Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
2.831
Поени од реакции
4.341
Не е ни бал, ни маскенбал... Ако сега покажеме свест, и дај боже се распродаде Градски, тоа ќе повлече низа позитивни ефекти. Ќе се покаже дека Вардар има армија поддржувачи на кои им е во срцето и дека треба овој клуб да се спаси, тоа ќе привлече домашни, а се надевам и странски инвестиции. Ќе се разбудат од сон многу сегашни и бивши играчи на Вардар, луѓе кои оставиле трага низ историјата на клубот и конечно ќе му тргне на Вардар. Ништо не е за џабе, ќе се врати надежта преку ова и ќе се покаже дека Вардар е повеќе од еден обичен просечен фудбалски клуб.

Да ја поддржиме иницијативата, да помогнеме сега и пробаме да мрднеме од мртва точка, кога веќе никој друг не прави такво нешто.

И јас сум фрустриран од се што се случува, но не е сега момент за негативни коментари. Се надевам дека ме разбираш и дека веќе имаш купено, а и останатите, најмалку 5 билети.
А бе другар не се работи за тоа дали јас ја поддржувам иницијативата или не (меѓудругото секако дека да), туку дека е апсурдна целата ситуација. Па ако ние собираме пари за плати на играчите и тренерите тогаш ваљда истите треба да излезат и да се подготвуваат за пролетната полусезона. Ова не е пријателски натпревар, туку меч за бодови, меч со директен конкурент за опстанок во Првата лига. Ни се допаѓало тоа нас или не. Или ќе чекаат до 14-ти дали ќе успееме да собереме, па директно од кревет ќе влетаат на терен!? Ја стварно не разбирам како не се гледа суштината на целата работа.
За картите најмал проблем. Кога на првиот ден од пуштањето во продажба на картите за групна фаза ЛЕ, купив блок карти за 15 пријатели, тогаш и сега истите тие ќе ги убедам да земат по минимум 5 билети секој. Само сакам да видам обострана посветеност. Како од нас навивачите/симпатизерите, така и од играчите и стручниот штаб.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
776
Поени од реакции
1.260

Апсолутно си во право, јас, ти и сите овде сме на иста страна, можеби со мали разлики во тоа како гледаме на работите... Затоа кажав, ваљда ова ќе ги здрма и освести овие што ги наброја. Налет и пари, само нека се среди.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
1.967
Поени од реакции
3.491
И мене не ми се допаѓа што во погрешен смер тргна работава, уште нема ништо од ветеното, играчите сеуште не почнале со тренинзи, а за засилувања па да не правиме муабет, се избрза со почнувањето на акцијава и според мене ама ајде.. Мојот став инаку од старт беше, ако се чека на Самсоненко да исполни некое ветување и да исплати во даден рок, пиши пропало, веќе видено сценарио е тоа. Останува можеби надежта дека ако оди во добар смер акцијава ќе потегне и други реакции, само пак да не биде прекасно.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
5.614
Поени од реакции
1.129
Побрзо ние ке собереме пари од карти да има за играчиве плата него ли Самсоненко што ке даде пари ...
Каква мафија заедно со Вмро еј , све во затвор треба да идат овие му ебаа матер на клубот .
 
Член од
7 август 2011
Мислења
3.554
Поени од реакции
5.625
Си играв на ова сајтов МкТикетс и ги собирав колку останати билети има и ми испадна 32500, ако се пуштени 36000 значи од вчера до денес се купени 3500 билети. 10%
Не е лошо, крај на месец е, акцијата уште не е промовирана на посериозно ниво, а и во клубот имаме неизвесност. Јас купив помала количина, кога ќе стигне плата планирам да земам 50тина, верувам уште многу такви има. Со промоција сигурно ќе се дуплира бројот, а почеок на тренинзи би влијаел дополнително да се крене интересот за карти/донации.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
776
Поени од реакции
1.260
Има надеж, има луѓе на кои Вардар сеуште им е во срцето и ги боли ова што се случува. Но ќе се издигнеме, ќе бидеме пак она што сме биле.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
732
Поени од реакции
1.819
Ова е вистински начин на работа ама кога клубот би бил стабилен, па и ние да си имаме претставник и некој кој ќе се прашува во клубот за нешто.
Само така клубот би бил поблизок до нас и ние до него.
Вака ова ми е некако безидејно, убаво тоа што пишале цитирам: ,,Оние кои ќе купат 47 билети, ќе добијат место на клупските ѕидини покрај забележителните моменти од клупската историја, додека оние кои ќе купат 87 билети ќе добијат Сертификат заверен од ФК Вардар, како учесници во акцијата.''
Но, што после тоа, еве и да собереме пари.. што после тоа, ќе имаме ли претставник, кој ќе го земе клубот, што со долговите, со проблемите што ги има веќе натрупано клубот..
А секако иницијативата е одлична.
 
Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
309
Поени од реакции
768
има некој инфо колку карти се продадени до сега?
На неполни 24 часа од првиот ден на акцијата КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР продадени се повеќе од 1600 карти. БУДИ СЕ СКОПЈЕ!

Ова е од Црвено-Црна Аптека, фан пејџ на Фејсбук.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.181
Зедов и јас седум за почеток.Толку можев за сега.Важно е сите што земате да го промовирате гестот на на социјалните мрежи дали во пост или приказна не е важно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom