Ова што денес го читав за Вардар навистина е срамота за најголемиот македонски клуб. Упаднале во соблекувалните после тренинг и сакале да ги тепаат фудбалерите. Ја разбирам збеснатоста на вардаровите фанови, ама не е тоа решение.
Рибата смрди од главата. Требало да удрат по Гризли и оние собрани околу него. Фудбалерите се најмалку криви. Колку месеци немаат пара видено? Кој е крив за тоа.
Уште кога ке го видиш меморандумот на ФК Вардар ке ти стане јасно за кој фудбалски колектив станува збор. Мене, иако сум од Струмица, навивам за Беласица, а моментално и работам таму,Вардар многу го почитувам отсекогаш.
На Македонија и е потребен силен европски Вардар, а не Вардар претворен у маалско клубче, воден од крајно неодговорни луѓе.