Кај нас што сме на другиве континенти моментално малку касни сигналот

, ама нејсе се приклучуваме во славјето, дај боже ова да е некоја позитивна пресвртна точка. Можеби ќе звучи популистички во моментов, ама би сакал само да им кажам фала на луѓето што целосно се вложија во работава. Во Македонија некако како секоја иницијатива да е предодредена на пропаст. Уште на почетокот ќе се случат некои сплетки и бљувотини ќе излезат на површина, дали ќе се исполитизира или било што ама што и да било на крајот ќе дојде до точка да ти се згади што си се понадевал на нешто. Многу ми е мерак што приказнава во последниве неколку години како ретко кога ја препознав како искрена и полна со емоција и страст. Лош фудбал, најслаба лига во Европа, катастрофални стадиони, да ја немаше таа позитивна енергија и тој ентузијазам немаше до ништо од ова да дојде. Колку многу луѓе од мое опкружување ми се чуделе со кој памет си трошиме време залудно на вакви "глупости", ама ете си има нешто посебно. На толку мадридисти, интеристи, миланисти и останати страствени навивачи во Скопје, се појави една смела група, доста солидна по бројка, која реши да ја вреднува и цени тежината која ја носи името на својот локален клуб од градот во кој сме израснале. Некои се вложија целосно, а некои и попасивно пробувавме да помогнеме колку можеме ако ништо друго барем со наше присуство и поддршка. Клубот доведен на неколку нивоа под нула, ФК Кадино ни го препушта помошното игралиште за да може да се одржи каков таков тренинг. Херојска борба и обезбедување бараж во Кавадарци, настан што мислам ќе остане круна на цел труд на сите луѓе во и околу клубот, колони коли и автобуси како никогаш барем во мојов животен век, мелем за душа се надевам ќе доживееме што е можно повеќе такви утакмици. Се истурка достоинствено и прва лига колку што дозволуваа можностите. Се надевам само дека ќе се направи некој подолгорочен план во кој ќе биде ставен акцент и на академијата, да се извади максималниот потенцијал од клубот, а не како некогаш некои лебарки да дојдат со една цел да се нафатираат за краток рок, Вардар да биде оној како што му доликува - гордоста на градот

. Следна моја голема желба е и издигнување и на останатите македонски клубови како Пелистер, Тетекс, Победа итн., да се одржува спортско ривалство и еуфоријата да се крене на повисоко ниво.