Шо ќе ти објаснувам. Нема да разбереш толку ти фаќа празната шупелка! Затоа овој пат најверојатно нема да го примирисате Градски пошто луѓето од управата на Шкендија изиграваат многу шерифи.
Брат, не знам што се мачиш да му одговараш, па само види ги прашањата и нивната 'поврзаност' со тоа што ти му го објаснуваш...
--- надополнето: Sep 20, 2011 1:25 PM ---
Вардар не треба да ги отвора вратите, туку куферот за да дојде Васоски
Вардар ги отвори вратите за Александар Васоски. Сега, се моли поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер кој се има прославено во најтрофејниот клуб, да влезе во соблекувалната, да го облече дресот и да почне да тренира и да игра. Изгледа дека не оди така таа работа.
Ја утнале малку во Вардар, ако мислат дека секој фудбалер што некогаш играл во овој клуб, додека сегашното раководство и стручен штаб гледале фудбал на телевизија или работеле во некој друг клуб, треба така „од љубов“ да се вратат назад. Фудбалот е бизнис, во него се вртат многу пари, а Македонија иако е далеку од „големата игра“, сепак треба да се обиде да се приближи. Кој ќе го направи тоа, ако не Вардар?! Секоја чест за новото раководство, го спаси клубот од бездна, ама ако сака да го придвижи кон Европа, ќе треба да почне да размислува и да работи по европски терк.
Во Европа се е јасно. Никој не игра од љубов, сите играат за пари, а спортистите вредат колку што се платени. По тоа се одредува нивната вредност на трансферниот пазар, па се знае дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најдобри затоа што и најмногу заработуваат.
Токму затоа, за Васоски да дојде во Вардар, а да не одлучи барем уште година или две да игра во странство, Вардар не треба да ги отвори само вратите, туку и куферот. Треба да ја плати неговата цена и да зацрта дека неговото враќање во клубот ќе врати барем двојно повеќе навивачи на трибините, дека ќе добие на популарност, да го разработи маркетингот и конечно, да создаде многу посилен тим. Затоа што Васоски е сепак бренд за македонскиот фудбал, поранешен репрезентативец, играч со преку 150 настапи во германската Бундес-лига. Има играно против Лука Тони, Франк Рибери, Лукаш Бариош во Бундес-лигата и против Дејвид Бекам, Хакан Шукур, Емил Хески, Руд ван Нистелрој, Арјен Робен во репрезентацијата...
И не може тој да дојде во Вардар само ако широко му ја отворат вратата. Би било трагично и доколку воопшто му ја затворат, затоа што со таков однос можеби ќе одвратат од нивната намера и некои други поранешни фудбалери да се вратат во клубот.
Зошто Динамо Загреб влезе во Лигата на шампионите? Затоа што Здравко Мамиќ се растрча низ Европа, врати дел од поранешните ѕвезди на клубот, потроши неколку милиони евра, направи силен тим и се пласираа во фудбалскиот рај. Затоа сега во Загреб гостуваше Реал Мадрид, а ќе гостуваат и дел од другите европски великани.
И конечно, ниту сегашното раководство, а посебно не стручниот штаб, не работат само „од љубов“ во Вардар. И не треба. За да го врати Вардар некогашното реноме, ќе треба да биде најбогатиот, најмоќниот, најсилниот клуб во нашата држава. А, рејтингот најбрзо се враќа ако во тимот се фудбалери како Грозданоски, Васоски, па можеби во иднина и Митрески, Тричковски, Ристиќ, Георгиевски, Бајевски, Деспотовски, Ѓуровски, Пачовски...Зошто да не и Горан Пандев?!
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=806
Душан Савиќ до крајот на годинава и официјално ќе го носи дресот на Работнички.
Македонскиот напаѓач, и покрај преговорите и со Вардар изминативе денови, сепак денеска се одлучи да ја прифати понудата од „романтичарите“, клуб за кој настапуваше и пред да ја стартува својата интернационална кариера. Како што информираат од Работнички веќе официјално е ставен потписот со поранешниот македонски репрезентативец, а наредниве денови се очекува во клубот дефинитивно да се приклучи и Филип Деспотовски како едно од најголемите засилувања за новата сезона.
Савиќ, на кого последен клуб му е узбекистанскиот Пахтакор со кого настапуваше и во азиската лига на шампиони, со „вардарци“ не се договори поради несогласувања околу времетраењето на договорот. Офанзивецот инсистирал на договор до декември оваа година, додека од раководството на Вардар најмалку до јуни 2012 година.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=807
Подобро што не го земавме Савиќ, Вардар во иднина не смее да биде клуб во кој ќе ја оддржуваат својата форма ебиветер играчи пред нивен трансфер во Таџикистан!