Фан Клуб: Вардар

Член од
17 јули 2021
Мислења
51
Поени од реакции
77
toa sakam i jas da znam... dali funkcionira bash taka
99.9% порано беше така...
Автоматски споено мислење:

Извадени и потрошени се тие пари. Дадени пред почетокот на сезоната за играчите да започнат со тренинзи.
Не би било лошо да почнеме нова акција, бар дупла сума да биде таргетот.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Веројатно ова е правата слика на Вардар во моментов. Лицето на клубот за односи со јавноста ја отсликува целата немоќ и безнадежност во која сме заглавени, па така поистоветува бројност на социјални мрежи со присутни љубители на стадион. Ах бе, Мијалче тешко на Вардар со твоиве математики и пребројувања. Барем индиректно си е свесен дека е зар'ѓан лик, заглавен во прошлоста, кој веројатно единствено што може да придонесе е да го приближи Вардар на нивото од родниот Штип, отколку некакви балкански рамки. За подалеку ни да не говориме...
1699819524077.png
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
187
Поени од реакции
966
Нашево е буквално колку пари - толку музика. Веќе стана и досадно ова верглање дека требаат неколку квалитетни играчи, инаку си се враќаме експресно таму и каде што во овој момент квалитативно припаѓаме. Сосема заслужена победа на Воска, а портпаролов нека намали малку со доживљаиве, маме ни еба со секоја “промоција”.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.628
Поени од реакции
70.365
Тоа НЕКОЛКУ играчи во суштина е НАЈМАЛКУ 4 играчи.
1. Напаѓач од класа најмалку колку Јашаровски.
2. Штопер од класа најмалку колку Мишковски во најдобри денови.
3. Играч од средината, најмалку од класа на Панта.
4. Лево крило, најмалку од класата на Матеј Цветаноски во неговата најдобра година во ФК Вардар.

Овие 4 засилувања ни требаат за да се носиме со повеќето екипи, па да бидеме и посигурни во дуелите со екипите со кои сега ни личеше дека за маааалку не сме ги тепале.

Дополнително, јас би го заменил и Гача на голот со подобар голман, Глишиќ обавезно. Со оглед на тоа што Панта е аут за сезонава, нас еден средњак уствари не не ни крпи на теренот.

Ако треба да бирам, напаѓач и штопер се МОРАЛНИ засилувања.
Сепак, во моментов кај нас прашањето е како да се соберат пари за да ги задржиме сегашниве играчи, а не како да донесеме нови. Има напори за да се влеат финансии од разни страни, ама нема ништо конкретно во завршна фаза.

Зборев пред некој ден какви камења се другите штопери, сум заборавил да го ставам видеото од голот на Максимов против Шкендија.

Видеото е малку крш, ама убаво се гледа како Папули СЕ НАВЕДНУВА ПРИ ШУТОТ, оставајќи го голманот во незавидна ситуација. Каков дефанзивец е ова?
 
Еднаш пишав 4-5 играчи, срам ми е да повторам, реално пола тим и повеќе ни фали за да истуркаме на мускули до бараж.

Се согласувам од збор до збор со напишаното…

Ние со Жогле и компанија сакаме опстанок, а реалноста е дека таквите како нив се добри за во 75-80 минута во втора лига од клупа да влегуваат.

Друга работа, знае некој колку е точно ова за враќањето на Градски? Ако ги плаќаме термините со цена како во минатото, тогаш според мене тоа е сосема погрешна одлука во моментов.
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
24
Поени од реакции
90
Градоначалникот на Карпош во интервју на Инфомакс, го прашаа за финансирање на ФК Вардар и одговори дека износот што се бара е многу пари за општината и дека не можат да си дозволат.
На околу 8 милиони евра буџет на општината, 1% е 80.000 евра.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
Градоначалникот на Карпош во интервју на Инфомакс, го прашаа за финансирање на ФК Вардар и одговори дека износот што се бара е многу пари за општината и дека не можат да си дозволат.
На околу 8 милиони евра буџет на општината, 1% е 80.000 евра.
ajde edna peticija od site sto ziveat vo opsinata... da si znae kolku % navivaat za Vardar tamu.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.628
Поени од реакции
70.365

Градски затворен до март. Прц играње на Градски.
Ајде сега ко ќе падне снег од недела, бар во кашата во Маџари ќе имаме поголеми шанси за 0-0 да им вадиме на екипиве.
 
Член од
10 август 2023
Мислења
106
Поени од реакции
132

Градски затворен до март. Прц играње на Градски.
Ајде сега ко ќе падне снег од недела, бар во кашата во Маџари ќе имаме поголеми шанси за 0-0 да им вадиме на екипиве.
Какви неспособни копита не ми се верува :facepalm:

Абе еден стадион имаме во државава што е наменет за европски натпреварувања и тој не можат да го одржат како што треба. Неспособни копита!

Чим е таква работата подобро следните утакмици да ги играме на Петар Милошевски стадионот доколку имаме можност.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.095
Поени од реакции
1.801
маџари е далеку подобра опција и за навивање и за кореографија па и за притисок, тоа теренот на ффм ми е најгрозниот стадион на кој сум бил да гледам фудбал. па у марино мралино кај и да бевме подобра атмосфера имаше.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
187
Поени од реакции
966
Мислам дека Градски полека ќе треба да го заборавиме... Доаѓаат Лига на нации, Квалификации за СП, ЕП, а знаејќи колку се способни, сигурно само ќе се бараат изговори за чување на теренот.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
492
Поени од реакции
2.561
маџари е далеку подобра опција и за навивање и за кореографија па и за притисок, тоа теренот на ффм ми е најгрозниот стадион на кој сум бил да гледам фудбал. па у марино мралино кај и да бевме подобра атмосфера имаше.
Сакаш да кажеш дека Маџари е подобра опција од ФФМ? Во никој случај не би се сложил, теренот како прво не се споредува, Маџари не е терен, туку е нива, второ, и на ФФМ групата ги имаше едни од најдобрите изданија додека бевме во втора лига, така да мислам дека многу грешиш... Во моментов Маџари е најочајна опција со оглед на временските услови кои ни претстојат периодов, но веројатно е најефтина па затоа се мачиме таму...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.577
Поени од реакции
5.739
Има некој инфо што бидна со париве околу 250.000 евра кои се изгласаа на седница и да се дадат на Вардар , знам требаше уште еднаш да помине на совет и потоа Арсовска да ги пушти .
Групата дури и напиша рок од 48 саати , но не добивме никаков одговор ..

Добро знаеме дека мнозинство во советот на град Скопје има Вмро Дпмне, па повеќе од 3 месеци помина и ние си чекаме и бараме виновник меѓу Арсовска и советот , срамота што кочат а од народот плата зимаат ..

Да се дадат тие 250.000 евра на Вардар ке ја истуркаме сезоната и сметам дека може да се донесе уште некој играч со тие пари , премногу ни значат тие пари и веројатно затоа Комити калкулираат и не удрија толку високо кон нив , друга логика не гледам ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom