Момци само едно ќе кажам, не требаше периодов да се излетувате со рекла казала муабети, со јас слушнав, мене еден човек ми кажа и слично. Им ја отежнувате работата на луѓето што го водат Вардар. Требаше да се ќути до последно и на крај да се извади едно соопштение до јавноста и толку. Само ова можам да му го замерам на Кирца, а сите останати што го вреѓавте фер е да му се извините.
Од секогаш сум го имал тоа чувство кога се работи за Комити и Вардар дека сите све знаат, и дека се шират муабетите со брзина на светлината. За пример ќе ги земам ФА. И во најдобрите нивни денови ти не можеш да видиш фаци да се тагнуваат по ФБ, да се снимаат видеа, да се знае све што се дешава кај нив на трибина. Според мене така треба да функционира било која група, ќути си и работи си.
Назад на темата, гледам се слави, претпоставувам дошло до некаков договор со фаците што се спомуваа тука перидов. Јас како што кажав имам доверба во луѓето што го водеа до сега клубот т.е Комити и застанувам позади нив, позади нивната одлука. И знам дека тоа што го направиле е за доброто на клубот, а не за нечии лични интереси. Можам само да се надевам на најдоброто, и дека нивното целосно залагање во изминативе три години нема да биде залудно.
ДА ЖИВЕЕ ВАРДАР!