Ееееееееее Пандев наш,најавуван во Интер како големо засилување за иднината,заедно со Мартинс............
А што сега стварно со Јубе ке потпишел или потпишал веке??
Да ама Интер ретко кога се прославил со трансфер политиката. Покрај дубарите во калчото, главен факктор што имавме таква црна серија се и лошите тренасфери: бркавме одлични играчи им дававме шанса на Грешковци.
Јас сум од тие што се против праксата да ги пуштаме младите на калење и да ги трампаме за искуство. Тимот треба да е спој на младост и искуство, мора да има млади како Сантон на пример, кои ќе го ораат теренот, кај нив желбата за докажување и успеси е најголема. Интер никогаш немал доверба во младите, така беше со Муту, после со Адријано, Пирло, па и со Пандев... сите стануваат одлични играчи, во други клубови. Нејсе, Адријано го вратија, откако прво го пуштија на калење па го продадоа.
Сега моментално не ми се допаѓа што го дадовме Аквафреска за Милитои фрикин Тиаго Мота. Утре - задутре Аквафреска ќе игра за Јуве или Милан и ќе ни го збрца кога не треба, а Милито ќе биде во пензија...
Незнам за Пандев. Кога веќе доби шанса Мартинс требаше и тој, тие беа убиствено дуо во Примавера. Сега уште не ни е добар, затоа што имаше лоша сезона, иако сум убеден дека во подобар тим од Лацио може да брилјира. Се надевам дека нема да оди во Јувентус, му посакувам трансфер во Премиер Лига.
Оние малку постарите фанови на Интер тоа добро го знаат. Сме поминале низ скоро се. Црни пероиди на клубот без освоена титула 20 години, разочараувања и губење на скудето во последно коло кога јас за малку ќе добиев и нервен слом...
Сега сме во еден успешен период, 4 скудета по ред, градиме тим кој наредната сезона ќе атакува и на Лигата на шампиони.
Но Интер можи и без Ибра и без Мурињо!
Се работи за еден од најдобрите играчи и еден од најдобрите фудбалски стратези во денешницата но никој не смее да си игра и да потценува клубот.
Ако Мурињо мисли дека не треба да ги одбие парите од Реал е слободен. Истото го мислам и за Ибра.
Апсолутно, немам што да додадам.