Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Дај бе па и ти олади веќе!Како да го спаси?Да му фрли на Минчо пари ли?Што да се направи ај кажи молим те?
Иначе денес играта сосема добра на добро ниво се бореа до крај се виде дека има играчи достојни што треба да го бранат овој дрес!Многу ми беше криво за Пандо кој верувам ако останеше ке земевме барем бод...Викаат дека не било ништо посериозно да се надеваме ке го видиме следно коло.Мислам дека и клупата многу ни е слаба немаше кој да го замени Пандовски..Василевски мислам беше тој што влезе и се покажа добро али беше дрво у споредба со Пандо...Настевски?Зарем треба да се коментира за детево?Влезе и неколку шанси направи и добри проигрувања имаше...
На трибина сосема добро навивање одлично!Конечно цела утакмица се посветивме на песни за ВАРДАР а не за останатите...Иако очекував да се пее против Јорде и Металур.А и оградата беше убава вака треба да се продолжи мада очекував поголема бројка.А да и гоцета ни ја краси многу трибината :) И тапанот добро звучеше:)
Па делот од трибината, наменет за гостински навивачи, беше скоро пун до крај...
Во врска со мечов, повторно не не мазеше среќата, како и цела оваа сезона досега. А можевме да откинеме еден бод денеска. Штета!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.540
Поени од реакции
29.107
Па делот од трибината, наменет за гостински навивачи, беше скоро пун до крај...
Во врска со мечов, повторно не не мазеше среќата, како и цела оваа сезона досега. А можевме да откинеме еден бод денеска. Штета!
Знам дека беше али очекував да крцаше али сепак дорбо се покажавме!
Иначе заборавив да прашам што бидна со бркото?Ако не се лажам пред 4 дена требаше да влезе и официјално во ВАРДАР али уште нема ништо од кој причини?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.430
Само што се враќам од утакмица...
Подосаден меч одамна немам гледано. Нашиве ја умртвуваа играта, овие играа тврд фудбал, дадоа гол и не станаа од земја до крајот на мечот. Ние немавме ниедна шанса овој меч. Металурзите имаа прецврста одбрана за нашите играчи, а само настевски беше оној кој успеваше на моменти да им ги искине кичмите. Едноставно детево вреди злато и во еден посилен состав сигурно би бил голема ѕвезда. И сето тоа беше напразно затоа што нашата одбрана поточно левата бековска позиција беше хаварија. и да не се повторувам секој меч истото, јас стварно не сваќам зошто Ристов е уште во вардар. Убаво го следам секој меч и секогаш ја прави идстата грешка. Иде кон средиштето на одбраната, овие идат по крило, им даваат фор на крилата, Ристов касни да затвори, кога тргнуванакај противничкиот играч остава дупка во одбраната и СЕКОГАШ ПРИМАМЕ ГОЛ. Овој пат направи фаул по кој примивме гол...
Иначе криетериумот на судијата беше разочарувачки. За секој допир свиреше фаул, а овие се утепаа од глума цел меч...

За навивањето бевме солидна бројка. Околу 200-250 Комити се собиравме кај паркчето во Автокоманда. Тоа го искористија Пирати. Кога виделе кога пристигале првите двајца наши членови, неколку души од Пирати кои со себе носеле обележја на Вардар им пришле на нашиве, а овие не осетувајќи ја опасноста останале без нивните шалови. Сто тоа предизвика голем револт кај нас, али од Пиатите немаше ни трага ни глас. Иначе ако се прашувате зошто неможеше да се обезбеди средбата Тетекс-Шкендија ондак прашајте ги МВР. Срамота беше толку полиција да има по Скопските улици за еден ваков меч. Имаше 10-тина комбиња со специјалци, плус уште многу полициски комбиња. Вриеше џандари низ цело Скопје, а сигурно после ќе одат и на Куманово-МЗТ и тука треба да се бара причината зошто неможе да се обезбеди дербито на Тетово. Срамотилаци...
Навивањето беше солидно, не беше ни многу добро, нити лошо, туку онака добро.
И на крај на утакмицата едниот Пират што земал шал на почетокот, беше начекан и покрај тоа што едниот наш шал беше вратен, му беше одземен неговиот шал Пирати. Така да денес си разменивме по еден шал со пацерите...
Лудило беше и во 16-ка на враќање. Се пееше на Бит пазар браќава зинаа како кретени:pos:
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Само незнам до кога идиот ќе се палат на одземени шалови и тоа 10 на 1, стварно не ми е јасно и тоа на педерски начин и го сметаат за кузнае каков трофеј
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
321
Поени од реакции
3
Ситуацијата вие очајна Брегалница подеби :/ ај ако може видео,нека постави некој поздрав..
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Знам дека беше али очекував да крцаше али сепак дорбо се покажавме!
Иначе заборавив да прашам што бидна со бркото?Ако не се лажам пред 4 дена требаше да влезе и официјално во ВАРДАР али уште нема ништо од кој причини?
Одлуката за враќање на клубот во негови раце, не е уште правно стапена во сила. Иако требаше да биде уште пред недела дена, односно 15 дена по истекувањето на рокот за жалби. Вардар е сеуште заглавен во судските лавиринти...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983

п.с Од следното гостовање ќе важи ново правило,само 18+ ќе може да идат....
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Така и треба да биде,еве и до 17 нека биде а не да ми доаѓаат деца од 14 години!! Ако не се лажам,кај поголемиве навивачки групи ова правило важи уште од дамна!
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Тешко многу тешко ќе биде од пролет за вас . Следната со Силекс е голема шанса да се направи нешто за од пролет да има некаква шанса ... Иначе ако остане ваква разликата или ако се зголеми ...:toe:. И ако донесе играчи Брацо ќе биде многу тешко треба многу утакмици по ред да ги тепате на пример 10 од 10 што и на Реал Мадрид би му било тешко... Како и да е вчера класичен антифудбал од двете страни без посериозни шанси со пимплање на топката и безвезни додавања од двете страни ... За Металург не ни сакам да коментирам позната прикзана се со играта ама да бидеме реални со моменталниов состав што го има Вардар неискусен , добро е што имате 2 победи :toe:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Така и треба да биде,еве и до 17 нека биде а не да ми доаѓаат деца од 14 години!! Ако не се лажам,кај поголемиве навивачки групи ова правило важи уште од дамна!
Немора и да биде некое правило,се знае тоа у принцип кој треба да оди на гостувањата,а за дома да се потполни бројката идат и помали.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.430
Се знае што не очекува слкедниве мечеви, т.е. кон што треба да целиме.
Победа над Силекс (мислам дека ќе биде три за три што значи дека на нас ни е ред да тепаме), со Напредок враќање на долгот, и тоа се според мене сигурни 6 бода. Истотака сигурни се и поразите со Ренова (куп за првенство), како и кај Скопје.
Тоа што играите мора да го издејствуваат ако сакаат да спасиме гз во пролет се две победи над Турново дома и Пелистер на гости. Барам 12 бода, а знам дека ќе бидам презадоволен и со 7-8...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Се знае што не очекува слкедниве мечеви, т.е. кон што треба да целиме.
Победа над Силекс (мислам дека ќе биде три за три што значи дека на нас ни е ред да тепаме), со Напредок враќање на долгот, и тоа се според мене сигурни 6 бода. Истотака сигурни се и поразите со Ренова (куп за првенство), како и кај Скопје.
Тоа што играите мора да го издејствуваат ако сакаат да спасиме гз во пролет се две победи над Турново дома и Пелистер на гости. Барам 12 бода, а знам дека ќе бидам презадоволен и со 7-8...
Јас после се ова што се случува оваа сезона не би прогнозирал ништо.Утакмица по утакмица и секој освоен бод е злато вреден.Дефинитивно дечките заслужуваат повеќе од ова што освоија до сега,ама испадна се како што испадна.Да ти бидам искрен песимист сум за ова во Вардар.Втора лига е доста реална опција,а воопшто немам верба во "месијата" Брацо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom