Вардар
Нема потреба од нешто дополнително.
Како долгогодишен фан на Вардар, еве една тема за сите актуелности поврзани со клубот
Ајде едно мислење од "таткото на темава" шо би се рекло.
Ве читам редовно и секоја чест на новата генерација Комити кои искрено и безрезервно го сакаат клубот. Кога фудбалерите се добри - се добри (тоа не било од дамна) кога не ги бива - не ги бива. Баш сте објективни.
Можеби голем дел нема да се сложат со мене, но јас да си кажам. Вардар не е голем клуб, Вардар никогаш не бил голем клуб. Вардар е голем клуб во срцата на оние кои го сакаат. Така е секаде во светото. Клубот за кој што навиваш ти е светост, без разлика дали е "голем" или "мал", што тоа и да значело.
Неколку основни работи. Клуб без свој стадион, не е голем клуб. Клуб кој плаќа кирија за да игра на домашен терен не е голем клуб. Клуб без клубски простории не е клуб. Клуб без трофеј (макар тоа бил и домашен) долго време не е голем клуб. Нити па некогаш бил голем , па сега останало само името. Вардар имал добра генерација фудбалери, кои патем административно (но заслужено) еднаш станале шампиони на СФРЈ, после тоа по распадот уште неколку години доминација како последица од добрата генерација... и тоа е се. Од 47ма до 2011 тоа е се. Да, имало некои имиња, но трофеи и меѓународни успеси скоро па ич.
Пак ќе речам, мене тоа не ми сметало и не ми смета клубот да ми биде светост.
Вардар ќе беше "голем", ако во овие 20 години независност освоеше барем 15 домашни титули и десетина купа. Изградеше свој стадион со трибини до сам терен со капацитет помеѓу 20-30 илјади. Скоро редовно да играше во групна фаза во Уфеа и бар 2-3 пати да играше во групна фаза во лига на шампиони. Да имаше стабилни спонзори и армија навивачи позади себе. Да извезуваше таленти и инвестираше во младиснки екипи. Доволно ќе беше да биде просечен европски клуб, препознатлив. Тогаш ќе беше голем, во буквална смисла на зборот.
Наспроти тоа, Вардар го нема ни во некаков си ранг, а камо ли да биде среден европски просек. Наспроти тоа, од 20 години, 15 е жива мизерија, со кулминација испаѓање од лига и немање прашак за перење дресови.
Понатака секоја дискусија за промената (додавката) во името на големиот клуб Вардар е излишна.
Секој еден што сака фудбал и што го сака Вардар треба да му олесни што конечно има ронка надеж, пресврт, воља, решеност за успех.
Буквално сите во Македонија. Јак и стабилен Вардар сите ќе ги повлече со себе. Во позитивна смисла.
Толку. Поздрав до сите вардарци.