Со првото се согласувам со второто не.
Прво, Милито е најпотценет напаѓач во моментов (или барем до моментов) во денешниов фудбал. Човекот е убиец и тие дијагоналите ги шутира како да му е нацртана патеката до аголот. Да не ме свати некој сега дека правам споредба со Роналдо, далеку различни играчи, но сакам да ги споредам во еден елемент: егзекуцијата! Добива шанса за удар во 16 метри и 90% е гол. Таква прецизност имаше и дебелиот. Милито во моментов не би го менувал со ни еден напаѓач на светов. Ни еден!
Второто, не сум сигурен дека Милито ќе играше вака со Ибра во тимот. Не ги отворам старите дискусии, само сакам да кажам дека се беше подредено на Ибра. Сега повеќе ништо не е подредено на никој и имаме подобра игра, тактиките не ни се сведуваат на тоа да го најдеме Ибра. Многу повеќе топки ќе трошеше Ибра и многу помалку простор ќе имаше за Милито. И ќе немавме пари за Снајдер
Настрана тоа, Пандев имаше фантастично партнерство со Роки, а веднаш потоа со многу малку адаптација, со Зарате (видете сега како се снаоѓа Зарате...) И еве сега почнаа со Милито. Пандев е идеален партнер, брзо се прилагодува на соиграчите, не е себичен, сака да асистира. Милито треба да биде егзекутор, најистурен напаѓач, и да има соиграч од типот на Пандев. Тие двајца се она вистинското. (Со ова не велам дека Пандев е подобар од Ибра, да не биде црно-бело
)