљда за да му се дае некој буст на чилеанецов периодов што следи, каде ќе играат на 3 дена утакмици и тимот сигурно би се ротирал.