Фан Клуб: Вардар

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Nogometaši Hajduka danas poslijepodne u Žrnovnici ugostili su momčad Vardara iz Skopja.
Makedonska momčad pokazala se čvršćim protivnikom od drugoligaša Solina, tako da je i utakmica protekla u izjednačenom tonu, bez velikih prigoda s obje strane.
Robert Jarni izveo je kombinirani sastav na travnjak s nekoliko juniora. Od početka utakmice zaigrali su Maloča, Jozinović i Tole, a u drugom dijelu i Maleš, Milić, Ćurjurić, Tičinović.
Utakmica je završila rezultatom 1:1, a golove su postigli Perendija u 51' za Vardar, te Gabrić za Hajduk nakon asistencije Bartolovića u 65'.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.949
Pa dobro 1:1 i ne e taka los rezultat.
ФУДБАЛЕРИТЕ КОИ СЕ НА ПРОБА ГИ ОЧЕКУВА ТЕШКО ДОКАЖУВАЊЕ

Фабио, Авдиќ и Милановиќ под "лупа"


Тројцата нови фудбалери на Вардар кои со тимот се на подготовките во Макарска ги очекува подолго докажување пред евентуалното потпишување договор за соработка со некој од нив.

Бразилскиот напаѓач Фабио, Босанецот Авдиќ и Србинот Младен Милановиќ настапија на пријателскиот натпревар со Широки Брег, меѓутоа, како што ни изјави и Зоран Стратев, сепак, далеку е дефинитивната одлука околу финален ангажман. И тројцата ќе бидат под "лупа" на стручниот штаб и низ следните шест контролни дуели за време на престојот на хрватското крајбрежје, по што ќе се одлучи кој од нив ќе допатува на "Градски".Во Скопје го совлада нашиот второлигаш Локомотива со 2:0, а на актуелните подготовки во Макарска во средата "црвено-црните" беа поуспешни и од босанскиот прволигаш Широки Брег совладувајќи го со 1:0.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.949
Нерешено со сплитските "бели"
* Вардар беше најмалку рамноправен со тимот од "Пољуд", дури и водеше преку Перендија, но Хајдук, сепак, дојде до "реми"
Хајдук, еден од хрватските гиганти, беше спаринг партнер на Вардар во саботата. Натпреварот заврши нерешено, 1:1, во добар меч со динамична игра и неколку убави шанси на двете страни.

Во првиот дел немаше голови, а првата шанса на мечот ја има Вардар. Нафрлената топка од корнер со глава ја зафати Бојовиќ, но таа мина неколку милиметри над гредата. Десет минути подоцна Емрулаху од косо од 20 метри шутира, но млако за голманот на Хајдук. Георгиевски го спаси Вардар откако Цернат минувајќи тројца вардарови фудбалери излезе сам пред него, но голманот на "црвено-црните" одлично брани.Во вториот дел тренерот на сплитските "бели" ги стави во игра Тудор, Балиќ, Љубичиќ, Бартоловиќ... меѓутоа, тоа не му помогна бидејќи Вардар во 51. минута доаѓа во водство. Повторно во главна улога Бојовиќ, истата ситуација како од првиот дел, но овој пат топката заврши во пречката, се одби до Перендија, кој ја погоди празната мрежа. Меѓутоа, избраниците на Стратев не издржаа. Во 65. минута Бартоловиќ & избега на одбраната на Вардар, го проигра Габриќ, кој од само 5 метри ја тресе празната мрежа. Потоа темпото на играта се намали, па така до крајот на мечот немаше ниту една посериозна шанса од двете страни.

Тренерот на Вардар, Зоран Стратев, е задоволен од играта на неговите избраници, како и од резултатот против Хајдук.

"Можам да кажам дека во супер издание се покажавме против Хајдук. Натпреварот пред с$ имаше добар ритам. Сите изгинаа на терен и сметам дека овој резултат е сосема реален. Да се игра нарешено со Хајдук и не е така мала работа", рече тренерот Стратев.

Денеска Вардар ќе ги одмери силите со Имотски, што ќе биде и трета контрола во Макарска. Досега "црвено-црните" имаат позитивен биланс, од два меча една победа и едно "реми".

Г. Бошев
ХАЈДУК - ВАРДАР 1:1 (0:0)

Игралиште во Прицвиќ, Жрновица. Гледачи: 1.200. Главен судија: Еди Шуњиќ (Сплит).

Стрелци: Габриќ 66' (Х) - Перендија 52' (В)

ХАЈДУК: Балиќ, Буљат, Јозиновиќ, Љубичиќ, Тудор, Малоча, Рубил, Габриќ, Толе, Цернат, Бартоловиќ.

Уште играа: Варводиќ, Чурјуриќ, Тичиновиќ, Малеш, Живковиќ, Андриќ, Милиќ.

ВАРДАР: Георгиевски, Брага, Секуловски, Бојовиќ, Перендија, Пеев, Емурлаху, Франка, Роберто Карлос, Соуса, Авдиќ.

Уште играа: Богатинов, Спасовски, Петров, Д. Ристевски, Ристовски, Фабио, Мојсов, Леповиќ.
Роберто Карлос доаѓа во Вардар!?

Вардар на пролетниот дел со Роберто Карлос. Но не оној славен Роберто Карлос, кој играше во Реал Мадрид. Станува збор за друг исто така од Бразил, но овој игра во средниот ред и е на проба во "црвено-црниот" тим. Според зборовите на Стратев, станува збор за квалитетен фудбалер и сигурно ќе биде ангажиран.

"Да, станува збор за 23-годишник од Бразил кој игра во средината. Навистина станува збор за квалитетен фудбалер и ќе биде ангажиран", рече Стратев, кој го стави Карлос во првиот состав на саботниот меч против Хајдук.
И Соуса на проба

Во Вардар на подготовките во Макарска има уште еден Бразилец. Станува збор за напаѓачот Соуса. И тој како и Роберто Карлос е квалитетен и, најверојатно, ќе биде засилување во црвено-црниот дрес. Освен овие двајца тука е и Фабио, а дефинитивна одлука за нивен ангажман ќе има за 3-4 дена кога ќе поминат уште неколку тренинзи и натпревари заедно со Вардар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.949
Vardar:Trogir 0:0
Vardar:Zmaj 0:2!
Zagrizuva neefikasnosta, inace DEspotovski najverojatno ke si ide vo vorskla, a Savic vo grcija
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.949
НОВИ САД (СРБ) - ВАРДАР 1:0 (1:0)
Стадион:
"Детелинара" во Нови Сад. Гледачи: 50. Судија: Синиша Гогиќ (Нови Сад). Стрелец: Николов 27'(НС).

НОВИ САД: Јованиќ, Новаковиќ, Бошњак, Дунџерски, Говедарица, Симовиќ, Филиповиќ, Стеванчевиќ, Вујаклија, Фуртула, Николов.

Уште играа: Весиќ, Рашиован, Ковачевиќ, Пушкариќ, Совиљ, Џуровиќ, Стелкиќ, Авриќ

ВАРДАР: Георгиевски, Брага, Секуловски, Перендија, Бојовиќ, Леповиќ, Мојсов, Карлос, Пеев, Емурлаху, Фабио.

Уште играа: Богатинов, Б. Ристовски, Д. Ристевски, Станковиќ, Авдиќ, Петров, Ејупи, Пименте Соуса

Фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб со пораз ја почнаа својата турнеја во Србија. "Црвено-црните" вчера како гости на српскиот второлигаш загубија од Нови Сад минимално со 1:0.

Домаќините низ еден навистина занимлив натпревар уште од стартот ја контролираа играта против реномираниот македонски противник. Уште во 11. минута Дунџерски од слободен удар од косо од околу 25 метри одлично шутираше, но топката заврши во пречката од голот на Јорде Георгиевски. Единствениот погодок на дуелот беше постигнат во 27. минута по одличната акција на Вујаклија и Николов при што вториот од 11 метри одлично шутираше под самата пречка.

Во второто полувреме далеку поагилна игра на Вардар. Најсериозната можност за израмнување ја имаше Славен Станковиќ, меѓутоа нововлезениот домашен голман Весиќ извонредно интервенираше.

Интересен е податокот да фудбалерите на Нови Сад по пауза од цели 387 минути успеаја да постигнат гол на еден натпревар, и тоа ете сега против реномираниот скопски Вардар.

За "вардарци", пак, ова е втор пораз од стартот на подготовките. Досега имаат забележано и четири победи и две ремија.

Утре со Телеоптик

Утре "вардарци" ќе го играат и вториот контролен натпревар за време на престојот во Србија против второлигашот Телеоптик. Последниот "тест" шефот на стручниот штаб на Вардар, Зоран Стратев, ќе го има на 16 февруари против српскиот прволигаш Хајдук Кула по што експедицијата се враќа во Скопје.
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
Партизан - Вардар , 24 февруари на ЈНА... ( пријателска )
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.949
Комити" го "спасуваат" Вардар * "Свикување на Вонредно собрание, разрешување на комплетното актуелно раководство и избор на нови членови во Собранието на ФК Вардар", се барањата на најверните навивачи на "црвено-црните"
Навивачите на најтрофејниот македонски клуб, "Комитите", по серијата изразувања на својот револт од начинот на кој се води Вардар преку апстиненцијата на натпреварите, паролните пораки, симболичките гробови на "Градски"..., од вчера и со официјална одлука за формирање на Одбор за спас на Вардар со единствена цел, како што велат во своето соопштение до нашата редакција, за конечно стопирање на агонијата во која е западнат некогаш симболот на македонскиот фудбал.

"Навивачката група КОМИТИ ЗАПАД одржа состанок на кој е донесена одлука за формирање на Одбор за спас на ФК Вардар. За таа цел ги повикуваме сите навивачи, сите сегашни и поранешни фудбалски имиња, искрени поддржувачи и пријатели на фудбалскиот клуб Вардар да се приклучат кон Одборот за спас со цел нашиот најтрофеен клуб да излезе од долгогодишната агонија во која се наоѓа.

Главната причина поради формирањето на овој одбор е моменталната состојба во која се наоѓа клубот која се должи на луѓето кои се залутани во овој клуб и со самото тоа придонесуваат за крајно непрофесионалното раководење, лошо менаџирање на играчкиот кадар, неможноста да се реши финансиската криза, создавање на финансиски малверзации, како и "местење" натпревари во изминативе неколку сезони.

Имајќи ги предвид горенаведените причини, како и рејтингот на ФК Вардар, кој е на најниско можно ниво, слабата комуникација со сегашното таканаречено раководство и нивните долгогодишни празни ветувања, донесено е единственото барање зад кое целосно стоиме и ќе остане до крај непроменето:

1. Свикување на Вонредно собрание на клубот, разрешување на комплетното актуелно раководство и избор на нови членови во Собранието на ФК Вардар", се вели во соопштението на навивачката група "Комити".
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Дечко ја сум србин не сум Србоман, и не не еби толку многу !!
Јок сине, не си ти србин, ти мислиш дека си србин. Србите имаат фалинка у софтверот, и не знаат на македонски да пишуваат :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom