- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.029
- Поени од реакции
- 74.430
Брат сето тоа ми е јасно, ама свесен сум и за ризикот од една таква ликвидација. Кој воопшто гарантира дека некогаш повторно ќе дојдеме воопшто до првата лига. Ако некој е спремен да инвестира во Вардар, подобро ќе го плати долгот уште сега отколку, прво да чека да се ликвидира клубот, па со години да фрла пари да се вратиме на стари патеки...Ај, вака да ти одговорам на некои работи. Убаво си пишал дека најголемиот проблем на Вардар се долговите. Без најава дека некој ќе ги исплати истите или уште помалку дека некој ќе ги избрише (читај државата или градот). Што значи дека понатамошното вакво функционирање (со блокирана сметка) оди само на штета на клубот, а во корист на тие што го водат. Парите од настапите во Европа, од продажбата на играчи и други приходи одат на паралелни сметки. Според тоа е неминовно одењето во стечај, како единственото и исправно решение. Се додека се лажеме дека има алтернативни решенија за кризата што го дрма клубот (како ова принудното со Брацо), нема ништо да се смени. Формирањето на нов клуб со дефиниран статус (дали приватна сопственост, акционерско друштво или здружение на „социоси“ т.е членови) со чиста сметка уопште не е работа што треба да се сфати како погрешна или ризична, туку како единствен пат за излез од моменталната состојба. Се друго е само одложување на она што мора кога-тогаш да се случи, односно ликвидација на тешко болниот пациент кој со години живее на апарати. Без надеж за подобрување на неговото сериозно нарушено здравје.
Ни останува да се молиме дека ако клубот има некој евентуален успех, под притосок на јавноста некој ќе го поништи нашиот долг...