Помина еуфоријата па и јас да кажам нешто за Динамо Загреб. Морам да кажам дека според имињата на играчите кој ги има Динамо (Бадељ, Саммир, Вршалко, Вида, Тонел, Куфре, Леко, Арпашиќ мислам беше па и младите Шитум, Ковачич се појаки од 50 посто од тимовите во бундес, калчо или шпанската лига) не беше според мене некое изненадување што успеаа да влезат во лигата на шампионите. Единствен недостаток на Динамо според мене годинава е немање самодоверба и немање верба во себе. Ова им се провејува неколку години уназад. Значи играчки Динамо беше многу појак од Малме но свесно оставија да диктира игра иако Динамо да тргнеше малку поофанзивно (со оглед на тоа што беа класа над Малме) ке го решеше двомечот упте прво полувреме таму и ке си водеше со 0:2. Вака остави да се мачи после црвениот картон. Околу групата во лигата шампиони мислам дека со Ајакс може да се носат и да одат на три бода и во Загреб и во Амстердам, а зашто не и со Лион. Она што посакувам е Мамич да одврзе кесето и да земе некој шпиц екстра, а тој Крстанович да го врати од кај што го зел. Значи со шпиц класа и на клупа со Бекирај и Рукавина кој би ги пуштал од клупа второ полувреме да внесат свежина и брзина верувам дека играта на Динамо би била каде каде подобра. Шимунич според мене не им треба, Вида е одличен и Тонел не е лош ( а се очекува и вракање на Бишчан). Во средина не се лоши со тоа да Бадељ мора да игра каде каде подобро и похрабро. Овој играч не си ја оправдува воопшто репутацијата што ја има. Оние од клупата Штум и Ковачич исто се зверови за резерви. Втора желба после екстра шпицот кој го посакувам е помирување на БББ со Мамич и одење на натправарите во голем број (иако не вервуам многу многу). Замислете што би било со 10000 БББ во загреб и со 5000 на гостувања.
Углавном се согласувам со тебе.Оваа екипа е за средина од табела или горен дел во најјаките светски лиги.Единствено на оваа екипа и фали стабилност.Не може Врсаљко да прави така глуп фаул,а не може ни да си дозволат да се опуштат во реваншот,па макар и 10 -0 предност имале.Со години уназад Динамо има проблем со играњето на вторите утакмици.Во Загреб ќе го прегазат противникот (Хартс 4-0,Копер 5-1, Малме 4-1),а на гости едвај да се спасат од бламажа.Додуше да успееше Рукавина да даде една од тие шанси, швеѓаните ќе се распаднеа скроз.Можеби и уште еден гол ќе паднеше кај нив,Динамо е многу многу опасна екипа од контри.Е сега штета што Круно не го користи тоа,па игра 4-4-2 со ромб,тактика која бара максимална контрола на топката и голем посед.Тактика во која се игра да се даде гол повеќе.Овој Динамо,со вакви офанзивци и ваква одбрана е печен да игра на контра.
За Шимуниќ се согласувам,но не е на одмет да го имаме.Класа играч кој може убаво да покрие во одбраната.Бишќан тек сега се враќа,не знам колку ќе биде во форма за ЛШ.
За во нападот,уште кога го донесовме не можев да го смислам тоа дрво Крстановиќ.Висок е,а не знае да игра со глава,нема скок,сила уште помалку.Слаб е во дуел,се ваља по земја цело време,техника некоја има не е лош,но не може бидејќи е тром да пројде играч.Едноставно пари фрлени во бунар.Рукавина е многу многу брз играч,скок добар има,но колку нема осет за гол и простор и колку не размислува и не е смирен пред гол е нешто ненормално.Да размислуваше малку дур е 1 на 1 и да имаше бар малку чувство за гол ќе беше играч од светска класа.Бечирај,трактор,Динамовиот Хулк,јак,брз,шут од далеку има.Само е многу атипичен напаѓач,нема такво движење,не знае да се придодаде од втор план,да влезе во простор,да избегнува офсајд замки.Повеќе гледа сам да се избори за некоја шанса од колку некој да му ја сервира.
Бадељ е моторот на оваа екипа.Го нема Бадељ во игра или игра лошо Динамо нема посед и нема идеја.Тоа се виде против Малме и против Лучко вчера.Нема кој прв да ја прими топката,да ја стабилизира играта,да промени правец,да даде долга топка некоја.За во ЛШ и за во јаките лиги мора само да научи побрзо да се ослободува од топката и да игра под протисок.Он е поспор играч и малце тромав,а уз тоа не е ни навикнат да игра на јако темпо.Да се навикне да игра побрзо со таква долга топка,таков пас и креација може да растура дечкото.
Главната цел влез во ЛШ е исполнета,за понатаму секој изборен бод или пак трето место е огромен успех.Не е нереално да се победи Ајакс,па ни Лион.Во Франција Лион нон-стоп кикса против послаби екипи.Некои од нив се послаби екипи и од Динамо.Добра група,звучни имиња,а не преголем баук.Никој нема да се разочара ако се изгубат,но нема ни премногу да ме изненади ако некоја од тие екипи скрши зуби во Максимир.