Фан Клуб: Вардар

Член од
7 август 2011
Мислења
4.825
Поени од реакции
13.620
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.575
Поени од реакции
5.724
Случајно или не, помина 10 часот. @Комита Ултрас види таму со управа на форум да постапите по оваа кладба :zloo:
22.30 во судиското продолжение , како Португалија и Роналдо , и јас вторпат пенал не промашувам :)

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ!

Во името на групата, како и во името на досегашното В.Д. раководство, би сакале да ја известиме јавноста, дека денес беше постигнат успешен договор со новите сопственици, кои во периодот што следува, целосно транспарентно ќе го превземат управувањето на клубот.

Приказната наречена ,,Вардар - клуб на народот" околу која се обединија илјадници навивачи, а која несомнено ќе остави траен белег во однос на позиционирањето на клубот во одреден општествен контекст, ќе продолжи да живее. Да живее и да се развива!

Би сакале да потенцираме дека во текот на преговорите, заедно со сите засегнати страни, успеавме да го постигнеме најдоброто решение за Вардар и да ги донесеме најважните одлуки, за кои длабоко веруваме дека ќе допринесат пред се кон процесот на целосна рехабилитација на клубот од повеќегодишната криза, а воедно и дека истите ќе допринесат кон тоа да клубот во најбрз можен временски период, повторно се врати на шампионските патеки - онаму каде што припаѓа. Тоа е борбата од која никогаш нема да се откажеме!

Поради комплексноста на самиот процес, а и поради клаузулата за доверливост, не сме во можност да ги изнесеме сите детали на постигнатиот договор. Но, секако во првиот момент, штом договорот биде официјално реализиран, пред јавноста целосно ќе ги соопштиме сите потребни информации.

Тоа што во моментов со сигурност можеме да го соопштиме е дека досегашниот искрен пристап во раководењето на клубот ќе продолжи и понатаму и дека оваа успешна приказна која ја започнавме, заедно со новите официјални сопственици, успешно ќе продолжиме да ја развиваме.

За крај, свесни за историската одлука, би сакале конкретно да им се обратиме на сите луѓе кои допринеле клубот низ годините на тешки борби да опстои и да преживее. Ние никогаш нема да дозволиме клубот да пропадне и ние никогаш нема да дозволиме нашиот заеднички труд да пропадне. Од првиот момент на заедничката борба, не водеше исклучиво емоцијата и искрената приврзаност кон големиот Вардар. Така било така и ќе остане - засекогаш!

За крај, уште еднаш би сакале да потенцираме дека наскоро пред јавноста ќе ги соопштиме сите точки на договорот со новите сопственици, кои заедно со нас се обврзаа да помогнат и да бидат дел од борбата за најголемиот македонски фудбалски бренд - Вардар, кој наскоро повторно ќе се врати во својот дом и кој повторно ќе цели кон европскиот фудбалски врв.

Продолжуваме ЗАЕДНО - УШТЕ ПОСИЛНО!
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
8.558
Ajdeeeee konečno padna kamen od srce!!! Vadi viskito mora žestoko da se lupne. Ni ostanuva sega da se nadevame kako i što najavuvaat Komiti vo soopštenieto deka ke se prodolži so iskrenata rabota od srce za Vardar, samo so kešarica jaka na konto:))) Airlija neka e, i samo za ubavi raboti da zborime vo idnina! Da živee Vardar i Makedonija!!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.575
Поени од реакции
5.724
Денес среда среќен ден , осеќам нешто убаво ке дојде , време е веќе :)
Некои ме потценивте , но океј од грешките ке научите :)

Пола треба да се извините бидејки сите критики ви паднаа сега во вода :) .

Вардар е најголем , добра ноќ :)
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.825
Поени од реакции
13.620
Кога ќе се знае спонзорот?
Деновиве ќе се дознаат многу работи, веќе се знаат, но си постојат клаузули за деловна тајна кои ќе мора да се испочитуваат. Битно е дека раката е подадена, договор е постигнат. Иднината е светла. Вечерва да се опуштиме, од утре вртиме нова страница. Можеби нешто нема да ни се допаѓа, можеби нешто ќе биде и повеќе од тоа што сме очекувале. Најважно е дека овој чекор е долго размислуван, анализиран и преиспитувам. Целото раководство верува дека ова е вистинскиот чекор.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
387
Поени од реакции
2.059
Некои ме потценивте , но океј од грешките ке научите :)

Пола треба да се извините, Вардар е најголем , добра ноќ :)
Извини што читавме твоите бљувотини и пророчанства, задоволен си сега? А уште појма немаш кој е спонзор, ама предосеќал нешто
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
253
Некои ме потценивте , но океј од грешките ке научите :)

Пола треба да се извините бидејки сите критики ви паднаа сега во вода :) .

Вардар е најголем , добра ноќ :)
Drugar zarem soopsti nekoja eskluziva? Se znaese deka so promenata na vlasta ke dojdat podobri vreminja za Vardar. Da imase nekoja insajderski tocna informacija vednas ke go soopstese noviot sponzor. Ti celo vreme spekulirase i go pisuvase toa sto site go znaeme. Ajde olabavi malce
 
Член од
17 април 2024
Мислења
175
Поени од реакции
409
Секоја чест за раководството на Комити, кои што со сите сили успеале да изменаџираат што повеќе поволности за клубот. Искрено се надевам дека ќе продолжи искреното раководење како и до сега со досегашното В.Д. раководство. Сега е редно да се консолидираме и да се создаде јака екипа за борба на горниот дел на табелата, па дај Боже, ако не оваа идната сезона да гледаме европски Вардар (y)
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
511
Поени од реакции
1.564
О.К. се враќа на големата сцена :rolleyes:
Реално и кога отсуствувал?

Да не се залетуваме со очекувања со оглед на тоа што до пред некој ден не се знаеше дали стварно ќе требаше ние од форум да се собереме за да играме, ама у ваква бедна лига, барем сезонава, греота е да не се излезе у Европа.

П.с. Од оваа сезона пак 4 тима ќе атакуваат за излез у Европа, благодарение на Струга што лани стигна до плеј-оф у Конференциска и го подигна коефициентот на лигата.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.575
Поени од реакции
5.724
Champagne ili Proseco da vadime ?
Што и да си избрал најбитно вечерва се наздрави во чест на Вардар :)

Сега веќе кога добивме официјално јак спонзор најбитно е сега во управа да влезат спортски луѓе кои знаат што со Вардар и да не ги правиме грешките од минатото со Самсоненко .

Видовме и Гостивар еве имаат пари но ми делува дека имаат затуцани луѓе во управа и само гледаат да стават пари во џеб , лани летото купија 10 играчи а дали погодија 1 нормален играч , за на крај да завршат средина на табела .

3 јули по мене е ден за позитивен пресврт во ФК Вардар , денот кога падна договор за Вардар да тргне кон врвот .

Притоа на крај на јули ми е роденден така да убав роденденски подарок ми дадоа оваа година :)
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.574
Поени од реакции
3.898
Што и да си избрал најбитно вечерва се наздрави во чест на Вардар :)

Сега веќе кога добивме официјално јак спонзор најбитно е сега во управа да влезат спортски луѓе кои знаат што со Вардар и да не ги правиме грешките од минатото со Самсоненко .

Видовме и Гостивар еве имаат пари но ми делува дека имаат затуцани луѓе во управа и само гледаат да стават пари во џеб , лани летото купија 10 играчи а дали погодија 1 нормален играч , за на крај да завршат средина на табела .

3 јули по мене е ден за позитивен пресврт во ФК Вардар , денот кога падна договор за Вардар да тргне кон врвот .

Притоа на крај на јули ми е роденден така да убав роденденски подарок ми дадоа оваа година :)
Кире, го запостави бизнисот со форумов, дење/ноќе удираш некој статус :) Да си жив и здрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom