Нереално е колку сме слаби во напад. Тиквеш ни играше со втор состав и дури и откако ги внесовме сите првотимци, не успеавме ништо да креираме пред противничкиот гол. Мацата очобол, каква шанса утна во второ полувреме, ја прати топката на средно Водно.
Сусо исто, дното го проби. Ова е доказ колку е важен Лемос во составов, нема кој да креира шанса. Го нема Глишиќ, нема кој да нафрли. Исто и Швајц, учинок 0 голови на крај на сезона. Овој Шушњара бар запиша 2 гола

Искрено страв ме фаќа дека нема да дадеме гол со Плачковица. Па тие се на рамниште на вториов состав на Тиквеш. Ко што ми спомна другар од Кавадарци, сите овие им биле резервисти, ни по 20 минути не играле. Едниот работел во авто сервис паралелно со играње фудбал.
Одбраната со Папули и Ѓурковски приказна за себе. Вторион гол што го примивме ја отсликува цела сезона. Ќе си направи клипче тој летонецот од Тиквеш, за да се шитне во друга екипа
Се надевам на многу поразлично издание во баражот. Класи сме подобри, ама нападов е јалов до бескрај...