Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.563
Поени од реакции
5.669
Немаш по кој да удриш, мртвило е таму, си се кочат едни, други и трети. Ништо не бива од тие пари.
Знам дека е хаос таму бидејки се скараа сите со Арсовска , но седниците ги води Трајко Славевски од Вмро , мнозинство има Вмро , се доѓа до заклучок дека во моментов и Вмро и сите други внатре си прават своја матметики и интереси а Вардар е оставен на чекање ..

Муабетот дека Дуи се главни во влада држи вода но во градот Скопје они се мал број , лошо е што има уште две години до локални избори и незнаме што ке се дешава .
На пролет има парламенарни избори , и што треба ние тука да навиваме Дуи да падне за да може некој да даде пари во Вардар :tapp: , ебати партиите и држава во која живееме ...

Вмешав политчки партии зошто ова веќе апла се гледа дека е намерно кочење ..
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.818
Поени од реакции
13.566
Минатата недела конечно е потпишан и објавен ребалансот кој беше изгласан два пати, еднаш во јули и еднаш во октомври. Се работеше за некои интерни саботажи и заебанции меѓу вмро и данела кои ете по иницијатива и посредување на комити беа ставени на страна. Сега на 27ми ноември треба да се изгласа програмата за спорт, согласно новиот буџет, односно да се зголемат средствата на 27 милиони денари. Од тие дел ќе му припаднат на Вардар. Ќе видиме дали ќе се разреши и како ќе се префрлат средствата. Уште не е сигурно дали ќе се добијат, кратки се роковите. На нас останува да лобираме и притискаме да се заврши се како што треба.
 
Последно уредено:
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.147
Поени од реакции
5.527
Сакаш да кажеш дека Маџари е подобра опција од ФФМ? Во никој случај не би се сложил, теренот како прво не се споредува, Маџари не е терен, туку е нива, второ, и на ФФМ групата ги имаше едни од најдобрите изданија додека бевме во втора лига, така да мислам дека многу грешиш... Во моментов Маџари е најочајна опција со оглед на временските услови кои ни претстојат периодов, но веројатно е најефтина па затоа се мачиме таму...
los teren najcesto e podobar za individualno poslabiot tim, verojatno na toa mislese. vo vtora liga vardar najcesto bese klubot so podobriot tim.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.567
Поени од реакции
3.848
Сакаш да кажеш дека Маџари е подобра опција од ФФМ? Во никој случај не би се сложил, теренот како прво не се споредува, Маџари не е терен, туку е нива, второ, и на ФФМ групата ги имаше едни од најдобрите изданија додека бевме во втора лига, така да мислам дека многу грешиш... Во моментов Маџари е најочајна опција со оглед на временските услови кои ни претстојат периодов, но веројатно е најефтина па затоа се мачиме таму...
Така е. Се е на место. Маџари е тешка нива за играње!
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.147
Поени од реакции
5.527
vardar igral pred nekolku dena prijatelska protiv U19 reprezentacijata i izgubil 4:0. ili igrale mladincite na vardar?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.300
Ништо од гостување денес, а?
Гледам на спорт1.мк пишува дека ја одложиле за 6 декември.
За нас прелоша одлука, ќе се изнаиграме 4 утакмици во 10-тина денови.
 
Член од
16 февруари 2020
Мислења
11
Поени од реакции
41
Зошто сеуште нема инфо и најава за утакмицата што треба да се игра во среда против Струга?
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.792
Поени од реакции
5.236
Официјално ќе се игра на ФФМ од 13 часот
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.358
Поени од реакции
37.174
Член од
11 април 2023
Мислења
1.792
Поени од реакции
5.236
Во сабота ако не тепаме со Македонија во гости може слободно да се прогласиме за второлигаши.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.300
Со крајни напори буквално "избегав" од работа за да смрзнам ко куче и по милионити пат да се разочарам од утакмицата.

Дојдов во моментот кога изнудивме пенал. Чиста игра со рака и траљава реализација на Милосавиќ. Добро е си викам, водиме. Прашувам колку е резултат, ми викаат 1-2 губиме :pos:
Кога само успеавме да примиме два гола.

Од она што го гледав од моментот кога дојдов, бевме подеднакво добар противник со Струга и со малку среќа можевме да дојдеме до нерешено. Со малку среќа и Струга можеа да тепаат со 1-6.

После голот за 1-2 имавме уште една шанса, одново по нафрлување од слободен, ама мислам дека Дурански ја поеба на крајот.

Второ полувреме изобилуваше со непостоечки одбрани. Шанси имавме и ние и они.
Катастрофална утакмица за одбраната. Вецески да не го ни спомнувам. Директен виновник за третиот гол, бавен како трактор. Бавноста овојпат не уби во одбрана, бидејќи и Мишко каснеше редовно. Глишиќ покажа едно куроболие, каде што неколку пати се откажуваше кога противникот влагаше во шеснаесетникот. Како муви без глави беа во одбрана, Струга беа бар 3 пати побрзи и физички поспремни. Нашиве изгледаа како да одиграле 3 утакмици во последниве 3 дена, а не дека имаа пола месец пауза. Цветановски влегува во игра, едвај дише, го претрчуваат ко мене што ме трчаат попрофесионални играчи на мал фудбал. Батето не можеше воздух да земе и он ко Глишиќ се откажа од блокирање во една акција, крена раце откако го издриблаа.
Ова е недозволиво, па за така и јас можам да играм, нема потреба да плаќаме. Треба да се казнат играчите кои не се трудат, едно е да губиш и да гинеш на терен, друго е да си цупкаш во место, мува да не те лази.
Вецески нема поим од дефанзивец, не знае каде да се позиционира, лута како изгубен германец. Бавен, бавен, бавен, за третиот гол ќе го претрчаа од Зелениково да почнеа да трчаат. После голот и Мишко во иста ситуација, среќа ќумбето биеше крај гол. Гача спаси 2 чисти исто.

На другата страна и ние со еден куп шанси. Прво на 1-2 имавме добра шанса во која одбрани нивниот голман. Одма по третиот гол, имавме шанса сами со голман. Не знам дали Омерагиќ или Милосавиќ биеше катастрофално над гол.
Голманов на Струга уште 2 пати одбрани со парада, издолжувајќи се колку што е долг.
Немаше некој страшен фудбал, ама одбраните беа слаби и лесно се доаѓаше до шанси. Остана впечатокот дека едноставно не сме дораснати за лигава, како и секогаш џабе ќе полемизираме.

И покрај катастрофалната серија и фактот што утакмицата се играше вп среда во 13 часот, трибината во нашиот дел одлично исполнета. Старосна граница ниска, ама и тоа радува. Вардар и ваков распаднат, уште привлекува интерес кај најмладите.
Теренот лош, скоро подеднакво лош како и во Маџари.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
177
Поени од реакции
923
Катастрофална игра, 3 шута на гол и од нив 2 големи шанси и пенал. Нема кој да повлече, не може повеќе од три додавања да се направат без да следи потоа почетничка грешка. Доколку претходно го утепавме од критики, денес треба да се пофали Гача, спаси неколку чисти голови. Улогата што ја има Педрињо може било кое дете од петлињата да ја одигра без проблем. Пак ќе напоменам, срамота е Мишко на тие години да трча повеќе од 5-6 играчи заедно!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom