Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.398
Поени од реакции
6.521
Пред дербито ви текнуе као беа муабетите, никој не се плашеше од Милан, сите бевме со муабетот дај нека не почиња со 4-2-3-1. Стартниот состав беше олеснување, од старт се виде разликата, доминација со тројца у среден ред плус еден плеј, незнам по кој пат стига потврда до Мур дека со крила у напад едноставно не ја бива. :nenene:
пред дербито, сите рекоа ако играме 4-2-3-1 ќе се мачиме, ако играме 4-3-1-2 ќе ги тепаме најнормално.
додека на другата страна муабетот беше - роналдињо е у форма, друго ништо не е битно.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Милито е права ѕверка иако од многумина е потценет, вклучувајќи и фанови на Интер на форумот. Игра со лева со десна одлично знае да проигра. Со Ибра ќе беа страшен тандем во Серија А и во Лига на Шампиони ама за жал на Ибра му текна да си оди.
Со првото се согласувам со второто не.

Прво, Милито е најпотценет напаѓач во моментов (или барем до моментов) во денешниов фудбал. Човекот е убиец и тие дијагоналите ги шутира како да му е нацртана патеката до аголот. Да не ме свати некој сега дека правам споредба со Роналдо, далеку различни играчи, но сакам да ги споредам во еден елемент: егзекуцијата! Добива шанса за удар во 16 метри и 90% е гол. Таква прецизност имаше и дебелиот. Милито во моментов не би го менувал со ни еден напаѓач на светов. Ни еден!

Второто, не сум сигурен дека Милито ќе играше вака со Ибра во тимот. Не ги отворам старите дискусии, само сакам да кажам дека се беше подредено на Ибра. Сега повеќе ништо не е подредено на никој и имаме подобра игра, тактиките не ни се сведуваат на тоа да го најдеме Ибра. Многу повеќе топки ќе трошеше Ибра и многу помалку простор ќе имаше за Милито. И ќе немавме пари за Снајдер :)

Настрана тоа, Пандев имаше фантастично партнерство со Роки, а веднаш потоа со многу малку адаптација, со Зарате (видете сега како се снаоѓа Зарате...) И еве сега почнаа со Милито. Пандев е идеален партнер, брзо се прилагодува на соиграчите, не е себичен, сака да асистира. Милито треба да биде егзекутор, најистурен напаѓач, и да има соиграч од типот на Пандев. Тие двајца се она вистинското. (Со ова не велам дека Пандев е подобар од Ибра, да не биде црно-бело :) )
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41

Секогаш ќе има дискусии за она што ќе беше ако беше. Во Барса гледаме еден поинаков Ибра кој се прилагодува на нов стил на игра. Ако го задржевме Ибра а дојдеше Снајдер и Интер ќе ја променеше играта и Ибра ќе мораше да се промени себеси. Златко има неверојатно чувство за фудбал иако на моменти знае да себичи, Милито го има истото чувство само ја нема физичката сила и техниката на Златко.

Не мора да биде точно но јас верувам дека двајцата ќе беа супер-тандем.

пс Филипе Коутињо(Кутињо) брцна два гола за Васко во неделата. До година ќе си имаме двајча ’Шивачи’ во тимот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Незнам дал сте забележале ама стануваме се појаки и појаки :)

И прееска заборавив, овој Снајдер има неверојатна мотивација, со Сиена уште се виде. Игра дури и со премногу емоции затоа дојде до она. Се ми се чини дека го гледам наследникот на Занети во смисла на Die Hard менталитет...
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Извадено од facebook групата...

Мурињо за пеналот на Роналдињо: "I was expecting him to score. He has a lot of experience taking penalties, he takes one a week."

:pos:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Не сум во тек, прво немаше форум, после имаше испити :)

Честито победа, ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Сеа гледав емисија на Скај Италија , за трансферите на интер за овој преоден рок. Повторно е отворено прашањето оклу Баптиста за трансфер во Интер , а ноајнов играч кој е поврзуван за трансфер во Интер е Мигуел Велосо од Спортин Лисабон
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Сеа гледав емисија на Скај Италија , за трансферите на интер за овој преоден рок. Повторно е отворено прашањето оклу Баптиста за трансфер во Интер , а ноајнов играч кој е поврзуван за трансфер во Интер е Мигуел Велосо од Спортин Лисабон
Овој Кварезма е или луд или глуп, одбил да оди во Спортинг. Ќе скапе на клупа, да е барем пензионер како Виера па да го разбере човек...

И Берлускони и Матераци се смириле по телефон и сега се најдобри другарчиња: http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=13289 :)
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.398
Поени од реакции
6.521
еве го делот кај што викаш син дека Матераци го бутнал Пандев.
од оваа страна се гледа дека уствари пандев го бутка матрикс и трга настрана, онака го "пашка" по глава :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Де бе почнавте да халуцинирате од мераци после дербито :pos2:. Нема ништо тука најдобри другарчиња си се, Матрикс и Ибра го креваше на копачки па никому ништо :pos2:.

Интер е фемили бе луѓе... :)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.630
Поени од реакции
43.485
Па баш на 14-15 секунда се гледа нервозното мрдање со глава на Матрикс, у стил губи ми се.

Остајте вие, апла е очигледно по овој момент дека едноставно не го мириса и тоа е тоа, мањебитно на крај краева.
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680
абе имаше некој на џузепе меаца од форумот мислам на тие со знамината ?
:smir:
за да подели дел од импресиите и колу ги фате патот и др
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Па баш на 14-15 секунда се гледа нервозното мрдање со глава на Матрикс, у стил губи ми се.

Остајте вие, апла е очигледно по овој момент дека едноставно не го мириса и тоа е тоа, мањебитно на крај краева.
Де бе, како го позна преку маската? :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom