Другар, во 90 минути 6 пати ја допревме топката. Ние не сме дораснати да играме со вакви противници. Вардар требаше да си најде противници по мерка и да одигра еден или најмногу два натпревари против вакви противници. Ние имаме проблем со нападот во првенството, а овие противници кои се физички надмоќни и ни ја скрија топката цел натпревар, не ни нудат можност да испробаме нешто ново во нападот. Нападот ти е непостоечки, топка не пипнаа, трчаа како муви без глави. Одбраната не може да напредне, затоа што едноставно е под притисок 90 минути. Последните одбранбени добиваат топка од голман и имаат време само да ја зарогаат некаде, не успеаа ниту еднаш да ја извадат како што го прават тоа во македонско првенство. Едноставно од вакви подготовки нема никаков ќар. Да игравме со силни противници во годините кога имавме добар тим, ќе сфатев, но во моментов не. Подготовките треба да имаат некаква цел, а целта е да го воиграш тимот, да воиграте нови комбинации и тактики и тоа да ти биде во функција на она што следува во првенството. Ние сме во ситуација да цел товар е на 12-3 фудбалери, па пријателските треба да се можност да шанса добијат и некои од останатите. Ако целта е да се пофалат дека договориле силни противници, тогаш истата ја исполниле, но од натпреварувачки аспект не сме добиле многу. Не е работата да се плашиш да играш со посилните, ама овие екипи за нас се друга димензија, а ние не сме во период каде што тимот ни е скроен, имаме долга клупа квалитетни играчи, па да си се мериме до каде сме.
Единствен ќар е што ако некои странски клубови биле заинтересирани за наши играчи, после вакви мечеви сигурно ќе се откажат. Ќе го задржиме тимот за наредна полусезона.