Не беа воопшто сконцентрирани денес. И не само денес, последниве неколку натпревари гледам барем по 10 погрешни додавања до најблизок играч. На тренинг утакмица не смеат да се промашат такви додавања, а не против екипа која е убиствена во контра напади како Удинезе(патем не надтрчаа машки, очекував да се далеку поизморени едноставно не знаеш кој играл продолженија пред три дена). Премногу грешки во најбаналниот сегмент од играта, играчите грешат премногу во додавањата. Одбраната стандард лоша, средниот ред не правеше ништо да им помогне... па ќе одам до таму што ќе речам дека и одмогнуваа. Сем излетот на Мота кога падна голот сите останати излети напред беа непотребни, играчите се гушат и не знаат каде да додадат, имаше моменти кога на ист дел од теренот се наоѓаа четири играчи околу Ето, супер тактика на Гвидолин убаво увиде дека ваков интер без Ето е ко риба на суво. Имаше моменти каде на тие 4 противнички играчи, се додаваат уште Станкович и Мота кои пробуваат двојно проигрување со Ето а овој доколку прими топка солира ко да му зависи животот за тоа... а простор каде да се движи нема. Тотално без концепција е играта денес. Најлош на теренот Пандев, не знам што е со Кутињо но мора да се врати побрзо во стартните 11. Денес беше најавен на клупа, сигурно ќе внесеше искра на теренот после оние 2-1 но ете го нема нити на клупата за резерви, стварно не ми е јасно... се надевам не се работи за нова повреда. Можеби подобро е да се игра само со еден шпиц во ликот на Ето и Оби со Кутињо позади него, отколку Пандев кој делува тотално изгубено на терен. Кога топката стигнува до него, дури ако е контранапад пак ќе ја закочи играта со неговата некреативност и мрзеливост. Во Оби барем се гледа борец кој нема да продава топки толку лесно, а Кутињо ќе има повеќе простор за докажување. Очекувам до крај на утакмицата гол на Санчез, едноставно си трчкаат како сакаат во моментов зебриве, никој не маркира, никој не игра фудбал, Интер е разбиен. Честитки за играта на Удинезе