Читајки ги постовите на темава, јас како неутрален посматрач, само да ви кажам дека Вардар, сакале да признаете или не, е најголем македонски клуб. Вардар е убедливо бр.1 во Македонија, класа за себе. Клуб кој има богата традиција, и многу силен personality. Тој клуб е бренд на мак-фудбалот. Имам еден пријател кој е тренер и при неговиот студиски престој во Италија, во тамошен клуб, при спомнувањето дека е од Македонија, веднаш го прашале дали работел во Вардар. Не е само шампионската титула од 87 во прашање. Цела историја Вардар играл во Првата сојузна лига на СФРЈ со мали исклучоци кога отпаѓал, ама експресно се враќал.
Вториот ешалон македонски клубови се Тетекс, Брегалница Штип, Победа, Пелистер, Тиквеш, Беласица, Силекс, Работнички. Сите овие, играле во Втората сојузна лига своевремено (освен Силекс, кој беше член на Третата лига источна група кон крајот на 80-тите), а Работнички и Тетекс биле и прволигаши. Ако сум заборавил некој клуб, нека ме потсети некој.
Останатите македонски клубови се афирмираат по осамостојувањето на РМ, во Првата МФЛ. Сметам дека традицијата е во горенаведените клубови.