Нерешено со сплитските "бели"
* Вардар беше најмалку рамноправен со тимот од "Пољуд", дури и водеше преку Перендија, но Хајдук, сепак, дојде до "реми"
Хајдук, еден од хрватските гиганти, беше спаринг партнер на Вардар во саботата. Натпреварот заврши нерешено, 1:1, во добар меч со динамична игра и неколку убави шанси на двете страни.
Во првиот дел немаше голови, а првата шанса на мечот ја има Вардар. Нафрлената топка од корнер со глава ја зафати Бојовиќ, но таа мина неколку милиметри над гредата. Десет минути подоцна Емрулаху од косо од 20 метри шутира, но млако за голманот на Хајдук. Георгиевски го спаси Вардар откако Цернат минувајќи тројца вардарови фудбалери излезе сам пред него, но голманот на "црвено-црните" одлично брани.Во вториот дел тренерот на сплитските "бели" ги стави во игра Тудор, Балиќ, Љубичиќ, Бартоловиќ... меѓутоа, тоа не му помогна бидејќи Вардар во 51. минута доаѓа во водство. Повторно во главна улога Бојовиќ, истата ситуација како од првиот дел, но овој пат топката заврши во пречката, се одби до Перендија, кој ја погоди празната мрежа. Меѓутоа, избраниците на Стратев не издржаа. Во 65. минута Бартоловиќ & избега на одбраната на Вардар, го проигра Габриќ, кој од само 5 метри ја тресе празната мрежа. Потоа темпото на играта се намали, па така до крајот на мечот немаше ниту една посериозна шанса од двете страни.
Тренерот на Вардар, Зоран Стратев, е задоволен од играта на неговите избраници, како и од резултатот против Хајдук.
"Можам да кажам дека во супер издание се покажавме против Хајдук. Натпреварот пред с$ имаше добар ритам. Сите изгинаа на терен и сметам дека овој резултат е сосема реален. Да се игра нарешено со Хајдук и не е така мала работа", рече тренерот Стратев.
Денеска Вардар ќе ги одмери силите со Имотски, што ќе биде и трета контрола во Макарска. Досега "црвено-црните" имаат позитивен биланс, од два меча една победа и едно "реми".
Г. Бошев
ХАЈДУК - ВАРДАР 1:1 (0:0)
Игралиште во Прицвиќ, Жрновица. Гледачи: 1.200. Главен судија: Еди Шуњиќ (Сплит).
Стрелци: Габриќ 66' (Х) - Перендија 52' (В)
ХАЈДУК: Балиќ, Буљат, Јозиновиќ, Љубичиќ, Тудор, Малоча, Рубил, Габриќ, Толе, Цернат, Бартоловиќ.
Уште играа: Варводиќ, Чурјуриќ, Тичиновиќ, Малеш, Живковиќ, Андриќ, Милиќ.
ВАРДАР: Георгиевски, Брага, Секуловски, Бојовиќ, Перендија, Пеев, Емурлаху, Франка, Роберто Карлос, Соуса, Авдиќ.
Уште играа: Богатинов, Спасовски, Петров, Д. Ристевски, Ристовски, Фабио, Мојсов, Леповиќ.
Роберто Карлос доаѓа во Вардар!?
Вардар на пролетниот дел со Роберто Карлос. Но не оној славен Роберто Карлос, кој играше во Реал Мадрид. Станува збор за друг исто така од Бразил, но овој игра во средниот ред и е на проба во "црвено-црниот" тим. Според зборовите на Стратев, станува збор за квалитетен фудбалер и сигурно ќе биде ангажиран.
"Да, станува збор за 23-годишник од Бразил кој игра во средината. Навистина станува збор за квалитетен фудбалер и ќе биде ангажиран", рече Стратев, кој го стави Карлос во првиот состав на саботниот меч против Хајдук.
И Соуса на проба
Во Вардар на подготовките во Макарска има уште еден Бразилец. Станува збор за напаѓачот Соуса. И тој како и Роберто Карлос е квалитетен и, најверојатно, ќе биде засилување во црвено-црниот дрес. Освен овие двајца тука е и Фабио, а дефинитивна одлука за нивен ангажман ќе има за 3-4 дена кога ќе поминат уште неколку тренинзи и натпревари заедно со Вардар.