Имаш пари имаш играчи. Зашто Кремонензе не освои ЛШ?
A зашто Сити не освоија лани Премиер Лига ? М ? Така му доаѓа муабетов, кој фактор се парите во 21ви век ? Освен оној за кој ти пишав погоре, да создадеш екипа кадарна за тој трофеј ... толку. Али тоа не е гаранција дека под дифолт ке го освоиш истиот, затоа реков, размислувањево е детско и на истово ми тераа фанови на Јувентус кои ми го споредуваа Мурињо со Раниери.
Сериозно ти кажувам, значи ти тврдиш дека Мурињо освоил ЛШ сам, така испаѓа муабетов.
Да не се повторувам од поназад, Мурињо беше
еден од факторите што освоија ЛШ, оној
главниот. Разликата со Мурињо и без Мурињо ја гледаме оваа сезона, и самата статија за него на нашиот сајт доволно говори што е Мурињо за Интер, и самиот пречек од фановите на Интер во Милано кога играа со Милан тоа го потврдува, и солзите на Матераци такоџе тоа го потврдуваат ...
Иначе пак еве, се повторувам, ептен е дебилно човек да е со ставот дека во тимски спорт само 1 човек е виновен за 1 успех или неуспех, истото и за Рафа го реков пред некој ден, он е еден од виновниците за моменталнава состојба, но исто како и кај Мур, и овој тука е во главна улога.
п.с. И пред некој ден даде една статија од некој типац што ги споредуваше двајцата а спомна нешто во контекст на повредите, а во истата статија и он убаво имаше кажано, Мурињо беше магионичар, знаеше со било каков проблем да се справи, а Рафа не ...
И сега ми текна и на муабетот кој им го сврте Бојан од форумов лани на фановите на Јуве, а беше на слична тематика, во стил, многу ме интересира како ке реагира Ферара по првиот бран проблеми, нешто што откако се случи Јуве тонеше со брзина на Титаник.