Фан Клуб: Динамо Загреб

Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Голема заслуга за вакви натпревари има Бјелица, постави систем со кој може да се игра и во Европа, плус многу позрел и квалитетен состав, од времето кога беа за потсмев во ЛШ.

Денес Петко беше одличен, воопшто во новата сезона е добар. Секоја чест за Чачиќ, кој успеа повторно да го врати во живот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Голема заслуга за вакви натпревари има Бјелица, постави систем со кој може да се игра и во Европа, плус многу позрел и квалитетен состав, од времето кога беа за потсмев во ЛШ.

Денес Петко беше одличен, воопшто во новата сезона е добар. Секоја чест за Чачиќ, кој успеа повторно да го врати во живот.
Бјелица ја постави оваа екипа. Периќ, Ливаковиќ, Теофил-Катерин, Адеми, Петковиќ, Оршиќ, Иванушец се играчи од негово време. Тој им даде победнички став да не доаѓаат на натпревари со врвни екипи како јагне на колење. Не може да се занемари колку има Бјелица заслуга за тоа што е Динамо денес. Сите тренери после него имаат веќе спремна победничка екипа.

p.s Шутало (Јосип) е ѕверотина. Ако не се земат барем 15-20 милиони за него ќе биде дебакл.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Денес Петко беше одличен, воопшто во новата сезона е добар. Секоја чест за Чачиќ, кој успеа повторно да го врати во живот.
Ова им е страшно битна работа во новата сезона. Класичен сидраш, со ниту еден друг напаѓач нема шанса толку долго време да ја држат топката на противничка половина. Лани мислев дека испаднаа тотални идиоти што лесно се ослободија од Гаврановиќ, после така лоша сезона на Петковиќ мислам дека и они беа на истиот став и затоа сезонава се обидоа да се извадат за тоа со носење на Дрмиќ, за да Бруно на почетоков на сезонава да испадне најдобро засилување што можеа да го добијат во напад.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Петковиќ е во форма. Колку ќе му трае тоа ќе видиме. Човекот има проблем со ставот и општо спортскиот живот. Нема да има предолга кариера бидејќи не се пази ниту е нешто најмотивиран на свет и формата му осцилира од просечен играч за хрватска лига до играч за најдобрите клубови во Европа.

Инаку интересен податок. Со победата синоќа Динамо оваа сезона од европските натпревари инкасира 27 милиони евра чисти. Расходите лани биле 63 милиони евра, а приходот скоро 64 милиони. Оваа година веројатно ќе бидат и повисоки приходите.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Супер е што победија, но чисто од резултатски аспект, победа против прв фаворит може најмалку да значи, доколку тие почнат да освојуваат очекувани бодови, а Динамо не освојува против оние што и претходно беа препознаени како главна шанса за тоа.

Значи, освен ако групата не се претвори во вистински циркус, клучни се тие два средишни натпревари против Салзбург, за да се осигура пролет во Европа, а дури тогаш би можел Динамо да очекува нешто плус и да ги валоризира овие три бода.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
@TheTrooper , може да се честита титула? :D
Ајде не е готово, ама горе-доле да. Какво менаџирање на летниот период направија во Осијек, Ријека и Хајдук алал да им е. Заковани на дно, Славен Белупо е единствена факинг конкуренција.......:boksix:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom