И покрај некои приватни причини поради кои мислев дека полусезонава за мене е завршена и покрај тоа што најавив дека нема ни на ТВ да ги гледам (а сепак ги гледав сите три утакмици досега), ме натера вчерашното соопштение на групата да се излажам да отидам.
Како и секогаш оваа сезона, единствена преодна оценка добива групата и навивањето.
Каков очобол човече. Напаѓаат 90% од времето, една завршница не можат да направат.
Нормално, Азер е минус играч. Па едно време ко ќе ми текне го бранев, бидејќи имаше неколку добри настапи во Маџари. Изгледа му одговараше мал терен и Лемос по страна, па знаеше да загради некоја топка или да пружи нога. Ова не е ни за 0 човече, каде е дрво, уште не се ни труди. Дреме како мисир, не знае да се позиционира. Единствена придобивка од него е што ради него ни ги судат ситниве фаули што инаку не би ги досудиле

Нема поента неговото играње, а богами и Дианеси не е бог знае колку подобар.
За нас веројатно најдобра опција за напад е Спахиу. Ако ништо друго барем има некое движење, знае да се открие. Влезе во две шанси, за жал со глава која не му е јака страна. Не е и тој некоја играчина, ама најдобро е он да стартува. Секако тоа би се случило ако бевме нормален клуб. Азер ќе беше на клоци избркан. Кога го извадија од игра, цела јужна свиреа, штета и ние што не се приклучивме.
Прв пат имав шанса да го видам одблиску и Мато. Како што мислев, освен брзината нема ништо. Ни изгледа подобар дека другиве се инвалиди во нападов.
Дечкото нема никаков сенс да развие игра, да додаде. Само себичи, на претечување ако помине нешто. Али пак би бил стартер во ваков состав... Мурџески неколку пати се проби и го чекаше на дупли пас, овој мисиров не го регистрираше, ја затпуваше со дриблинзи.
Донгмо приказна сам по себе. 600 шутеви имаше, кој од кој покомичен. Како за инает се до него се одбиваа топките. Изигра добро дефанзивно, ама играта со топка му е 0. Пробува некои долги пасови безврска.
Закариќ исто нула. Мене ич не ми се допаѓа ко играч. И тој како трактор е бавен, знае само да загради топка и да падне. Бесконечно многу центар шутеви во празно. Ама кога нема други играчи...
Овој Јанкулов имаше солидна партија дефанзивно, исто и Фаустин.
Беса беа дојдени по бод и одиграа топ завршна одбрана, особено играчот со број 6. Ги скина нашиве, како тенк беше.
Што да се каже, бодриме клуб чии играчи немаат ништо со нас. Ниту доаѓаат да отпоздрават, ни голови слават накај нас, буквално се осеќав ко трето прасе на утакмицата. Освен името на клубот, ништо не не поврзува со сите актери од клубот.