Со крајни напори буквално "избегав" од работа за да смрзнам ко куче и по милионити пат да се разочарам од утакмицата.
Дојдов во моментот кога изнудивме пенал. Чиста игра со рака и траљава реализација на Милосавиќ. Добро е си викам, водиме. Прашувам колку е резултат, ми викаат 1-2 губиме
Кога само успеавме да примиме два гола.
Од она што го гледав од моментот кога дојдов, бевме подеднакво добар противник со Струга и со малку среќа можевме да дојдеме до нерешено. Со малку среќа и Струга можеа да тепаат со 1-6.
После голот за 1-2 имавме уште една шанса, одново по нафрлување од слободен, ама мислам дека Дурански ја поеба на крајот.
Второ полувреме изобилуваше со непостоечки одбрани. Шанси имавме и ние и они.
Катастрофална утакмица за одбраната. Вецески да не го ни спомнувам. Директен виновник за третиот гол, бавен како трактор. Бавноста овојпат не уби во одбрана, бидејќи и Мишко каснеше редовно. Глишиќ покажа едно куроболие, каде што неколку пати се откажуваше кога противникот влагаше во шеснаесетникот. Како муви без глави беа во одбрана, Струга беа бар 3 пати побрзи и физички поспремни. Нашиве изгледаа како да одиграле 3 утакмици во последниве 3 дена, а не дека имаа пола месец пауза. Цветановски влегува во игра, едвај дише, го претрчуваат ко мене што ме трчаат попрофесионални играчи на мал фудбал. Батето не можеше воздух да земе и он ко Глишиќ се откажа од блокирање во една акција, крена раце откако го издриблаа.
Ова е недозволиво, па за така и јас можам да играм, нема потреба да плаќаме. Треба да се казнат играчите кои не се трудат, едно е да губиш и да гинеш на терен, друго е да си цупкаш во место, мува да не те лази.
Вецески нема поим од дефанзивец, не знае каде да се позиционира, лута како изгубен германец. Бавен, бавен, бавен, за третиот гол ќе го претрчаа од Зелениково да почнеа да трчаат. После голот и Мишко во иста ситуација, среќа ќумбето биеше крај гол. Гача спаси 2 чисти исто.
На другата страна и ние со еден куп шанси. Прво на 1-2 имавме добра шанса во која одбрани нивниот голман. Одма по третиот гол, имавме шанса сами со голман. Не знам дали Омерагиќ или Милосавиќ биеше катастрофално над гол.
Голманов на Струга уште 2 пати одбрани со парада, издолжувајќи се колку што е долг.
Немаше некој страшен фудбал, ама одбраните беа слаби и лесно се доаѓаше до шанси. Остана впечатокот дека едноставно не сме дораснати за лигава, како и секогаш џабе ќе полемизираме.
И покрај катастрофалната серија и фактот што утакмицата се играше вп среда во 13 часот, трибината во нашиот дел одлично исполнета. Старосна граница ниска, ама и тоа радува. Вардар и ваков распаднат, уште привлекува интерес кај најмладите.
Теренот лош, скоро подеднакво лош како и во Маџари.