Аман бе, не е до толку страшно.
На почеток сме уште и тимов е прилично нов, така што очекувани се вакви "тешки" партии против некои појаки тимови.
Тоа обично не е изговор, ама ние оваа година во тимот имаме комплетна промена на менталитет (за играчкиот дел зборам), дури да се доработи системот и дури играчите да се навикнат на него, треба време. Ние не игравме ништо полошо од со Пескара, ама сеа имавме подобар тим против нас и што е многу побитно подобар тренер.
Ова му е на Страма која 10-15 утакмица во Серија А? Земан е во високолигашкиот фудбал веќе 20 години и е признат како еден од најиновативните тренери. Не е толку страшно ако биде еднаш биде полош од толку искусен тренер.
Learning process-от е таков. За некоја недела ќе биде подобро се.
Можда се очекуваше да биде лесно со Рома, па од таму толку возбуденост кај фановите. Ама треба добро воиграна и организирана одбрана за да се спречи напаѓањето на Земан. А ние уште неаме таква, плус, волку агресивен пресинг тимот никогаш не ни играл. А уште потешко е да контролираш натпревар во средина на терен.
Сите три гола беа воиграни движења и сами видовте. Треба безгрешност во одбрана.
Уствари до 2 гол на Рома игравме сосема добро, освен грешката за првиот гол. Пресингот беше супер и играа баајаги со топката, имавме и активна игра во нападот. Е од коа го примија тој втор гол, како да се распаднаа, посебно што со камби неможеа да играат пресинг како порано, а нападот скоро и да не бранеше воопшто.
Переира е прилично добар. И Ранокија не беше лош. Али затоа парнерот му беше срање денес. Се надевам ќе се поправи.
Исто и треба малку нападот да се поправи, во смисла на тимско напаѓање и нормално и десната страна да учествува.