Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Син дај и ти олабави со Раниери . Кога ќе ебе тогаш ќе го пцуеме . Сега за сега е Мурињо . Не врати у игра , ја врати самодовербата што е најважно .
Не ебам, си кажуем став кој го иам за него, на форум, ништо лошо во секој случај.

Самодовербата е вратена и се тоа ама не можеш да го занемариш фактот дека нема голем трофеј во својата кариера, не можам да замижам пред тоа и едноставно да го ... заборавам, се си има свое ја, тоа што е 20 и кусур години тренер без голем трофеј не е случајност, исто и сезонава бајаги грешки имаше во мечеви каде беа загубени драгоцени бодови ( Јуве, Катанија, Аталанта, Удинезе дома, сети се на измената Нагатомо - Алварез ). Нема ништо лошо во ставот '' повеќе ме плаши он отколку конкуренцијава која реално и сам гледаш за што све е способна '', oн ако не се смени драстично верувај, ќе е најголемата закана за овој тим, а не оние со Пепе, Емануелсон, Ночерино и компанија во екипа..

Да не ме разбереш погрешно, дур е тренер на тимот ќе ја има мојата подршка, пишав пред некој ден на фејс дека нема по-win ситуација од онаа Раниери да освои прв трофеј со Интер, али до тој момент песимизмов што го осеќам за тимов со Раниери ќе си остане, а основа за такво нешто има.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Честито победа,можеби изгледа незаслужена според играта,ама ете интер си искористи шансата и тоа е тоа.Занети се надмина себе,алал да му е не само од интер сите играчи треба да се угледаат на играчи ко Малдини,Занети и остали кој душа оставаат на терен.Поздрав
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.492
Иначе Мота доби жолт картон и мислам дека ќе го пропушти натпреварот со Лацио.
Тој натпревар МОРА да се добие, бидејќи за 2-3 кола ни следува Рома во гости така да мора да го добиеме Лацио на домашен терен. Снајдер се враќа потполно, Форлан исто, само Дејо и Мунтари ни се повредени што и не е штета за тимов, него предност.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
После победата над Милан човекот број еден во Интер,Раниери изјави:
“Чекориме многу силно.Многу беше важно да го победиме Милан,премногу сум
среќен.Нашите победи не завршуваат тука,чекор по чекор ќе се качиме на врвот.
Тевез? Никогаш не вели никогаш“...
“Овие момци имаат голема желба за успеси,нивната голема воља и желба ги видов
на тренинзите.Сега кога Снајдер и Форлан се вратија сигурен сум дека ќе направат
многу за тимот“.

--- надополнето: 15 јануари 2012 во 23:59 ---
Хавиер Занети:
“Го совладавме лидерот на табелата,беше многу важно да го победиме
Милан.Кога победувате во вакви големи натпревари добивате повеќе
самодоверба.Ми се допадна тоа што не му оставивме голем простор на
противникот.Многу сум среќен за навивачите.“
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Раниери за милан е доктор, лани со рома го тепа на милан и тоа на сан сиро, и последен пораз на милан му беше тоа до вечерва ! Мислам за во Калчо
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.263
Поени од реакции
14.573
Имало некој транспарент каде што се исмевале вашите навивачи со болестите на Касано и Гатузо?! Ако ова е вистина, тогаш се работи за доста мизерен потег...
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Уште ми е криво за голот на Мота :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom