Две различни полувремиња денес.
Во првото полувреме Шкендија не надигра, особено проблеми ни правеше Тотре, па и Агим Ибраими. За среќа Гача на два пати одбрани одлично.
Една опасна акција имавме, кога Цветановски одлично помина по крило и биеше од раб на шеснаесетник, ама Реџепи одби во корнер.
Цветановски е чуден играч. Премногу ја држи топката, во 50% од случаите детето се враќа накај нашиот гол и ја губи топката, по што противникот ни прави шанса. Во голем дел од случаите не додава навремено и ја заглавува топката, по што пропаѓа можноста за шанса. Но, да се спомене дека од сите наши играчи од нападот, тој е најбрз и поради тоа од време на време имаме корист од него. Треба многу да се работи со него за да стане просечен играч за македонска лига. Вака делува како некоја шушумига на терен. Фелипе беше на раб да му врзе една, во една ситуација кога доцнеше со додавање и на крај ја изгуби топката. Во одбрана е бескорисен, Ибраими на два пати го сецна, го посрамоти.
Втор играч кој би го издвоил е Најдовски. Дечкото е скаран со играње со топка. Влегува бескомпромисно, краде топки, игра пожртвувано, но кога ќе ја земе топката задолжително следува лошо додавање или неуспешен дриблинг.
Тука би го ставил и Мицевски со играта топло-ладно. И тој игра пожртвувано и агресивно, но не е вистинскиот играч кој ни е потребен во средината.
Ова се три играчи кои имаат добри и слаби страни, но и покрај тоа веројатно е неизбежно да играат од почеток на натпреварот. Поради нивната половичност, ни недостасува тој квалитет за да ги добиеме средбите со посилните противници.
Манев и Новак играат одлично во рамките на можностите, Тошевски не е лош во последно време, а денес и Жуниор имаше добра партија.
Во второто полувреме ги искинавме, направивме многу акции имавме и шанси, но одново немаше кој да даде гол.
Жуниор беше играч на полувремето. Дефинитивно може да понуди повеќе како офанзивен бек, мора да се направи некаква тактика во која тој ќе биде поистурен.
Фелипе одигра колку што сака. Имаше добри моменти, но се чувствува неговата недоволна физичка подготвеност. Имаше една опасна позиција за шут, но ударот му беше очаен.
Лира денес ни беше најопасен играч во нападот. Скоро секоја долга топка успеа да ја добие, извади корнери, а ги имаше и најдобрите шанси.
Во шансата кога биеше со глава, имаше чист пенал. Да паднеше место да шутира, сигурно ќе свирнеа пенал. Беше пред дефанзивецот на Шкендија, а овој го влечеше со две раце од позади. И на спротивна страна имаше една сомнителна ситуација, но судијата не свирна пенал.
Лира може да биде корисен, но не како осамен напаѓач. Него му трееба да има некој класа играч до себе, како Барсегјан на пример. Да му спушта топки и слично.
Штета што ни требаше цело полувреме за да се осоколиме да нападнеме, а уште поголема штета што не влезе ударот на Манев на крајот, да си го направевме меракот и да ги добиевме еднаш годинава. Голема борба имаше на теренот, нема што да се замери, одиграа колку што можат.