Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Абе све е тоа ок, ама 46 години ... :wink:
Ги имаа Интер и Матеус и Клисман на времето, ама ...
Го имаа и Роналдо, ама ...

Реков, секој има удел, али Мурињо е главната причина за тоа, т.е., затоа и Морати го донесе, за да освои ЛШ, нешто што го освои за нецели 2 години поминати во клубот, не за џабе Матераци ко мало дете плачеше по него, знаеа сите што всушност Интер губи по неговото заминување.
Мурињо освои со Интер затоа што на Морати не му беше важно како и колку ќе победи Интер. Дали тоа било со анти фудбал, дали било со 1-0, небитно, битен беше исклучиво резултатот. Господата од Реал не мислат така и успеаја да испуштат тренер од калибарот на Капело само затоа што не играл атрактивен фудбал и покрај двете титули во неговите два престоја во Мадрид. Тоа е разликата помеѓу Интер и Реал.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484
@ beneamata
Е сега размислуваш ко децава на форумов, имал пари а немал трофеj во ЛШ, стварно дебилно ми е да го правам муабетот на таа тема ... :)
Во ЛШ самиот Мурињо и лани кажа, има 10 екипи кои подеднакво го заслужуваат тој трофеј, така да он со тие пари Се што можеше да си дозволи е да има екипа кадарна за тој трофеј, али не и екипа која 100 скалила ке биде пред оној Манчестер тој период, или пред Барса и останатите, смешно е да тераш со ставот ко некои тука у стил, со тие пари под дифолт и ЛШ доаѓало, мхм, ако се лажеме, бидејќи у 21 век друга димензија доби ова натпреварување.
Од Ливерпул на пример изгуби со непостоечки гол, така да многу фактори влијаат во Лигата на Шампионите, еден од нив е и имањето среќа, нешто што го немаше со Челзи а го имаше на пример со Порто ( Јунајтед гости и чистиот гол на Сколс кој беше поништен ).

А за таа сезона на Бенитез, ти реков, ЕДНА е, што е со останатите 5 кои беа фејл зачинет со зеро големи титули ? Бенитез од Ливерпул не беше избркан само поради лошата оштета инаку отказот долго време се тегнеа да му го дадат, во Италија после 2 такви фејл сезони по освоен ЛШ трофеј ке лета ко партал, a може и по една, во случај да испадне од фаза од групи и да се пласира на место кое води во Европа .... во Лига Европа. :)

Мурињо освои со Интер затоа што на Морати не му беше важно како и колку ќе победи Интер. Дали тоа било со анти фудбал, дали било со 1-0, небитно, битен беше исклучиво резултатот. Господата од Реал не мислат така и успеаја да испуштат тренер од калибарот на Капело само затоа што не играл атрактивен фудбал и покрај двете титули во неговите два престоја во Мадрид. Тоа е разликата помеѓу Интер и Реал.
Tочно точно, Капело беше Дел Боске потег, слично отпуштање имаа и двајцава со тоа што Дел Боске имаше поголеми успеси во ЛШ ...
Затоа Реал се комичен клуб последниве неколку години и се предмет на потсмев, самите си удираа кочница на крајно дебилен и несватлив начин и со тоа отвараа простор на другите тимови во Шпанија за успеси.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Е сега размислуваш ко децава на форумов, имал пари а немал трофеj во ЛШ, стварно дебилно ми е да го правам муабетот на таа тема ... :)
Имаш пари имаш играчи. Зашто Кремонензе не освои ЛШ? :)

Сериозно ти кажувам, значи ти тврдиш дека Мурињо освоил ЛШ сам, така испаѓа муабетов.

Како и да е, ако Мурињо бил легенда и одлично ја завршил работата и само заради него освоивме, јас чекам да видам дали со Реал ќе освои, со тим кај што има одлични услови да освои, но дали има екипа?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484
Имаш пари имаш играчи. Зашто Кремонензе не освои ЛШ? :)
A зашто Сити не освоија лани Премиер Лига ? М ? Така му доаѓа муабетов, кој фактор се парите во 21ви век ? Освен оној за кој ти пишав погоре, да создадеш екипа кадарна за тој трофеј ... толку. Али тоа не е гаранција дека под дифолт ке го освоиш истиот, затоа реков, размислувањево е детско и на истово ми тераа фанови на Јувентус кои ми го споредуваа Мурињо со Раниери.

Сериозно ти кажувам, значи ти тврдиш дека Мурињо освоил ЛШ сам, така испаѓа муабетов.
Да не се повторувам од поназад, Мурињо беше еден од факторите што освоија ЛШ, оној главниот. Разликата со Мурињо и без Мурињо ја гледаме оваа сезона, и самата статија за него на нашиот сајт доволно говори што е Мурињо за Интер, и самиот пречек од фановите на Интер во Милано кога играа со Милан тоа го потврдува, и солзите на Матераци такоџе тоа го потврдуваат ...
Иначе пак еве, се повторувам, ептен е дебилно човек да е со ставот дека во тимски спорт само 1 човек е виновен за 1 успех или неуспех, истото и за Рафа го реков пред некој ден, он е еден од виновниците за моменталнава состојба, но исто како и кај Мур, и овој тука е во главна улога.

п.с. И пред некој ден даде една статија од некој типац што ги споредуваше двајцата а спомна нешто во контекст на повредите, а во истата статија и он убаво имаше кажано, Мурињо беше магионичар, знаеше со било каков проблем да се справи, а Рафа не ...
И сега ми текна и на муабетот кој им го сврте Бојан од форумов лани на фановите на Јуве, а беше на слична тематика, во стил, многу ме интересира како ке реагира Ферара по првиот бран проблеми, нешто што откако се случи Јуве тонеше со брзина на Титаник.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
A зашто Сити не освоија лани Премиер Лига ? М ? Така му доаѓа муабетов, кој фактор се парите во 21ви век ? Освен оној за кој ти пишав погоре, да создадеш екипа кадарна за тој трофеј ... толку. Али тоа не е гаранција дека под дифолт ке го освоиш истиот, затоа реков, размислувањево е детско и на истово ми тераа фанови на Јувентус кои ми го споредуваа Мурињо со Раниери.
Ги споредуваш играчите на Челзи со оние на Сити? :)

Ветувам iosono дека јас прекинувам тука :smir:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484
Ги споредуваш играчите на Челзи со оние на Сити? :)
Не, само незнам со што тој тим на Челзи бил подобар од Манчестер Јунајтед на пример или останатите во ЛШ ....
На крај краева Мурињо освои титула со Порто, што ти ги побива сите твои логики дека парите денес играат некаква улога во фудбалот, такоџе и Реал Мадрид лани ти се само 1 од примерите, можам и до утре да терам за муабетиве кои стварно се смешни.

Пак ке кажам, со пари денес може само да се направи тим кој ке влезе во конкуренција на најдобрите, а ти ми тераш муабет дека со пари под дифолт мора да дојде и титула во ЛШ што е во најмала рака смешно и ептен површно гледање на работите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Никаде не кажав дека со пари може да се дојде до титула, лошо си ме разбрал. Сакав да кажам дека ги има сите услови за да освои, и ако зависело пред се од неговата маестралност ќе освои.
А баш со Порто се потврдува она моето, дека играчите се многу битен фактор, она и што беше кај Интер покрај Мурињо.
Што послаби играчи имаше во Челзи за да не освои од оние во Порто? :)

Значи играчите ја направиле разликата, он може да постави правилна формација, ако играчите не успеат да ја исполнат и ако немаат доволна мотивација џабе е се :)
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
ко така без тренер да бидиме ко се толку мн битни играчите :vozbud:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484
@beneamata
И што ако ги имал сите услови де ајде кажи ми ? Потфрли ? Или за тебе потфрлање у 21ви век е неосвојување на трофеј за 3 сезони таму во нездрава конкуренција ? Да не повтарам само какви се проблеми не му направи Абрамович во третата сезона ...
Дај бе жити све, малце сериозно да тераме, потфрлање е она што '' твојот '' Рафа го направи лани кога цела Англија му се смееше, испадна од групна фаза, а не она на Мур со Челзи каде губеше и од непостоечки голови ...

И јас никаде не ја оспорив улогата на играчите, само потенцирав дека Мурињо е главен фактор, значи е еден од низата фактори за она лани но тој е главниот. Затоа Мурињо е Мурињо, еден од тројцата најдобри менаџери на планетава, а Рафа е Рафа, светлосни години од она ниво на Мур, односно, во моментов е само 1 просечен тренер и ништо повеќе, кога последен пат освоил нешто големо ти си имал 15 годинки а ја матурирав. :tv:

На крај краева го гледаме моментално истиот тим кој Мур лани го водеше како тера, уште една потврда кој е кој, бар сега за сега.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Дај бе жити све, малце сериозно да тераме, потфрлање е она што '' твојот '' Рафа го направи лани кога цела Англија му се смееше, испадна од групна фаза, а не она на Мур со Челзи каде губеше и од непостоечки голови ...

2006

3rd Qualifying Round - Debrecen 3-0, 3-0 (6-0)
1st Round Group
Villarreal 0-0, 0-0
Benfica 2-1, 1-2
Lille 0-0, 0-1 (4th place)

Guess who :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.629
Поени од реакции
43.484
E добро де, една мизерна сезона на стариот лисец не е на одмет, али тоа што он го направил до тој момент со Манчестер во секој случај не е изводливо да се спореди со она што до лани го имаше направено Рафа за Ливерпул. :toe:
А и на крајот ако не се лажам таа година завршија како втори, Ливерпул лани 7ми ако не се лажам, по сезона кога 'ржеа до крај за првото место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom