Сезоните во втора лига и минатата во прва имавме одлична маркетинг екипа каква што доликува на еден бренд и ајде да кажеме голем тим. Од дизајни, видеа, креативи, ексклузиви од соблекувални, брендинг, идеи, до анимирање на публика за одредени натпревари кои и те како даваат резултати (двата баражи, прославата, утакмицата со Гостивар кога беше Андон Дончевски и ред други низ трите сезони) Проблемот е што квалитетот на фудбалот е очаен па и оние кои ќе се натераат да дојдат на утакмица, за наредна дебело ќе се подразмислат, а пак за третата во низа речиси и нема шанса да дојдат. Зборам за публика која не е хард кор односно за оној дел на кој му треба анимација или маркетиншко анимирање за да се појави. После на ред доаѓа честата конфузија околу локацијата на одигрување на натпреварите каде до последен момент не се знае каде ќе се игра, а уште поголем проблем е кога е тоа Маџари каде на одредени луѓе од градското подрачје им е полесно да стигнат до Охрид отколку до Маџари каде се среќаваат со низа проблеми од превоз, паркинг, комодитет на трибина, неквалитет на терен од кој се паѓа во депресија и ред други работи. Така да и тука паѓа во вода некоја маркетиншка акција или слоган кој ќе го тераш низ текот на целата сезона и кој со тек на време ќе стане препознатлив за обичниот Вардарец кој сака со дете или друштво да дојде и неделното попладне да го помине на утакмица