А гледам Хрватска ептен јака во последно време. Што има везе колку репрезентативци имаат?
Ептен си пристрастен. Динамо не е појјак од ниеден тим во ПЛ, убедљиво ќе биде на последно место.
Па уште кога прочитав, дека во Франција ќе биле 4....покрај Лион, ПСЖ, Марсеј, Лил...пред кој од овие тимови ќе биде Динамо? Гледаше колку беа очајни против Лион?
Па ако земеме во обзир дека се веќе 4 години уназад во топ 10,само имаат од време на време некои падови до 11то место,јас би рекол дека се јаки.Репрезентацијата има многу добри играчи,само што играат под својот потенцијал.Го имаат Билиќ како многу лош тактичар и играчи што 2 години не изиграле утакмици на нивото што го играат во клубовите.И Франција ја тепаше кој сака и ради игра со рака на Анри пројде на СП,па никој не може да каже дека Франција е слаба и дека ако се пробиеш во нивниот тим не вредиш.
Што има везе колку репрезентативци играат?Епа има везе,во репрезентацијата играат најдобрите од своите земји,а Динамо има 10 играчи кои се во таа категорија од таму каде што доаѓаат.
Ок,нема да бидат 4ти ќе бидат 5 место во Франција.Што ги направи ти бе тие од западните лиги маровсци играат ?Едиунствено во што се подобри е тампото со кое играат.Многу побрзо се игра таму,а играчите на Динамо се навикнати да играат во лига која е каде каде послаба и каде што се игра доста споро.Ради тоа и уствари делува Динамо слабо против Лион.Плус доста повредени и суспендирани играчи,што го натераа Динамо да игра со крпен состав и со тактика со која имаа само 2 пати играно во послендите 6 месеци.
Што се толку QPR појаки или Виган или Брест,Оскер,Евиан,Ница,Нанси,Ајачио,Дижон ? Или пак Лече,Новара,Чезена, Парма,Сиена,Катанија,Аталанта,Вулверхемптон,Бордо,Кан, па и еден Стоук кој во две утакмици со ништо не покажа дека е многу подобар од Хајдук.Се кладам дека ниту една од овие екипи нема техничари како Самир и Бадељ,дека такви креативци немаат,дека немаат таленти кои ќе станат за неколку години светска класа,дека немаат ништо подбри голмани,немаат поискусни и квалитетни стопери............
Главниот проблем им е слабата лига,не можеш ти од играње со втор состав против Лучко,следната недела да пребациш на Лион или Реал кои се прејаки екипи.Си играат курташак во првенството со само 2-3 озбилни утакмици.Не се навикнати на темпото со кое играат овие екипи.Стави го Динамо во Француска прва лига и остави ги таму една сезона да поиграат и да се навикнат ќе растураат следната.
Да не заборавиме дека Динамо ја почнува сезоната уште на почетокот и средината на јули и ги игра своите најдобри утакмици некаде накај средината и крајот на август.Формата подоцна им доаѓа секоја година до пад.Тие така си ја темпираат самите бидејќи најважните утакмици ги играат во август,тие за влез во Европа.Изгубија и од Задар во првенството и едвај победија против Шибеник во овој период,не им се само настапите во ЛШ слаби.
Иначе да те прашам нешто што мислиш Самир,Бадељ,Врсаљко и останатите кога ќе се продадат некаде на запад,тек таму учат да играат?Или тие што доаѓаат после играње углавном стандардно во Франција,Германија,Португалија забораваат да играат кога ќе дојдат?