Во една од најубавите години за Вардар, кога клубот одбележува 70 години од неговото постоење, клубот кој е гордоста на Скопје и Македонија, не можевме да доживееме поголем срам и резил од ова. Ќе бидам досаден ако се повторувам кога веќе е милион пати напишано каков се маркетинг можат да направат и да го промовираат клубот на вакви натпревари. Цела сезона одиме да гледаме рекреативен фудбал, колку време и финансии сме двоеле да ги гледаме низ градови и села, па и надвор од Македонија со свои средства и сега ЦЕЛА ЈУЖНА која е симбол на Вардар им ја даваш на гостинските навивачи? Па попусти за тој што ја чува картата една недела по натпреварот со Копенхаген? Сериозно? Баш вчера си помислив колку е жално што во Вардар не работат ниту професионалци, ниту пак луѓе што барем од срце го сакаат Вардар и со гоглема љубов барем ќе се трудат да направат нешто за клубот... Ова се моментите за кои чекаме толку време, не спиеме цела ноќ пред натпревари како последниов со Копенхаген и до денеска не можев да поверувам што испуштивме и добиваш цена за квалификациски меч како рандом дерби во Европа...Згора на тоа Фенербахче и не е некое ултра елитно име во фудбалот...Знаеш дека ти доаѓа клуб кој има навивачи кои ќе гостуваат и ќе имаат голема поддршка од регионов и наместо да им дадеш 5% таму една коцка на исток и другите карти како знаеш и умееш со лични карти или што ти знам да ги продадеш на наши навивачи, симпатизери па и падобранци како што викате, ти им ја даваш ЈУЖНА...
Искрено можам слободно да кажам дека можат од Шкендија да учат која ќе продава карти со Милан само во Тетово ако не се лажам.
Конечно Вардар се врати во мода, добива се повеќе симпатизери низ државава, таман ќе помислиш дека можеби луѓето и ќе стекнат навика за почесто следење на натпревари, си правиш филмови за убава атмосфера на стадион и овие буквално ти рушат се...Наместо да направеа и некоја акција за помладите да го засакаат клубот од мали нозе и наместо да придобијат повеќе навивачи за во иднина они буквално ги бркаат од својот стадион. Јас лично сум дал и повеќе од ова за да гледам натпревар на Вардар и тоа понебитен од овој, ама тоа е индивидуално, тоа е личен избор, а ова е поголема срамота и од поскапувањата на хотелите за Суперкупот...На крајот на краиштата ни барем дел од фудбалерите кои дадоа 110% од силите во квалификациите до сега не заслужија да играат како гости кога можеа барем сега да играат пред полн Градски.