Се си мислам дека Арнаутович ќе игра на позиција како што играше Балотели против Манчестер, а тоа е нешто како класично крило и играта ќе почне да се префрла на крилата, нешто како последниве утакмици преку дедо Фиго. Формацијата би била вака:
-------------------Цезар-------------------
--------------------------------------------
Маикон------Киву------Самуел------Сантон
--------------------------------------------
Занети-----Камби-----ново-----Арнаутовиќ
--------------------засилување------------
--------------------------------------------
--------------Милито----Ибра--------------
Значи вака, од една страна во среден ред не смее да се изостави Занети, што значи дека доколку се донесе Арнаутович, мислам дека Модриќ би бил нашиот плеј поради фактот дека Мунтари ќе треба да си замине (иако може да игра како супер замена).
Нападот ни е фантастичен, барем за италијанско првенство, Милито и Ибра ќе разараат, илјада насто сум сигурен во тоа. Арнаутовиќ е многу квалитетно крило, а знае да изигра и како полушпиц и според начинот на игра мислам дека лесно ќе се вклопи во тимот, а токму поради тоа нашиот генијален тренер уште на почеток на голем одмор ги купува новите засилувања.
Останува уште еден централен дефанзивец, мада мислам дека доколку Карваљо не се донесе, нема потреба да се трошат пари за играчи од одбраната, сигурен сум дека и оваа сезона Киву-Самуел-Кордоба, посебно последните двајца можат да ја изиграат на високо ниво.
Останува отворено прашањето за плеј, и тимот ќе се комплетира. Мои фаворити се Хамшик и Модриќ.