Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
F.C. Internazionale Milano


Добредојдовте на страниците на фановите на Интер во Македонија, на форумот на веб-порталот Кајгана. Ова е трето издание на нашиот фан-клуб, откако на предходните две испишавме над 2000 страници со преку 30 000 мислења! Од нашето заедничко дружење произлезе и идејата за сопствена веб-страна за навивачите на Интер како и за facebook група, па сето тоа прерасна во еден заеднички проект кој почна да обединува вистинска црно-сина навивачка армија во Македонија. Горди сме на нашиот прогрес и во иднина имаме зацртано и многу поголеми проекти. Ни претставува огромно задоволство што моментот кога ја отвораме новата тема за нашиот клуб се совпаѓа со доаѓањето на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, во редовите на Неразурите. Но, за сето тоа подоцна. Овде на крајот на воведниот дел, сакаме да им се заблагодариме на сите членови на фан-клубот кои редовно пишуваат, како и на членовите на други фан-клубови кои ни се придружуваат во дискусиите. И се разбира, доколку не сте член на фан-клубот, а го читате овој текст, да ве поканиме што побрзо да ни се придружите!



Историја на клубот:

ФК Интернационале Милано или почесто именуван како Интер, е италијански фудбалски клуб од Милано. Формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како АЦ Милан. Група Италијани и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои биле незадоволни од доминацијата на Италијаните во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.

Интер го освои своето прво Скудето во 1910, а второто во 1920 година. Капитен и истовремено и тренер на првиот златен тим бил Вирџилио Фосати, роден во Милано и брат на Џузепе Фосати (кој го освои второто Скудето). За жал Вирџилио Фосати загинал за време на Првата Светска Војна.

Во 1928, за време на ерата на фашизмот, Интер бил принуден да направи фузија со Унионе Спортива Миланезе и да го промени своето име во Амброзиана СС Милано, а дресовите биле променети од сино-црни во бели со црвен крст, кој го претставувал грбот на градот. Во 1929 името било променето во А.С. Амброзиана. Ова не им се допаѓало на навивачите кои и понатаму го извикувале името Интер, па во 1931 името било променето во Амброзиана-Интер. Клубот ги освоил титулите во домашното првенство во 1930 и 1938, потоа го освоил првиот Куп на Италија во 1939, редводен од големиот Џузепе Меаца, по кој подоцна ќе биде именуван стадионот. Во 1940 освоена е петтата титула, а подоцна клубот си го враќа името ФЦ Интернационале Милано, кое го задржува до ден денес.

Во годините после војната, Интер го освои своето шестто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Еленио Ерера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Европските Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на нивниот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот на Европските Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа црно-синиот дрес: Луис Суарез, Џакинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Европските Шампиони од шкотски Селтик.

После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11-то Скудето во 1971 и 12-то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Европските Шампиони губејќи 2:0 од Ајакс на Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година.

Периодот потоа до 2006 година е познат како „тешки времиња“ за нероазурите. Во овој период Интер никако не успеваше да дојде до титулата, но многуте сомнителни случувања во Сериа А придонесоа да избие скандалот познат како „Калчополи“, по што на 4 клуба им беа одземени бодови а Јувентус беше казнет и со преселба во понизок ранг.

Сепак, во овој период Интер успеа дури три пати да го освои Купот на УЕФА и тоа против Рома во 1991, Казино Салцзбург во 1994 и Лацио во 1998, а уште еднаш играше во финалето но го загуби двомечот против Шалке по изведување на пеналите.

Периодот од 2006 наваму изминува во тотална доминација на Интер на апенинскиот полуостров. Клубот нанижа вкупно 4 титули а оваа сезона е главен фаворит за освојување на 5-та последователна титула. Сопственикот Масимо Морати доведе нови засилувања со цел да го направи Интер посилен и да им ја исполни на навивачите долго очекуваната желба: триумф во Лигата на Шампионите.



Трофеи:

Во својата историја Интер освојувал многу трофеи, од кои најголемо значење имаат титулите во домашното првенство: Шампиони на Италија (17), Куп на Италија (5) и Супер Куп на Италија (4), како и меѓунароните титули: Куп на Европски Шампиони (2), Куп на УЕФА (3), Интерконтинентален Куп (2).

Фудбалерите кои освојувале највисоки признанија додека играле за Интер се бразилецот Роналдо и германецот Лотар Матеус. Роналдо на два пати е прогласуван за играч на годината од ФИФА а еднаш ја освоил „Златната топка“, додека Матеус по еднаш ги освоил овие две награди.



Комплетен преглед:

Сериа А:
Победници (17): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007-08; 2008-2009

Куп на Италија:
Победници (5): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06;
Италијански Суперкуп:
Победници (4): 1989; 2005; 2006; 2008

Уефа Лига на шампиони (Поранешен куп на Европски шампиони)
Победници (2): 1963–64; 1964–65

Уефа Куп:
Победници (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98

Интерконтинентален куп:
Победници (2): 1964; 1965

Други титули

Серија Де Мартино:
Победници (6): 1958-59; 1960-61; 1961-62; 1962-63; 1965-66

Трофео Тим:
Победници (5): 2002, 2003, 2004, 2005, 2007

Бира Морети куп:

Победници(3): 2001; 2002; 2007;

Пирели куп:
Победници: 2001



Стадион:

Клубот ги игра своите натпревари на стадионот Џузепе Меаца, кој се наоѓа во областа Сан Сиро во Милано. На стадионот настапува и градскиот ривал, екипата на Милан.



Стадионот е изграден во 1925-та и тогаш се нарекувал „Стадио Комунале“ (општински или градски стадион). Неговото отворање било на 19-ти септември 1926 кога пред 35 000 гледачи, Интер го совладал Милан со 6:3.

Од тогаш наваму, стадионот се проширувал и доградувал.

Во 1939-та стадионот го посетиле 69 000 гледачи на натпреварот помеѓу Италија и Германија. Во 1940 бил комплетиран и во тој момент собирал 125 000 гледачи. Пред толку гледачи играле Италија и Бразил во 1952 година. Кон крајот на 80-тите, по трагедијата на Хејсел во Брисел, стадионот е редуциран на 90 000. За потребите на светското првенство во 1990 е реновиран при што се изградени и 50 метарски високи кули кои го држат покривот. Капацитетот му е редуциран на 85.700.

Стадионот е наречен Џузепе Меаца во 1979 година, по легендарниот фудбалер кој настапувал и за Интер и за Милан. Сепак, тој настапувал подолго време за Интер каде имал и поголеми успеси, па обично навивачите на Интер се поврзуваат со него. Од тие причини, навивачите на Милан почесто го нарекуваат стадионот Сан Сиро, по областа во која е изграден.



Амблем, бои и прекари

Во поголемиот дел од неговата 100 годишна историја, Интер носел дресови со црно-сини линии. Кога бил основан клубот во 1908, црната боја била одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото.

По спојувањето со Унионе Спортива Миланезе, Интер го променил името во Амброзиана СС Милано, а дресовите во бели со црвен крст, кој го претставувал знамето на градот.

После втората светска војна, клубот го вратил името и старите бои, што водело до прекарот „Нероазури“. Белиот дрес со знамето на Милано се користи одвреме - навреме како резервен (гостински) дрес.

Еден од прекарите на Интер е "I Biscione" што значи „големата тревна змија“. Одбран е затоа што во хералдиката на Милано змијата има големо значење. Се наоѓа на грбот на „Куќата на Сфорца“ која владеела со Италија од Милано, во текот на периодот на Ренесансата, на градскиот грб на Милано, грбот на „Војводството на Милано“ - 400 годишна држава настаната по Римската Империја и грбот на Инсурбија - географски регион во кој спаѓа Милано.

Уште еден прекар на клубот е „Ла Бенеамата“, или „Галеници“.



Ривалства:

Интер има неколку ривалства со други екипи, од кои две се многу значајни за Италијанскиот фудбал. Се разбира, тоа се ривалствата со Јувентус и Милан.

Дербито со Јувентус се нарекува уште и „Дерби на Италија“, фраза со која во 1967 славниот италијански спортски новинар, Џани Брера, го опишал дербито помеѓу двете најтрофејни екипи.

Името се задржало и понатаму затоа што покрај историјата на ривалство и самата фудбалска треска што владее на Апенинскиот полуостров пред секоја средба на овие две екипи, Интер и Јувентус беа единствените две екипи кои никогаш не играле во понизок ранг (Милан два пати играше во Сериа Б во 80-тите).Ова се промени по последниот „Калчополи скандал“, но и понатаму ќе остане фразата „Дерби на Италија“, како синоним за најголемиот фудбалски судир во Италија.

Дербито со вечниот градски ривал Милан се нарекува уште и „Derby della Madonnina“ , по едно од најпознатите места во градот, статуата на дева Марија на катедралата Дуомо, која обично се нарекува „Мадонина“.

Ривалството трае уште од 1908, кога еден дел од членовите на Милан, незадоволни од политиката која клубот ја водел кон странските играчи, го напуштаат и го формираат Internazionale.

Дербито создава одлична атмосфера во градот и на стадионот, кој е исполнет со многу транспаренти, често навредливи или хумористични. Често се случува навивачите да внесат и пиротехнички средства и да направат огномет.



Моментална состојба:

Во последниве 4 сезони Интер е доминатен на Апенинскиот полуостров и на своето конто впиша 4 Скудета. Тимот на Масимо Морати, предводен од инзвонредниот Жозе Мурињо, е на најдобар пат и петти пат да го подигне пехарот, откако по првата половина од сезоната во Сериа А освои 39 бода и во моментов има 8, односно 9 повеќе од конкурентите Милан и Јувентус. Во Лигата на Шампионите, Интер се пласираше во нокаут-фазата каде што го очекува двомечот против англискиот Челзи.

Во летниот преоден рок од тимот си замина најголемата ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, но пристигнаа Самуел Ето, Диего Милито, Тиаго Мота, Лусио и Весли Снајдер, по што тимот доби нов изглед и делува уште посигурен од минатата сезона. Шлаг на тортата во зимскиот преоден рок е доаѓањето на Горан Пандев, со што веруваме тимот ќе стане уште посилен.







 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931


Интер, тим на Македонските фудбалери во Италија:

Она што е актуелно во моментов во Италија, е веста за пристигнувањето на најдобриот Македонски фудбалер во редовите на Нероазурите:



Откако го доби спорот со Лацио и го раскина договорот со Римјаните, Горан Пандев, најверојатно уште денес, ќе го официјализира преминот во шампионот на Италија. Поточно, ова е враќање на Пандев во тимот во кој ја започна кариерата во Италија: пред 8 години тој настапуваше за Примавера тимот заедно со Ацо Стојков. Сега, нашиот фудбалер доаѓа како големо засилување за тимот од Милано.

Предходно, дресот на Интер го носеше големата легенда на Македонскиот фудбал, Дарко Панчев, додека Горан Славковски, исто така член на Примавера тимот, одигра еден натпревар за сениорите после кој стана најмлад фудбалер кој заиграл за Интер.

За време на прославата на 100 годишнината од формирањето на Интер, македонското знаме се најде точно на центарот на Џузепе Меаца.



На Горан Пандев му посакуваме блескави моменти во црно-синиот дрес!!!





Проектот наречен Inter Fans Macedonia:

Како што спомнавме во воведот, од заедничкото дружење на фановите на Интер на форумов, произлезе идеја за обединување на навивачите на Интер од нашата држава. Започнавме со изработка на веб-сајт за навивачите на Интер, продолживме со facebook група и во моментов имаме преку 600 регистрирани членови.



Линкови:

http://www.fcinter.com.mk/
http://www.facebook.com/group.php?gid=164815405760
http://www.facebook.com/#/pages/FC-Inter-Fans-Macedonia/200237727899?ref=ts



Незаборавни моменти:

Во продолжение, следуваат неколку видеа од стари и незаборавни моменти од историјата на Интер

Најлудиот пресврт: Интер - Сампдорија 3-2



Шоуто на Роналдо против Лацио во финалето на Купот на УЕФА


Голеада во Рим: Рома - Интер 4:5




Навивачки химни:

Pazza Inter Amala!


Ce Solo L'inter








За крај, знаеме дека не можеме да напишеме се во неколку страници, затоа што Интер е вистински извор на фудбалски занимливости за кои би можеле да пишуваме уште многу. Но ќе го завршиме овој воведен дел со Џузепе „Пепино“ Приско, еден од легендарните навивачи на Интер, поранешен потпретседател во клубот и познат адвокат од Милано, кој покрај другото бил познат и по својата необична смисла за хумор заради која го почитувале и големите ривали, кои биле предмет на неговите шеги. Дури и легендата на Милан, Паоло Малдини, еднаш изјави дека: „да се совлада Интер без Пепино Приско, никогаш нема да биде исто.“



Еве дел од неговите антологиски коментари:


  • „Откако ќе се поздравам со навивач на Јувентус, си ги бројам прстите.“
  • „Најголема радост? Милан во Сериа Б. И тоа не еднаш, два пати. Секој пат кога си во Сериа Б, исто како да си изгубил 5 Скудета“
  • „За иднината? Сакам луѓето да ме поздрават на улица со зборовите, Пепино, шампион на Италија! И кога сме тука, Милан во Сериа Б, повторно!“
  • „Има два големи клуба во Милано, Интер, и Интер Примавера.“
  • „Интер настанал со делба од друштвото Милан. Тоа е показател колку далеку можеш да стигнеш, почнувајќи од ништо“
  • „Прогноза за Милан - Асколи? Незнам, не следам нисколигашки фудбал.“
  • „Јуве во допинг скандал? Кога видов дека Виали личи на вонземјанин, Инзаги дава 18 гола по сезона и Јувентус доминира во Европа, знаев дека нешто не е во ред...“
  • „5 минути пред да умрам ќе станам Миланиста. Така барем, ќе има еден помалку од нив“
  • „Се разбира дека моите деца навиваат за Интер. Ако навиваше син ми за Милан, ќе го погледнев во очи да видам дали му се сини, во косата дали му е црна, и ќе направев крвен тест. Зошто, ако син ми не навива за Интер, не можам повеќе да и верувам на жена ми.“
  • „Јас сум против секаква форма на расизам, но ќерка ми нема никогаш да се омажи за Миланист.“
  • „Деле Алпи празен? Па... можеш да купиш натпревари, но не можеш да купиш вистински фанови.“
  • „Најбрзо сум оздравел од грип додека го гледав натпреварот Милан - Кавезе 1:2, од Сериа Б 1983-та.“
  • „Омилен играч на Интер ми е Џакинто Факети. Еднаш постигна гол во магла и тргна да ме бара да се поздрави. Му требаа 5 минути да ме најде.“


Благодарност до сите кои пишуваат на фан-клубот Интер и многу успеси оваа година! :smir:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ај да сефтосам!:smir:

Пред се, со арно нека биде и оваа тема на форумот.
Прво да кажам дека Уводот е одличен. Се надевам дека така ке биде и почетокот на вториот дел од сезоната на Клубот.
Друго се надевам дека за неколлку дена овде ке го пишеме и првиот гол на Пандев во дресот на Интер.

Така да со срека нека е во новата година!:smir:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.421
Ај честито нова тема, воедно честито и Пандев, се што ќе му посакам е да игра само прв тим, се надевам ќе се снајде ко у Лацио и покрај Мурињо ќе напредува уште појќе... Се читамо на темава после дербито :)
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Ајде за арно за убаво нека е новава тема... Па многу титули да броиме сезонава, ЛШ далеку да стигнеме, кладба да изгубам, Ибра да се врати.... коледе!!!
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Ај честито нова тема и морам да ви кажам оној Пепино ви бил ѕвер, ме изнасмеа со оние негови изјави, секоја чест за човекот( иако за јуве малце не му се точни хехе).
Со среќа!!!
 
M

mercenary

Гостин
Среќна Нова Тема и се најубаво....и за почеток да се насмееме малце:
-Claudio Ranieri:Roma can challenge Inter for the title
:toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Раниери не престанува да ме смее, ама истово го слушнавме и од неколку други лузери така да не е ново :)

Моментална ситуација: Пандев синоќа ја поминал првата фаза од прегледите, утрово треба да ги комплетира. Во текот на денот треба да го стави потписот.

Се трудиме да ги пренесеме објективно информациите а не како некои „медиуми“ кои од завчера пренесоа дека е официјално.

Фала на честитките, да ви се врати! :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Cestitki za novata tema...i sekoja cest za IOsonoINTERISTA :smir:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
на канал 5 и официјално изјавија дека пандев потпишал за вас
не разбрав до кога ама дека дресот бил 21
епа ај од мене честиткиза македончето наше да блесне па и да ви донесе ЛШтитула(т.е ако не помините нас:wink:)
колку сум само некултурен заборавив да ви честитам нова тема

:tapp:
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Марко Бранко го прелажа Пандев, Гочето стави потпис на договорот со Интер. Нероаѕурите ќе го соопштат трансферот подоцна во текот на денот.

http://www.calciomercato.com/index.php?a=160270

Малце збунет изгледа Пандев на сликата, си вика што правам упм:pos2::pos2::pos2:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
После овој потпис Интер ми е омилен тим број 2. Ч

Честито тема :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
ИНТЕРАШИ честито нова тема и покажете им на челзи што знаете:wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom