Фан Клуб: Вардар

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
ne znam na sto tocno mislis, no cesto imaat razni donacii. prosliot mesec na primer doniraa 15.000 topki. sega so ucestvoto na EP vleze golema suma na smetka na federacijata i sekako del od taja treba preku razni proekti da stigne do klubovite. prethodno iako fudbalskata federacija sekogas bila najbogata na kraj toa ne se mnogu pari ako se gleda na toa kolku fudbalski klubovi ima vo drzavata. na ljugeto im zvuci kako mnogu koga ke slusnat deka federacija ima budget od 5 ili 10 milioni evra, no toa e smesma suma. germanski tretoligasi raspolagaat so takov budget, pa aj so tie pari sredi go fudbalot vo edna drzava.
Во ред е ама тоа се донации од страна на ФИФА и УЕФА. Јас мислев на убав гест со нивна иницијатива (на ФФМ). Тие топки и спортска опрема како донација од ФИФА и УЕФА се наменети и онака за клубовите. Убаво би било да видиме таков гест директно од нивна страна, не индиректно. Мислам дека се разбираме сега на што мислев.
 
te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Informativno da prasam,kolku iznesuva premijata od FFM za
osvojuvacot na prventstvoto i kupot !?
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
Во ред е ама тоа се донации од страна на ФИФА и УЕФА. Јас мислев на убав гест со нивна иницијатива (на ФФМ). Тие топки и спортска опрема како донација од ФИФА и УЕФА се наменети и онака за клубовите. Убаво би било да видиме таков гест директно од нивна страна, не индиректно. Мислам дека се разбираме сега на што мислев.
a koja e razlikata? ti sto mislis na koj nacin FFM go bilda budgetot? ne e toa germanskiot sojuz pa preku publika, TV prava i prodazba na dresovi itn. da vrti stotini milioni. FFM funkcionira kako prosjak, isto kako i drugite fudbalski sojuzi od posiromasnite drzavi. nesto od drzavata, nesto od UEFA, nesto od FIFA, cat pat preku natprevar protiv golema fudbalska drzava. taka se stvara budgetot, se odbivaat tekovnite troskovi i ostanatoto se vlozuva i kradi. kako sto rekov ne pravi razlika dali se kradat nekolku posto povise ili pomalku, drugite raboti koi gi kazav se pobitni.

se vrtime vo krug. ako navistina veruvas deka nekoj klub ne funkcionira kako sto treba bidejki od strana na FFM nema po nekoj ubav gest togas ostanuva da kazam we agree to disagree.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.437
И пред 10тина години кога требаше да отпаднеме не ми беше сеедно, ниту па мило со таа фузија и со паролите "Не е Вардар Ривер Плата па да испадне туку така", тежок блам беше тоа.

Никогаш не сум се сител ни кога ривал ќе испаднел од прва лига, зборам за Пелистер, Победа и сл. баш напротив ми било криво, затоа што знам што значат тие утакмици, но тоа е тоа.

Кривицата ја гледам исклучиво во управата што го водеше клубот додека СС беше спонзор, на тие пари вложени да не може да се направи основа каде што главен приход ќе ти биде вадење играчи и продавање макар по балканскиве клубови е чиста неспособност и аматеризам. Влезот во Лига Европа не го искористија да продадат некои од подобрите играчи и да обезбедат буџет за наредни сезони. Играчи како Хамбар, Мислуи, Дарко Велковски, Спировски, Барсегјан, Бобан Николов си отидоа за без пари, а комотно можеше да се инкасираат милиони од нив. Квалитетни играчи.

Од друга страна, очигледно е дека на некого му одговара оваа состојба, во прва лига да играат локални клубчиња без навивачи, а Македонските клубови од поголемите градови да умираат и полека да ги снемува.

Тука зборам за Вардар, Пелистер, Победа, Тетекс, Беласица, Охрид одамна нема клуб во прва лига, Брегалница и Тиквеш веројатно ќе влезат во прва лига ама и таму кој знае каква е состојбата.

Како и да е, не очекувам сјајна сезона во втора лига и инстантно враќање во прва, нема играчи, нема пари, Комити како група прават тоа што можат, за жал не e доволно за прва лига.

Се гледаме во некои подобри времиња.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
261
Поени од реакции
361

Браво дечко, одлично напишано, во кратки црти тоа е основата за пропастот на клубот.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
3.875
Со овие играчи од 18 години толку е силата , вината што испаднавме прво треба да се бара кај Самсоненко и Вмро кој го оставија Вардар да пропадне за политички поени бидејки не се на власт ..

Шилегов исто така како градоначалник можеше и мораше некако да помогне а не да се препукуваат со Самоненко преку интернет,незнам со кој памет ке оди на втор мандат кога Вардар клубот на Скопјани отиде во втора лига и не мрдна со прст ..

Играта на Вмро се знае која е , они да победат на локални сега во Скопје и на сметка на Вардар да падне Шилегов , и потоа ке се јават како спасители и ке го вратат Вардар во прва лига ..

Ваква е трагично политичка ситуацијата во клубот , Вмро и Самс го држат клубот во заложништво и додека не дојдат на власт Вардар ке страда ..

Сдсм си тера свој филм и нема намера да се замара со Вардар , тоа е тоа .. ебати државата ке си чекаме избори Вмро да победи за да изиграваат спасители истиве што го уништија , а Шилегов си наседна на нивната финта и сега на избори веројатно ке си добие пораз во Скопје .
 
Член од
23 август 2020
Мислења
255
Поени од реакции
420

Најмалку вина има град Скопје, инаку со 6 бода освоени во пролетниот дел заслужено одите во втора лига, проблемите тек ќе почнат.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Најмалку вина има град Скопје, инаку со 6 бода освоени во пролетниот дел заслужено одите во втора лига, проблемите тек ќе почнат.
Кога ќе излезе некој ваков паметен со "најмалку вина има град Скопје.." притисокот ми се дига.
Не е точно, градот можеше и имаше начин како да одреагира, ама шишегов што сакаше да постигне не знам, со тоа што ни со прст не мрдна.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.244
Поени од реакции
5.358
Најголем виновник што ви испадна клубот е град Скопје. Значи како ви продават финти и ги лапате , значи браво.
Ако сакаа можеа уште полусезона да средат .Одма можеа да стават управа , да се договорат на рати да се враќаат долгови , кузнај и колку има во тие долгови и камати за отпис .
Лесно можеа да издејствуваат спонзори , долгот за 2-3 години цел ќе го подмиреа,а во меѓувреме можеа комотно тужби на самс и компанија.
И втор најголем виновник сте вие т.е. навивачите шо освен Драган Таневски статуси , 2 протести и блокади да направевте немаше да го остат клубот , ама изгледа имате врзани некој за лични интереси си прат пари .
Убо ве изманипулира и си легнавте на брашното.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ве читам и неможам да ве изначитам, свашта човече..
Прво Самсоненко во споредба со МНОГУ други руски бизнисмени кој се врзани со оваа власт е капка вода во море околу неговата финансиска моќ и слично.
А сепак Самсоненко во време на ВМРО е основач на академијата, виновник за 2 европски титули Лига Европа групи со ФК Вардар и уште МНОГУ други успеси, реалноста е да не се сменеше власта во 2016/2017, сега наместо за втора лига, ќе превме муабети за трансфери и ново европско лето на Вардар. (нели тоа на сите Вардарови навивачи ни годи?)
Незнам како не гледате или со сила слепци се правите деќа на оваа политичка гарнитура све шо е поврзано со Вардар и Македонија не му одговара, Муртинецот прв беше да се слика за натпреварите на Шкендија, додека со прст не помрдна за да му помогни на Вардар во една ваква тешка ситуација, зошто и тоа му одговара нормално.
А вие плукајте уште по Самсоненко (дека има кривица кај него, ИМА) но во случајот многу јасно е кој е НАЈголемиот проблем, долгот на Самсоненко одлично го користат како алиби за ништо да не превземат, а Град Скопје слободно можеше да го помогни клубот за полусезона со некој 100 000 евра колку да опстани во лига (впрочем тоа е и должност на градот, независно кој е на власт и воедно НАЈМАЛА РАБОТА која што можеа да ја направат несреќниците).

Ортациве на Грујо напраја нешто за Вардар кое што ќе остани за век и векови (читај Самсоненко), прашање е шо напраја ортациве на Зајко за Вардар???
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.153
Глуп сум да знам и да бистрам кој е крив а кој не, ама Вардар е Вардар било каде и било кога, не знам за вас ама ова треба кај нас да извади некој револт, не зборувам за протести туку револт кон самите себе најпрво за тоа што не го сакавме доволно Вардар. Се надевам дека брзо ќе се вратиме и дека ќе се појави таа искра кој ќе почне да не натера да одиме почесто на стадион а не само да мудруваме кој, како, зошто а притоа јужна(северна) да ни зјаат празни веќе години и години затоа што лигата била слаба, противниците биле слаби и тоа да не биде изговор. Еве сега сме во втора лига, ние сме слаби па може ќе почнеме барем да гледаме фудбал во живо, на стадион, да гостуваме, да се организираме као вардарци заедно со Комити и да покажеме дека има за што да имаат комплекси кон нас.

Мое мислење е дека ако имаше Вардар низ изминатите години стандардно публика од некоја солидна бројка(југ и север) која наместо шо мудрува, ќе гледаше фудбал и навива, можеби немаше да доживееме вакво сценарио. Мое мислење само, зошто реално опстанокот беше многу возможен во ваква лига но како шо кажав глуп сум, не знам до толку да мудрувам.

ВАРДАР ДО КРАЈ.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Имам голема почит за вашето минато и улогата што ја имал клубот и како претставник на Македонија во екс ЈУ лигата и во самостојна Македонија, независно што не сум ваш навивач.
Настрана тоа, секогаш почнувам од моментот дека вие сте најголем клуб во Македонија.
За разлика од навивачиве на Искра, Слога Ј, битолчаниве, прилепчаниве итн. јас воопшто не се ситам на ова што ви е случува и мислам дека е срамно клубов да дојдете до ова дереџе.
Нема везе, има реална ситуација во моментов а таа за вас е погубна.

Гледам тука има мислења на тема како е дојдено до оваа ситуација и меѓу себе си немате расчистено кој е кривецот и причината за да дојдете до ова. Еден вика ова, друг ова...
Јас не навлегувам во тоа кој е кривец а кој не, само ќе кажам дека долгот што го имате од 3 милиони евра е СМЕШЕН.
Како редовен следач на балканскиве лиги тоа го тврдам!

Ѕвезда и Партизан имаат моментален долг од околу 40 милиони евра. Левски има исто толкав долг поради кој мораа да ги намалат финансиите и годинава со просечно тимче да се борат за опстанок каде едвај се спасија. Им виси банкрот над глава летово и не се знае догодина дали ќе играат во прва лига со новонастанатата ситуација таму со избори итн.
ЦСКА Софија пред четири години беа исфрлени од прва во трета лига поради долг од 50 милиони евра со блокирана сметка. Хуан Фелипе тогаш дојде кај вас. Додека играа во трета лига формираа друга фирма за преку неа им плаќаа пари на фудбалерите. Клубот банкротираше, државата му помогна на клубот со проширување на лигата, базата и стадионот кои сеуште им беа под министерство за одбрана им ги препишаа на име на клубот и после фузија се вратија во прва лига. Дури лани се изборија за знакот на клубот да можат да го користат откако платија 8 милиони евра.
Хајдук е во огромен долг постојано веќе 15-та година и буквално живурка.

Ќе прашате што ги одржува живи овие клубови? -Државата и политичката волја.
Волјата на државата/градот тие големи клубови кои имаат голем број на навивачи да опстојат.
На Балкан во фудбал ништо не се прави без помош од држава. НИШТО!
Ѕвезда да не беше Вучиќ немаше да игра четири години по ред група во ЛШ и Лига Европа а моментален долг имаат од 40 милиони евра. Сите овие клубови (а случајот е ист и со вас) се клубови каде од секогаш имало одредено политичко влијание од нивното формирање па до ден денес.

Има реална ситуација каде Самсоненко е газда на клубот, има долг и не сака да го плати и работава се одолговлекува од сезоната со Лига Европа па до сега.
Во меѓувреме доаѓаат “спасители“ во името на Томовски кој симпатично локал клубче како Цементара ја уништи до степен да не постои. И во такви ситуација нема политичка волја од градот да ви помогне како во 2010, а ако не се лажам градот ви е акционер во клубот со 49%. Си измија раце со тоа што ви фрлија коска во јануари месец за да ја доиграте сезоната и сега креваат раменици и префрлуваат топка.
А одговорот е едноставен - не сакаат да ви го решат проблемот.

Исто интересно е во време на Лига Европа мислам дека трансферите ги правеше Панчев ако не се лажам?! Кои играчи ги донесе?
Заради тој Максим Максимов нели не ви дадоа лиценца за да играте ЛШ?
Колку пари влегле во клубот од продадени играчи? Што правело раководството на Симев и Спасевски?
Каква е улогата на Самсоненко? Зошто градов не сака да помогне и се натега?
Се чудам што никој од вас не бара одговори. Добра ревизија треба да се направи кај вас.

Во секој случај долгот ви е смешен за разлика од другиве балкански клубови, а бидејќи нема волја од ниту една страна да ви се реши проблемот вие сте колатерална штета во случајов и резултатот е овој.
Вие си знаете како ќе излезете од ова.
Јас ви посакувам многу среќа и разум да испливате од ова како навивачи бидејќи и мојот клуб се борел за здив и поминал пат на кој не му го посакувам на ниту еден навивач. Само едно знам дека во никој случај не треба да дозволите да правите повторна фузија затоа што не е толку страшна ситуацијата.
Бидете живи и здрави.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Одговори сме барале и секогаш ќе бараме, ама одговорите не ни се допаѓаат и не може да сториме ништо.
Ние сме навивачи, може да галамиме, ама не сме правници, не сме обвинители, ниту пак имаме моќ да тужиме некого дека не работел одговорно.
Клубот е приватна сопственост, приватникот решил дека ќе го пропаѓа додека другата страна не реши дека ќе има политички ќар да го спаси и тогаш да се испазарат преку него.
Единствените кои можат да бараат одговорност, не ја бараат, затоа што изгледа пазарот им е таков да ако не го спасат клубот, ќе добијат повеќе отколку ако го спасат.
Гласовите од навивачите на Вардар јасно е дека нема да ги добијат, дури и да го спасат клубот. Од друга страна ако го спасат, може да го изгубат педерското членство и најважното за нив, албанската поддршка пред локални избори, КОЈА ДИРЕКТНО е вклучена во раководењето на Слога и Вардар би им застанал на планот за идните, за жал, големи планови за нивниот клуб.
 
Член од
3 септември 2020
Мислења
289
Поени од реакции
1.160

Тоа е тоа Сајбер,право у центар со последните реченици..
Жртвуваа го Вардар,како и се останато у државата само за да ги добијат гласовите на Албанците,и да им биде жешко на газињата нивни оште неколку години на власт.
Да сме живи и здрави,Вардар ке живее!
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.003
Поени од реакции
5.504
Ќе се смешам на муабетот добронамерно. Центар го има Работнички, Чаир Слога, Аеродром Мзт, Битола Пелистер... општините ако не се гаранција за успех се барем за опстанок. Вие ако се ослонувате на град Скопје, во иднина мислам дека уште потешко ќе ви оди тоа, бидејќи реално голем процент од Скопје не сака да постоите а не па да ви изгласат на совет на град Скопје финансиски средства. Подобро а и полесно би било на пример да сте под закрила на Кисела вода... Состојбата вие крш, искрено без државна далавера не знам како би се средиле. Претходно некој пиша 3м не се многу. Да не се во професионалниот фудбал. Но ако државата даде, обичниот граѓанин ќе рече дека со тие пари болница негде ке изградат, школо, градинка и сл. За Македонија државата да покрие 3м на приватник е сериозна сума
 
Kajgana Shop

На врв Bottom