Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.387
Поени од реакции
113.843
ај ова те молам појасними
од кај заклучи дека гвардиола е роден шампион? дека освој со барса титуливе и ова ти дојде напамет одма?
верувај дека и лузеров да беше на чело на барса иста песна ќе пееја
Зошто сите тоа го викате, дека кој и да бил на чело на Барса ќе освоел титула со тие играчи? Па треба ли некој на тие играчи да им каже како да играат, да ги постави на соодветна позиција, да го одржува тимскиот дух на највисоко можно ниво? Или сами играчите си го прават тоа, сами тактика прават, сами се бодрат?

Гвардиола кога дојде начека раздрмана Барселона, тогаш го шутнаа Роналдињо кој беше најдобар светски фудбалер и ја префрлија главната улога во тимот на Меси, Чави и Иниеста, тие да бидат носители на играта и целиот тим на Барса. Тогаш ако не се лажам завршија едвај 4-то место и го шутнаа Рајкард и го донесоа почетникот Пеп, кој до вчера беше фудбалер, но ризикот и те како им се исплатеше. Човекот наметна толку убедлива игра што дури некат и ми се досадни за гледање.

Можеби и Интер после Мур требаше да ризикува и да го назначи Фиго за тренер, или Барези сеедно, бидејќи никој после Мур не гарантираше константен успех бар во серија А, едини такви беа Ферги, Пеп и уште два-тројца максимум али и самите знаеме колку беше реално да се донесат овие пред две години. Единствена опција ни останува Гвардиола и да се надеваме дека повторно ќе имаме роден победник на клупата на Интер. Немојте со тие муабети дека не е ништо посебно, погледни само како си го плеска Мурињо на секоја утакмица и ќе ти стане јасно, МУРИЊО ЕЕЕЕЈ, а да не зборам дека го исплеска ко мало дете и Ферги во две финалиња во ЛШ. Затоа молете се да дојде Пеп инаку уште 5-6 години ќе си се задоволуваме со имиња ко Гасперини, Делио Роси, Козми, Прандели и остала багра квази тренери.

П.с. Не сум фан на Барса немој да ме сфатиш погрешно, од Шпанско сум за Реал ама реалноста е таа.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.748
Поени од реакции
6.479
А зошто мислите дека Пеп ако има добри резултати со Барса ке има и со нас ? Првин факт е дека многу добро ја води Барса,тука ништо неможе да му се замери,али за мене како тактичар не е ништо посебно,во Италија се игра сосема друг фудбал ,повеќе се игра на дефанзива или тактика сеедно.Ако дојде во Интер ке ги нема ни Чави ни Иниеста да си подаваат до бескрај,тука ке води сосема различна екипа која никогаш ке неможе да склопи игра како Барса. Значи да се разбереме он е голем мотиватор,има победнички менталитет,али сепак мислам дека слаб е во тактичка смисла и затоа нејќам да доде кај нас!
 

M-M

Член од
21 ноември 2010
Мислења
206
Поени од реакции
58
Дискусии сте разврзале ко да нема утре.:)
Толку ни е силата годинава,плус имаме никаков тренер со заостанати тактики.
На крај ако успееме да завршиме трети,со сила ке биде и тоа ке ни биде максмумот сезонава.
А за ЛШ ако не испаднеме од Марсеј,тога ке испаднеме во наредна фаза.
Тоа е реалноста и нема бегање од истата.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Moratti poslje utakmice: "Projekt ostaje, u junu ćemo definirati novi Inter"

Predsjednik je vidno razočaran: "Činilo se da su navijači i igrači željeli završiti igru nakon 2 minute. Bili smo vrlo "siromašni" idejama u igri, neki su igrali stvarno loše, moramo liječiti duh nekim igračima... Obnova projekt s mladima? Jasno je da pokušavamo skupiti iskustvo i dodavati nove stvari. Ne možete revoluciju napraviti odjednom, idemo u tom smjeru, međutim, u lipnju će momčad definirati budućnost. Međutim, ove godine još uvijek može biti zanimljivo.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Тие секој Јуни прават нов и млад Интер и повторно ги гледаме Камбиасо,Станкович,Занети,Киву,Самуел,Милито,Пацини..
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.933
Поени од реакции
14.961
бае Мурињо годинава ќе освои ЛШ и Лига со Реал и после ќе се врати кај нас :D ( мора малце оптимизам да се внесе )
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
Интер прави убави промени со играчите што ги донесе, Зарате, Пацини, Поли,Ранокиа, Алварез,Гуарин, Кастињос, оној десниот бек кој го мењаше Мајкон(му заборавив име), Оби па и на Вивиано мислам дека треба да почнат да сметаат(али тоа е друга тема) тоа се се млади и добри играчи, без разлика вие што викате дека не се квалитетни засилувања .. значи трансфер политиката не е лоша, но гледате дека се тоа е џабе доколку го немате правилниот тренер, долгорочно решение, тренер кој ќе ги води овие играчи во иднина и ќе им даде на знаење што сака тој од нив, тука од една страна и управат е крива, но само ради тоа што направија лош избор со тренериве, а не со играчите! Гледам некои од вас се лутат што Раниери си потражил десно или лево крило и побарал Мота да остане, а овие од управата ништо не исполниле, па нормално дека нема да исполнат доколку сметаат да го шитнат на лето, сега што се однесува до играчкиот кадар, посебно ова зимо тие го диктираа темпото, нормално на чело со Морати, Бранка и кој други се таму(значи нема што Раниери да кажува) .. е сега на нив им престои задача да ја проследат оваа сезона, да согледаат со каков играчки кадар располагаат, па потоа да размислат кој тренер би одговорал на тие играчи .. кога веќе ќе одлучат прва работа на лето треба да биде нов тренер, а потоа заеднички со тренерот да направат план за идниот Интер како го гледаат и заеднички да одлучат кои играчи треба да останат а кои треба да одат, при тоа да ги земат во обзир и оние играчи кои имаат големи плати, а не играат баш најдобро, така ќе направат простор и за голем трансфер за играч на кој ќе можат да му дозволат голема плата и играч кој точно би одговарал на профилот на новиот Интер ..

-како и да е, не може и сега да кажете дека со овие играчи толку ви е силата и дека се потребни засилувања, бидејќи и овие играчи што ги имате се јаки, значи располагате со голем број квалитетни играчи, јас на почетокот на сезоната не правев некоја разлика помеѓу она што го има Интер и она што го има Милан на располагање, само разликата е тоа што Милан си најдоа добар тренер, си ги вклопија коцките на некој начин, а Интер многу изгуби со менувањето на тренерите, по Мурињо да направеа правилен избор на тренерската позиција и сега ќе беа колку толку појаки со овие играчи, а нормално и претходната година.

-што се однесува за тренерската позиција, јас многу ги ценам оние тренери на германските екипи, значи играат брз фудбал, настрана тоа што е убав, многу е ефективен, не комплицираат многу, таков фудбал мислам дека многу би успеал во Италија, италијански тим со таков наметнат "германски менталитет" многу би успеал во Италија .. така да според мене Морати треба да го земе Јирген Клоп за нов тренер на Интер, доколку успее да го убеди да си отиде од Борусија Д. :) .. мислам дека и тој би сакал веќе нов предизвик со потрофеен тим, затоа би бил и многу мотивиран, значи Јирген Клоп ви е одлична идеа ;)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.958
Поени од реакции
45.168
Тие секој Јуни прават нов и млад Интер и повторно ги гледаме Камбиасо,Станкович,Занети,Киву,Самуел,Милито,Пацини..
Од Камби, Милито, Самуел а и Занети ... Јонзе, Интер има голем ќар, ја немам ништо против нив да ги гледам ако играат добро, поготово Милито.
А дека нештата драстично ќе се менуваат во иднина тоа 1000%, арно ама тоа што мене ме плаши е изборот на тренер, затоа лично немам ништо против Гвардиола зашто он гарантира стабилен Интер, стабилен тим кој ќе се бори за големите титули и ќе ни ги минимизира нервозиве за низата нелогични потези што беа влечени од тренериве во пост-Мур ерата.

Сјебана работа е барањето на нов тренер за Интер, тоа беше случај и во минатото, али ова со Раниери за мене е поголема утка и од Гасперини, што све иам зборено за овој чоек у последниве 5-6 години и бум, хедшат.

И пак глеам поназад, до играчите било, ништо друго ...
Затоа после 40 години играа во финале во ЛШ, дека до играчите било само ... нема везе што пред да започне сезоната 2009-2010, сите предвидуваа колапс на Интер поради заминувањето на Ибра, што е најтрагично и голем дел од фановите на Интер се сомневаа во успех ... во Серија А, за ЛШ муабет да не праиме, со пласман во четврт финалето се задоволуваа, дека и тогаш, до играчите беше, а играчите не делуваа ко материјал за тројна круна.

Нормално дека голем удел има составот, ама сезонава не заостануваат во квалитетот од останатите конкуренти, па пак се тиња, ваљда зашто не е само до играчите, кога имаш тренер кој се исплаши од некојси Роси и Место ... па шта речи.

Него следат сеа две победи на Интер во Серија А, период кога ќе се фати последниот воз за пласман во ЛШ наредната сезона.

п.с. Иначе за тренер, ја се изјаснив кој ми е најголема желба, поголема и од враќање на Мур или носење на Гвардиола плус Меси. :)
Kлоп. :cuc:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Кој било тренер да ви дојде нема да мрднете нагоре со овие играчи што сега ги имате.. Ако дојде Пеп ќе треба да имате најмалку 3 техничари во средината и уште 2 резерва за да може да ја негува својата тактика и стил на игра, а вие само Снајдер го имате креатор а другите од средина ви се копачи односно дефанзивно ориентирани ...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.387
Поени од реакции
113.843
Кој било тренер да ви дојде нема да мрднете нагоре со овие играчи што сега ги имате.. Ако дојде Пеп ќе треба да имате најмалку 3 техничари во средината и уште 2 резерва за да може да ја негува својата тактика и стил на игра, а вие само Снајдер го имате креатор а другите од средина ви се копачи односно дефанзивно ориентирани ...
Леле која глупост ја кажа сеа не си свесен. Точно е дека требаат нови играчи, ама 2-3 максимум. Снајдер, Алварез, Гуарин што се? Сите се тие креативно ориентирани, у напад доста е принцот и Лавеци и тек тогаш има да се сереш на тој вашиот нов грд стадион со кој се пуваш цела година.

@Syn
Мислам дека Клоп нема шанси да дојде кај нас, и мене ми е голема желба али ги знаеш Швабите какви се, ретко заминуваат подалеку од Германија, ептен се лојални. Овој мислам дека сеа скоро и го продолжи договорот со Дортмунд до 2016 година. Иначе како би дошол овој човек во Интер... Мелем на рана!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.958
Поени од реакции
45.168
Кој било тренер да ви дојде нема да мрднете нагоре со овие играчи што сега ги имате.. Ако дојде Пеп ќе треба да имате најмалку 3 техничари во средината и уште 2 резерва за да може да ја негува својата тактика и стил на игра, а вие само Снајдер го имате креатор а другите од средина ви се копачи односно дефанзивно ориентирани ...
Мурињо со еден ваков тим ќе се прошеташе до уште едно скудето, буквално.
Класична рутина уз една ваква конкуренција.
Tренери ко Конте и Алегри у џеб ќе ги пикнеше и ќе си ги тапкаше, онака, лагано ...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.593
Поени од реакции
17.433
Тие секој Јуни прават нов и млад Интер и повторно ги гледаме Камбиасо,Станкович,Занети,Киву,Самуел,Милито,Пацини..
Доста море дури победваше со 4-0 Раниери со Интер против парма го фалеше вака така се стабилизирал, не бил толку лош си бил експерт за ова она :facepalm:

Тогаш Станкович беше џави, Самуел иниеста и сеа дури најдобар бил за Милито најдобар :)
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Не гледате дека Морати пробува да успее со оние со кои што Мурињо се плукаше највеќе. Контра му иде.

Прво Бенитез (знаеме што беше со него дур беше во Челзи), па сега Раниери (Гладијатори, 0 титули А У) и сега нормално, следен е Пеп. :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Доста море дури победваше со 5-0 Раниери со Интер против парма го фалеше вака така се стабилизирал, не бил толку лош си бил експерт за ова она :facepalm:
да те поправам....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom