Фан Клуб: Вардар

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Се "редат" коцките

Беше еднаш во Македонија пред десетина години...така е и сега а можеби и полошо во истата таа земја, во истиот тој фудбал. И по Ѕинго, Ламбе (кај него беше помирно), а по него Хари...и секогаш удри по Вардар. А по сето ова сите тие ќе речат еве ги скопјаните кои ги бранат "вардарците". Сепак, за жалење е овој наш фудбал, а со него и "црвено-црната" гордост. Рамковната фудбалска тензија е на секој чекор и на секој терен во земјава. Фудбалските коалиции ја кројат табелата и местата за евро-сцената и затоа црно ни се пишува со таквото фудбалско размислување и работење. Вардар го каменуваа во Тетово, го тепаа во Куманово...Сите против најтрофејниот клуб и против клубот кој во минатото беше гордост за сите.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Вардар се заканува со бојкот!

* "Ако ФФМ дозволува да бидат тепани нејзините судии, Вардар сигурно нема да дозволи истото да им се случува на нашите фудбалери. Ние ќе ги заштитиме играчите па ако треба и да не настапиме на некој следен натпревар", е официјалниот став на Вардар изнесен преку портпаролот Атанас Костовски.

Вардар се сака... За Вардар се живее... За Вардар силно се навива... Вардар се носи во срцето повеќе од пет децении, иако некои тешко може тоа да го разберат... Но, Вардар со истата таа сила жестоко е и омразен ширум македонските терени... Вардар во Куманово, Тетово, Прилеп... треба да се "толчи" само затоа што е Вардар, само затоа што е синонимот за фудбалските Македонци... Проблемот сигурно не е доколку "црвено-црните" се надигруваат на зелениот терен, но едноставно неразбирливи се сe почестите неспортски начини за да се задоволат поедините "страсти" да се "згази" нашиот најтрофеен клуб...

И додека некои онака лесно си минуваат низ нашата фудбалска игра насекаде по македонските фудбалски "храмови", Вардар, под товарот на своето име и желбата на секој противник да се земе "скалпот" на големиот клуб од Градски, мора да трпи притисоци кои немаат никаква допирна точка со фудбалот, а притоа немајќи апсолутно никаква заштита од куќата која е задолжена за регуларноста на шампионатот, Фудбалската федерација на Македонија.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ФУДБАЛ - ПО ИНЦИДЕНТИТЕ во куманово
Вардар бара казни и за политичкиот маркетинг
Беше истакнато знаме „Обединети албански држави“, интонирана косовската химна, се скандираше Илирида пред упадот на публиката на теренот, велат црвено-црните. И на средбата во Куманово пред почетокот, за време, на полувремето и по завршувањето на натпреварот беа истакнати транспаренти, се пееја песни, и се дофрлуваа пораки (Илирида, Приштина-Тетово-Тирана) кои предизвикуваат и поттикнуваат антагонизам врз национална и верска припадност.





На гостувањето против Шкендија 79 бевме пречекани со голем транспарент на англиски јазик (Обединети албански земји), кој и покрај интервенцијата на делегатот, сепак, беше присутен на трибините во поголемиот дел од натпреварот. За фрлените камења на теренот од кои беше повреден нашиот најдобар поединец на таа средба, Брага, како и за влечењето на вардаровите повредени фудбалери по теренот дисциплинскиот комесар сe уште не ги соопштува одлуките.


На гостувањето против Ренова, и покрај навременото писмено обраќање до домаќинот за присуство на клупската камера на ФК Вардар (член 17 од пропозициите за натпревари), Управата на ФК Ренова по вторпат не му дозволи на ФК Вардар снимање на натпреварот. Образложението од ФК Ренова беше кратко и јасно: Овде важат нашите закони, а не пропозициите на ФФМ! Дисциплинскиот комесар на ФФМ, се разбира, и во овој случај го чека крајот на првенството", се вели во соопштението на Вардар.



"Убаво е што средбата со Шкендија е прогласена од висок ризик. Но тоа требаше да биде случај и со претходниот дуел против Башкими. Ние реагиравме до ФФМ, но одговорот беше да не се иритирала публиката со присуство на специјалци. Па, колку што јас разбирам во секоја нормална држава присуството на полиција значи дополнителна сигурност, а овде тоа иритирало?!"


Ајде сега да го видам тој јунак кој ќе игра за Вардар и ќе ги победи сите овие негативни сили :lut:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Вардар - Шкендија 2 - 2 иако во првото полувреме Вардар водеше со два нула. Но на сцена стапува судијата од охрид кој во првиот напад на Шкендија во второто полувреме досудува пенал, рака на срце беше пенал но му дава црвен картон на еден играч на вардар со што и дава надмоќ на шкендија во продолжението на цело второ полувреме. Кметовски е на висина на задачата и го одбранува пеналот. вардар едно 10 - 15 минути добро се брани и имаше една контра преку бугарот Каптиев кој наместо голот го погоди гостинскиот играч. Истиот тој играч кога во една ситуација топката беше кај него нешто се изнервира и ја шутна топката силно кон голот на вардар при што следуваше корнер за шкендија. Кај се носи бугар у македонска екипа па нормално дека ќе те зезне. Се знае после изведениот корнер намалено водството на вардар на 2 - 1. Охрабрени од голот играчите на шкендија се засилија, а играчите на вардар делуваа рздрмано од примениот гол. И така во 87' минута шкендија доаѓа до израмнување на резултатот. Кој е сега крив? Ќе почнам да станувам опседнат со верувањето дека не е ништо случајно во животот. Вардар беше надмоќен од шкендија тоа секој кој беше на стадион го забележа и сите очекуваа и поголемо водство. Но ете тоа е тоа треба да се знае и пораз да се поднесе, но боли тоа што не е заслужено победен вардар денес на градскиот стадион.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
ZOTE "Убаво е што средбата со Шкендија е прогласена од висок ризик. Но тоа требаше да биде случај и со претходниот дуел против Башкими. Ние реагиравме до ФФМ напиша:
ЗОТЕ информиран си за инцидентот пред јужна Блок 6.Како го јадеа шипците аууу на двајца носовите им беа Цветан Димов
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Абе она копилето охридско неписмено Марковски ви судеше?
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Да бе он ни судеше досуди пенал против Вардар и избрка наш играч.:nerv:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Зошто ич не ме чуди тоа за судиите? Вчера на кадетскиот натпревар меѓу Беласица и Вардар судеше еден таков аналфабет и го уништи натпреварот, и на крај, сакаа и скопјани и струмичани( и фудбалери и родители) да го тепаат.
Тоа е тоа. Рибата смрди од главата.
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Dzver напиша:
ЗОТЕ информиран си за инцидентот пред јужна Блок 6.Како го јадеа шипците аууу на двајца носовите им беа Цветан Димов
Ni dojdovme ama na Saraj ne vratija dzandarite....Ako bevme nie poinaku ke se peese ...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Dzver напиша:
ЗОТЕ информиран си за инцидентот пред јужна Блок 6.Како го јадеа шипците аууу на двајца носовите им беа Цветан Димов
ЗОТЕ

Информиран сум, но дали тоа биле вистински навивачи на Шкендија?
Колку што знам јас навивачите на Шкендија не ги пуштиле негде кај сарај. Еве и потврда во слики.


http://tifozat.com/images/photoalbum/515.jpg
http://tifozat.com/images/photoalbum/516.jpg

А на градски немаше нешто многу публика за Вардар, дали ради празникот или нешто друго не знам.
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
ZOTE напиша:
ЗОТЕ

Информиран сум, но дали тоа биле вистински навивачи на Шкендија?
Колку што знам јас навивачите на Шкендија не ги пуштиле негде кај сарај. Еве и потврда во слики.


http://tifozat.com/images/photoalbum/515.jpg
http://tifozat.com/images/photoalbum/516.jpg

А на градски немаше нешто многу публика за Вардар, дали ради празникот или нешто друго не знам.

Навивач сум на Вардар, но не сум ниту во една од навивачките групи!
Често пати кога сум бил на Гратски, сум затекнал тепачки мегу навивачитена Вардар и на Шкендија, уууу, еднаш се сеќавам, тепање до смрт, мислиш се наоѓаш на Блиски исток, а не во Македонија, па гореа транспаренти, јебига тоа е навивачкиот живот!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Победа - Вардар 2 - 0
Со овој пораз мислам дека и дефинитивно немаме шанси за второто место кое носи во купот на УЕФА. А да напоменам дека работнички пак киксна денеска и тоа исгуби од Шкендија со 2 -1. Е да ги искористеше вардар сите грешки на Работнички ќе имавме интересна завршница во мак. фудбалот за титулата тогаш би решавал последниот натпревр кој би се играл на градски помеѓу Вардар и Работнички. Но тоа во некое друго време.
 
S

Soprano

Гостин
vojvodata напиша:
PA KAJ VIDOVTE OVDE NAVIVACI NA VARDAR? SITE NAVIVAAT ZA SKENDIJA, STO BI ZNACELO DEKA DOSLE ZA DA JA GLEDAAT SKENDIJA



Abe golem bil stadionot vo tetovo...kolku kapacitet ima ako moze nekoj tetovcanec da mi prati na PVT nekolku sliki od toj stadion.stvarno e kul
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Што мислите дали Вардар ќе им пушти на Македонија Г.П. во недела за да им го загорчи животот на Работнички? Моменталната табела во мак. фубалот е

Работнички Кометал - 68
Македонија Ѓ.П. - 64
Вардар - 57
Победа - 51
 

Kajgana Shop

На врв Bottom