Фан Клуб: Динамо Загреб

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ај честито нека ни е...
а на која програма ќе можи да се следат натпревариве??
Нова и ХТВ 2.Едните ќе пренесуваат утакмиците од вторник,другите во среда.....мислам дека е така.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Помина еуфоријата па и јас да кажам нешто за Динамо Загреб. Морам да кажам дека според имињата на играчите кој ги има Динамо (Бадељ, Саммир, Вршалко, Вида, Тонел, Куфре, Леко, Арпашиќ мислам беше па и младите Шитум, Ковачич се појаки од 50 посто од тимовите во бундес, калчо или шпанската лига) не беше според мене некое изненадување што успеаа да влезат во лигата на шампионите. Единствен недостаток на Динамо според мене годинава е немање самодоверба и немање верба во себе. Ова им се провејува неколку години уназад. Значи играчки Динамо беше многу појак од Малме но свесно оставија да диктира игра иако Динамо да тргнеше малку поофанзивно (со оглед на тоа што беа класа над Малме) ке го решеше двомечот упте прво полувреме таму и ке си водеше со 0:2. Вака остави да се мачи после црвениот картон. Околу групата во лигата шампиони мислам дека со Ајакс може да се носат и да одат на три бода и во Загреб и во Амстердам, а зашто не и со Лион. Она што посакувам е Мамич да одврзе кесето и да земе некој шпиц екстра, а тој Крстанович да го врати од кај што го зел. Значи со шпиц класа и на клупа со Бекирај и Рукавина кој би ги пуштал од клупа второ полувреме да внесат свежина и брзина верувам дека играта на Динамо би била каде каде подобра. Шимунич според мене не им треба, Вида е одличен и Тонел не е лош ( а се очекува и вракање на Бишчан). Во средина не се лоши со тоа да Бадељ мора да игра каде каде подобро и похрабро. Овој играч не си ја оправдува воопшто репутацијата што ја има. Оние од клупата Штум и Ковачич исто се зверови за резерви. Втора желба после екстра шпицот кој го посакувам е помирување на БББ со Мамич и одење на натправарите во голем број (иако не вервуам многу многу). Замислете што би било со 10000 БББ во загреб и со 5000 на гостувања.
 
Углавном се согласувам со тебе.Оваа екипа е за средина од табела или горен дел во најјаките светски лиги.Единствено на оваа екипа и фали стабилност.Не може Врсаљко да прави така глуп фаул,а не може ни да си дозволат да се опуштат во реваншот,па макар и 10 -0 предност имале.Со години уназад Динамо има проблем со играњето на вторите утакмици.Во Загреб ќе го прегазат противникот (Хартс 4-0,Копер 5-1, Малме 4-1),а на гости едвај да се спасат од бламажа.Додуше да успееше Рукавина да даде една од тие шанси, швеѓаните ќе се распаднеа скроз.Можеби и уште еден гол ќе паднеше кај нив,Динамо е многу многу опасна екипа од контри.Е сега штета што Круно не го користи тоа,па игра 4-4-2 со ромб,тактика која бара максимална контрола на топката и голем посед.Тактика во која се игра да се даде гол повеќе.Овој Динамо,со вакви офанзивци и ваква одбрана е печен да игра на контра.
За Шимуниќ се согласувам,но не е на одмет да го имаме.Класа играч кој може убаво да покрие во одбраната.Бишќан тек сега се враќа,не знам колку ќе биде во форма за ЛШ.
За во нападот,уште кога го донесовме не можев да го смислам тоа дрво Крстановиќ.Висок е,а не знае да игра со глава,нема скок,сила уште помалку.Слаб е во дуел,се ваља по земја цело време,техника некоја има не е лош,но не може бидејќи е тром да пројде играч.Едноставно пари фрлени во бунар.Рукавина е многу многу брз играч,скок добар има,но колку нема осет за гол и простор и колку не размислува и не е смирен пред гол е нешто ненормално.Да размислуваше малку дур е 1 на 1 и да имаше бар малку чувство за гол ќе беше играч од светска класа.Бечирај,трактор,Динамовиот Хулк,јак,брз,шут од далеку има.Само е многу атипичен напаѓач,нема такво движење,не знае да се придодаде од втор план,да влезе во простор,да избегнува офсајд замки.Повеќе гледа сам да се избори за некоја шанса од колку некој да му ја сервира.
Бадељ е моторот на оваа екипа.Го нема Бадељ во игра или игра лошо Динамо нема посед и нема идеја.Тоа се виде против Малме и против Лучко вчера.Нема кој прв да ја прими топката,да ја стабилизира играта,да промени правец,да даде долга топка некоја.За во ЛШ и за во јаките лиги мора само да научи побрзо да се ослободува од топката и да игра под протисок.Он е поспор играч и малце тромав,а уз тоа не е ни навикнат да игра на јако темпо.Да се навикне да игра побрзо со таква долга топка,таков пас и креација може да растура дечкото.
Главната цел влез во ЛШ е исполнета,за понатаму секој изборен бод или пак трето место е огромен успех.Не е нереално да се победи Ајакс,па ни Лион.Во Франција Лион нон-стоп кикса против послаби екипи.Некои од нив се послаби екипи и од Динамо.Добра група,звучни имиња,а не преголем баук.Никој нема да се разочара ако се изгубат,но нема ни премногу да ме изненади ако некоја од тие екипи скрши зуби во Максимир.
 
Член од
29 август 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Може преку некоја агенција да се организира превоз,сега за сега уште ништо не се знае.Информирај се подобро во фан клубот на Реал.
mislis na ovaj fan clib ili ima i nekoj drug prati mi link :D
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
mislis na ovaj fan clib ili ima i nekoj drug prati mi link :D
Реков прашај си во фан клубот на Реал,тие би требало да знаат која агенција ќе организира,ако воопшто се организира такво нешто.

Иначе бојкотот е готов.БББ се враќаат,но само на домашни утакмици.Нема да дојдат дома во ЛШ и нема да идат на гостувања во ЛШ. Тогаш ќе организираат нешто надвор од стадионот и ќе пратат утакмиците на видео бимови.Излгеда ќе се иде за 2 недели на Пољуд против Хајдук.А прва домашна утакмица треба да биде таа протви Вараждина на 17ти септември.Нешто преголемо не се очекува,голема бројка не верувам дека ќе има.Сепак се враќаат како поразени на трибини(додуше ни тоа не знаеме што се договориле со Мамиќ,т.е ако се договориле нешто со него и зашто се враќаат).Ако ништо друго ќе има нешто повеќе луѓе на утакмици во домашно првенство и нема да биде атмосферата како на гробишта.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

--- надополнето: Aug 29, 2011 10:37 PM ---
Pada li bojkot? Po svemu sudeći, odgovor je pozitivan. Ali ne i posve isključiv...
Posljednjih dana intenzivirali su se sastanci Bad Blue Boysa, na kojima je tema bila budućnost bojkota. Nije tajna da se unutar redova nalaze brojni oponenti tom načinu izražavanja negodovanja prema klupskoj vrhušci i načinu poslovanja, a ulazak Dinama u Ligu prvaka i potpuni uspjeh modrog PR-a preko “navijača za kunu”, samo su otežali situaciju. I stoga su Boysi došli do kompromisa: Bojkot se ukida! Uz dodatak, važan dodatak: Samo za utakmice HNL-a! Što bi značilo da bi se BBB utakmicama vratili upravo na - Poljudu!
Takav je epilog iz navijačke perspektive najrazumniji; da se bojkot ukinuo za svanatjecanja, bio bi proglašen potpunim debaklom i autogolom, budući bi svi pomislili kako se od cilja odustaje zbog Lige prvaka i madridskog Reala
Ovako, želja je dati važnost HNL-u te pokazati da nisu navijači koji na stadion dolaze zbog suparnika, nego -Dinama. Time bi, usto, odali svoj stav o protivljenju regionalnoj ligi. Takva je situacija jučer ujutro bila gotovo sigurna, a jedino ju je mogao poremetiti ponovni sinoćnji sastanak.
Navodno, postojala je opcija o potpunom prekidu bojkota, njegovom apsolutnom nastavku, odlasku samo na gostujuće utakmice, te ova varijanta s HNL-om. Koja bi mogla i trebala predstavljati najsretnije rješenje. Samo, ako se stvar i obistini, Boysi će biti pod velikim povećalom, jedna baklja na travnjaku u potpunosti bi Zagreb i navijačko tkivo okrenula protiv njih. Što bi bio poraz bojkota. Iz trenutačne perspektive - bojkot nije izgubio. Možda nije ostvario zacrtani cilj, ali je indirektno gurnuo Dinamo u Ligu prvaka. Neosporna je činjenica da se marketing Dinamanapokon pokrenuo tek nakon uspostave bojkota. Pa je uslijedilo šminkanje stadiona, pojačavanje momčadi...
Nakon, dakle, 4. kolovoza 2010., nakon dugih 13 mjeseci, buldog bi se ponovno mogao kočoperiti s maksimirskog Sjevera.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
не ме е јасно зашто се у бојкот во опште..Па управава не ми изглеа нешто лоша.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Па не сум затоа прашувам.Ја би молел клубовите кај нас бар упола од Мамич да се и те како ке напредува лигата.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
не ме е јасно зашто се у бојкот во опште..Па управава не ми изглеа нешто лоша.
Мамиќ е илегално на оваа функција во клубот.Синот негов е менаџер на пола и више играчи од Динамо и од Хрватска репрезентација.Позначајни имиња се Едуардо,Модриќ,Чале итд. Е сега по законот некој што е во блиско сродство или е сам менаџер не може да работи во клуб бидејќи е во конфликт на инетереси.Значи он може,а и си зима провизии од трансферите на тие играчи,може да манипулира со цифрите и сл. Второ Динамо е здружение на граѓани,а тоа значи дека секој од членовите може да избира претседател на клубот и сл. но тоа Мамиќ не го дозволува и на собрание од 80 души,од кои 50 ги има он назначено и се негови роднини,блиски пријатели или бизнис партнери си го бираат за претседател цело време.Цела своја фамилија ја има вработено во клубот.Имаше еден куп испади и инциденти со кои го засрами клубот.Се тепа со новинари,од пресконференциите прави циркуз,стриптизови игра по аеродроми итд.Односот на клубот кон навивачите беше катастрофален,а и сеуште не е баш најдобар.Ги има нарекувано БББ заведени муслимани и срби,рушители на Хрватска и сл.Имаше направено раздор меѓу нив,едни за него(углавном кумот негов кој беше еден од воџите и неколку типци на кои им има средувано кауции,кредити односно негови платеници) и други против него.Изјавува како Југославија за него била најубавата држава на светот и како ги знае напамет сите песни на Делије и Гробари,што ги увреди БББ.Многу легенди од клубот ги има избркано,мести утакмици,судии делегира кој каде ќе суди,во фудбалот во Хрватска е семоќен.Дури и претседателот на ХНС е под негова контрола.Мамиќ му ја водеше кампањата за избори,сите потези негови со одобрение на Мамиќ се донесени и сл.
А како директен повод за бојкотот,односно капка која ја прелеа чашата е отпуштањето на една од најголмите динамови легенди Велимир Зајец од тренерското место.Од кога е он отпуштен они се во бојкот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Е вака е више друго.А добро ова кршењево на закони не може тука да реагира полиција,или ситуација ти е ко у македонија слична..?И уште едно прашање,како стигнал до оваа функција,дава пари или само вади пари од клубот преку играчи продавање.?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Е вака е више друго.А добро ова кршењево на закони не може тука да реагира полиција,или ситуација ти е ко у македонија слична..?И уште едно прашање,како стигнал до оваа функција,дава пари или само вади пари од клубот преку играчи продавање.?
Он ти е уствари еден многу интелегентен продавач на магла.Нема сомнеж дека е еден многу интелегентен и способен лик.Само што методите со кои си ги остварува целите не му се секогаш најчисти.
Имал нешто играно во младински категории на Динамо,брат му помалиот кој е сега спортски директор е бивши репрезентативец на Хрватска и кум му е Ќиро Блажевиќ.Така да он секогаш имал врски во фудбалот.Уште во Југославија врти некоја паричка,некои викаат шверц и нешто така ситно,али што како точно не знам.Битно првите контакти му со Динамо му се преку Ќиро.Дава на клубот еднаш уште во Југа позајмица од 300 000 марки за еден трансфер на играч.Од тогаш нешто се вртка околу,но не е претерано запазен.Хрватска се осамостојува и он во таа приватизација прави доста пари.Уосталом знаат сите и тука во Македонија како функционираа тие приватизации како се правеа пари преку нив.После смртта на Туѓман он влага во клубот,сепак си има одредени познанства таму и врски.И како иде времето се повеќе и повеќе се дига на власт.Пари за Динамо нема ич дадено,а вадел сигурно.Ем прима плата од таму,ем цела фамилија, внуци,син,он,брат му,братучети сите тие водат функции во клубот.Плус што Динамо во моментов издржува едно 50 и кусур играчи,а повеќето од нив се таму за перење пари.Пример од Босна се носат секакви босанци кој за кур не ги бива,али сите уредно се пријавуваат дека се платени 200 000 евра.Тие после 6 месеци на позајмица мистериозно исчезнуваат.Исто-така од време на време и некој Хрват или Бразилец се носи по тој принцип.Во моментов Локомотива која е де факто Динамо Б,бидеќи сите играчи нивни се Динамови млади играчи или резерви кои не можат да се пробијат е на второ место.А третата екипа Радник од Сесвете од 4та лига ја направија Динамовите младинци стабилен второлигаш.Сите тие играчи Динамо ги плаќа,а за сите нив се платила некоја сума за трансфер.
А ситуацијата со полциија.Што му можат,мислам дека мора еден од органите во клубот прво да поднесе пријава(а тоа се се негови луѓе и нема шанси да направат такво нешто),па и да пројде тоа, после со добри адвокати може Мамиќ и до неколку години да одлага судење и пресуди.Башка што е близок со сите политички партии.Во Загреб е пријател со градоначалникот кој е од СДП,а на избори клубот јавно го поддржа ХДЗ.Заштитен е од сите страни типот и премачкан е со сите бои.
 
Комити Ѓорче

СКОПСКИ МАНГУП
Член од
10 август 2011
Мислења
61
Поени од реакции
92
.Имаше еден куп испади и инциденти со кои го засрами клубот.Се тепа со новинари,од пресконференциите прави циркуз,стриптизови игра по аеродроми итд.
http://www.youtube.com/watch?v=xGNeHOV5w44&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=rohWok-_48Y&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=VWhdbbgxqBQ&feature=related

:)

Донекаде во право е околу новинарите. Знаете сите многу добро какви се и што прават. Мешање во туѓ живот, измислување невистини, шпекулации, пишување по нарачка за пари, клевети итн. Така им треба. Камо кај нас да имаше некој ваков со муда.

П.С. Околу другото во ред е, убаво објасни дечкото погоре, потенцирав само за платените новинари кој ги има кај нас.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
http://www.youtube.com/watch?v=xGNeHOV5w44&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=rohWok-_48Y&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=VWhdbbgxqBQ&feature=related

:)

Донекаде во право е околу новинарите. Знаете сите многу добро какви се и што прават. Мешање во туѓ живот, измислување невистини, шпекулации, пишување по нарачка за пари, клевети итн. Така им треба. Камо кај нас да имаше некој ваков со муда.

П.С. Околу другото во ред е, убаво објасни дечкото погоре, потенцирав само за платените новинари кој ги има кај нас.
Продолжена нецензурирана верзија на вториот клип...:eek:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386

Kajgana Shop

На врв Bottom