И пред 10тина години кога требаше да отпаднеме не ми беше сеедно, ниту па мило со таа фузија и со паролите "Не е Вардар Ривер Плата па да испадне туку така", тежок блам беше тоа.
Никогаш не сум се сител ни кога ривал ќе испаднел од прва лига, зборам за Пелистер, Победа и сл. баш напротив ми било криво, затоа што знам што значат тие утакмици, но тоа е тоа.
Кривицата ја гледам исклучиво во управата што го водеше клубот додека СС беше спонзор, на тие пари вложени да не може да се направи основа каде што главен приход ќе ти биде вадење играчи и продавање макар по балканскиве клубови е чиста неспособност и аматеризам. Влезот во Лига Европа не го искористија да продадат некои од подобрите играчи и да обезбедат буџет за наредни сезони. Играчи како Хамбар, Мислуи, Дарко Велковски, Спировски, Барсегјан, Бобан Николов си отидоа за без пари, а комотно можеше да се инкасираат милиони од нив. Квалитетни играчи.
Од друга страна, очигледно е дека на некого му одговара оваа состојба, во прва лига да играат локални клубчиња без навивачи, а Македонските клубови од поголемите градови да умираат и полека да ги снемува.
Тука зборам за Вардар, Пелистер, Победа, Тетекс, Беласица, Охрид одамна нема клуб во прва лига, Брегалница и Тиквеш веројатно ќе влезат во прва лига ама и таму кој знае каква е состојбата.
Како и да е, не очекувам сјајна сезона во втора лига и инстантно враќање во прва, нема играчи, нема пари, Комити како група прават тоа што можат, за жал не e доволно за прва лига.
Се гледаме во некои подобри времиња.