Фан Клуб: Вардар

Ф

Флеш

Гостин
Тоа што ни треба е конкретна агресивна игра,напаѓачи .... А тоа го немаме ....Едноставно патетика од игра ....Играме со никаков центарфор .....Ситуацијата со Максимов како е,никој не знае,ни јас ..... Аматеризам во управа за подготовки .... Што да кажам ....Ова се резултати ....
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Како што реков и после првата со Зенит, овој настап во групна фаза ќе ни служи како искуство за да знаеме до каде ни е чергата, да не избрзуваме друг пат со еуфории и дека за градење на тим кој може добро да се претстави во групна фаза во Европа има уште многу работа, можеби исто толку работа колку што требаше од Вардар, кој немаше поминато квалификациско коло со години, да се направи клуб што ќе стигне до групна фаза.
Позитивно е што овој натпревар го одиграа многу подобро него првиот со Зенит, иако индивидуално само Фелипе, Грнчаров и до некаде Блажевски (кој игра најборбено на сите досегашни европски натпревари) се со пролазна оценка. Хамбарџумијан денес убедливо најслаб поединец, тука негде беа и Џигаури и Барсегјан, за Глигоров не ми се збори веќе знаеме дека е потрошен фудбалер кој игра само затоа што Спировски си отиде и ова веројатно му е последна сезона во кариера. Исени остави позитивен впечаток и тука, не само на домашните натпревари, многу лесни движења има, штета што не влезе неговиот шут. Тука мислам дека треба да направи промени во составот Чеде на следниот натпревар со Сосиедад, Исени на местото на Џигаури и време е да му даде шанса на Марковиќ од прва минута пред Глигоров. За другото, толку се опциите.
И покрај поразите мене натпревариве ми се уживање, да не заборавиме дека сме сведоци на историја, нема потреба од разочарување и плукање, одиме на титула во првенство и три бода против Розенборг дома. :)
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Читам еден куп негативни коментари, а кога требаше ние да се докажеме неможевме стадионот да го исполниме, и таа половина си отиде пред 80мин(секоја чест за оние 500луѓе што остана) Не знам дали сте свесни дека без Спировски, Новак, Балотели вардар не е ни пола тим од оној што ги победи Малме, Копенхаген и Фенербахче, секоја чест за Чеде извади 110% од играчите.. Криво ми што не заслуживме така убедливи порази. И ќе кажам на овој Вардар му се потребни бекови, последен везен со добар преглед на игра, и центарфор, е тек тогаш може да бараме бодови на гости. И од сето ова треба да научиме лекции и истите да ги примениме у наредната сезона. А да се плукнам у менталитетот да плукаш по се, а твојот личен успех е што си се сликал со спортист. Уживајте во чуството да го чекаш четврток да го гледаш Вардар! Полека, полека со правилна работа успеси ќе дојдат!
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Тоа е тоа, нема сега што да се плука по играчите, сакавме европска есен и конечно ја добивме, може само да уживаме во утакмиците, без разлика на резултатот, милина е да се гледа Вардар во вакво натпреварување. Ова е и добро искуство и од друга страна, добро спуштање на земја, и за играчите, и за стручниот штаб, и за управата. Веројатно никој, вклучувајки ја и управата, не очекуваше дека Фенербахче ќе биде поминат, па во тоа брзање во последните 2 дена со трансферите, на крајот се направија огромни утки, пред се Којашевиќ-Максимов, затоа што изгубивме квалитетен играч, а добивме играч кој не може да го регистрираме. Спировски - Вања сеуште не би оценувал, штета што замина Стефан, ама јас уште сум убеден дека Вања има што да покаже и дека мора да игра пред Глигоров, кој е очаен, далеку е од ова ниво, може да помогне со по некоја минута во лига, да смири темпо, да одмори некој и слично, ама како прва опција е очај да се гледа. Кога ќе се додадат и неколкуте повреди, пред се најболни онаа на Новак, па и на Даре кој ќе се најдеше, дали како штопер, дали како везњак, све на куп, тоа е. Се гледа и умор, прегорени се играчите, Хоф уште во 30та минута делуваше истрошено.. Многу е паднат, треба можеби да се разгледа опцијата Тошевски како евентуално решение за десен бек, ќе се отвори и место за странец плус. Најпозитивно од денес е дефинитивно Исени, има талент и фудбал во детево, мора озбилно да се прати и да му се даде вистинска шанса. Малку разочара Муслиу, ама сепак, болна позиција е штопер за некој без искуство, да не избрзуваме.

За крај, морам да го спомнам и однесувањето на играчите. Во ред, стварно огромен успех беше елиминацијата на Фенербахче, радоста кај сите беше огромна, све тоа е разбирливо, ама влез во Лига Европа да го прославиш со 24 саати кафана и правење сметка од 5 илјади евра за пиење, е претеризам и аматеризам, клубови што освојуваат вакви натпреварувања немаат вакви славја, а ние со самиот влез во групна фаза како да ја завршивме сезоната. Фали таа професионалност, таа желба, мотив, секогаш да се оди напред, да не се задоволуваме со ситници, ама добро, како што кажав, добра лекција е ова, за како да се продолжи понатаму. На крај, и сплет на околности и малце недостиг на среќа донесоа вакви резултати, дефинитивно односот на силите и со Зенит и со Розенберг не соодвествуваше со резултатот
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Катастрофалниот за нас преоден рок си го прави своето. Па само до пред 2 месеци имавме за 60% појака екипа од моменталнава, а сега како селска екипа се мачиме да собереме играчи за утакмица. Со Џони, Дамир и Спировски во составот ќе гледавме еден сосема друг Вардар во ЛЕ, а посебно во нашево првенство, но што е тука е. Од нивните замени очигледно е дека ништо не бива, односно од Максимов очекувам многу затоа што како што ми кажаа двоел бааги на тренинзи, а ова другово Итало, Вања, Џигаури ако го рачунаме како освежување и слично за кур не ги бива. Ќе има уште многу работа за Чеде и управата (се надевам со нови луѓе) зимово и посебно летоска, но ако му се дадат одврзани раце на Чеде и пристоен буџет ваљда ќе склопат добра екипа. Моментално реално сме во тотален хаос. Играме со 1 напаѓач на терен, а во составот имаме уште двајца од кои едниот е повреден и најверојатно со способност левел Обрегон, а другиот додека среди со документи може и во втора лига да испаднеме. Четвртото место за странец го зафаќа играч кој што ми се чини дека го земаат чисто ради реда т.е. играч кој што најверојатно е до толку слаб што не може место на преслабиот Глигоров да му фати. Значи пола од максималниот број на странци што може да играат во Вардар е катастрофално распореден. Нека почнуваат на тоа поле со чистка уште во јануари, нека го зачистат вишокот на наши играчи како Попов, Глишиќ, Паочовски, Даре и за наредно лето нека склопат една асална екипа од 8 странци плус Гачевски, Грнчаров и уште еден македонец пример Александар Трајковски ( :cool:) и да направиме една сериозна екипа што ќе гази во наша лига, а богами и што ќе собира бодови во ЛЕ. :rolleyes: Играчи како Муслиу, Исени, Шиле, Брда и уште неколку надежни како првиве двајца во таква ситуација ќе чекаат шанса од клупа.

Што се однесува до самата утакмица нема што многу да се каже освен да се признае дека на искуство и наше незнаење не изгазија. Искрено ич не сум разочаран и од овој пораз затоа што не успеавме на време да склопиме асална екипа од најмалку 15/16 играчи, а и реално играме со поквалитетни портивници од нас. Да влезеше на почетокот она на Шиле можеби друг тек ќе добиеше утакмицата ама немаме ни среќа понекогаш у пм ... важно на голот на Фелипе се израдував како на победа.:icon_lol: Тоа што мене ме загрижува е очајната игра во нашето првенство. Гледам многумина ги правдате играчите заради заморот и со тоа индиректно го правдате Чеде, но мое мислење е дека екипа како Скопје на пример треба Вардар да ја добие во секој момент за некои 30 минути игра. Буквално да се игра утакмицата одма после натпреварот од ЛЕ ќе мора една таква непостоечка екипа да биде изгазена од Вардар со 3:0 за некој си пола саат игра.
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
И јас мислам исто. Од кога дојде Јаневски Вардар е сосема друг тим. За жал полош.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
Да си го земеш Седло дома комотно. Мајку ти јебем сељачка...[DOUBLEPOST=1506635472][/DOUBLEPOST]
Како што реков и после првата со Зенит, овој настап во групна фаза ќе ни служи како искуство за да знаеме до каде ни е чергата, да не избрзуваме друг пат со еуфории и дека за градење на тим кој може добро да се претстави во групна фаза во Европа има уште многу работа, можеби исто толку работа колку што требаше од Вардар, кој немаше поминато квалификациско коло со години, да се направи клуб што ќе стигне до групна фаза.
Позитивно е што овој натпревар го одиграа многу подобро него првиот со Зенит, иако индивидуално само Фелипе, Грнчаров и до некаде Блажевски (кој игра најборбено на сите досегашни европски натпревари) се со пролазна оценка. Хамбарџумијан денес убедливо најслаб поединец, тука негде беа и Џигаури и Барсегјан, за Глигоров не ми се збори веќе знаеме дека е потрошен фудбалер кој игра само затоа што Спировски си отиде и ова веројатно му е последна сезона во кариера. Исени остави позитивен впечаток и тука, не само на домашните натпревари, многу лесни движења има, штета што не влезе неговиот шут. Тука мислам дека треба да направи промени во составот Чеде на следниот натпревар со Сосиедад, Исени на местото на Џигаури и време е да му даде шанса на Марковиќ од прва минута пред Глигоров. За другото, толку се опциите.
И покрај поразите мене натпревариве ми се уживање, да не заборавиме дека сме сведоци на историја, нема потреба од разочарување и плукање, одиме на титула во првенство и три бода против Розенборг дома. :)
Браво, друже. Кога би размислувале повеќето како тебе...
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.208
Поени од реакции
8.010
Кој што сака нека каже ама за мене е задоволство што го гледам Вардар во групи на Европа Лига. Да, се уште не се на нивото на едно вакво натпреварување ама подобро е да играат отколку да гледаа на телевизија. А кретените кои навиваат за други екипи и го ругаат сега Вардар за поразиве нека знаат дека нивните екипчиња би губеле дупло од истите противници ако не и повеќе затоа што толку е разликата во квалитет помеѓу нивните селски тимови и овој Вардар.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Тоа е тоа, што би рекол Катанец. Нема што да се замерува на никој, еве не би ја р'чкал ни управата за очигледно не така паметните потези со засилувањата, само поради тоа што беа во едни турбулентни времиња за клубот, и неизвесноста со Самс, си идам-не си идам.
Е сега во зимниот трансфер период, ќе се види сериозноста и способноста на старо-новата управа. Ќе нема никакви оправдувања. Ако не се земат бар двајца што ќе двојат, проверени играчи, тогаш ќе видиме на што сме и дали пак ќе тераме иста песна.
За мене лично ова е и повеќе од добра сезона, без разлика дали ќе освоиме некој бод. Треба и ние малце да се приземјиме со очекувањата, очигледно Фенер многу ни крена амбициите.
Историски успех постигнавме, а само нешто мрчиме.
Туку мене најсмешни ми се они малите неизживеани глувци, попознати ко комплексаши и козојебци. Да се радуваш на пораз на клуб што изгубил во лига во која што нивните клупчиња во стечај нема да играат ни во сон, е за тоа нема лек. I'm not even mad, што викаат енглезите, само ја потврдуваат онаа паролата на Комити "Сите ние живееме за Вардар, ние За, вие Против".
 
Член од
4 јуни 2017
Мислења
114
Поени од реакции
55
Haha ne be kakov sedlo. Shala bese toa od mene. Pak tjudno mi e, kako e mozno tolku slabo da se igra kako sega? Ko nekoj bojkot od igracite. Duri tulku katastofalno e igrava sega
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Haha ne be kakov sedlo. Shala bese toa od mene. Pak tjudno mi e, kako e mozno tolku slabo da se igra kako sega? Ko nekoj bojkot od igracite. Duri tulku katastofalno e igrava sega
Ја бојкотираат ЛЕ од авион се гледа.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
А во врска со Максимов има некоја информација кога ќе се решава за него? Би требало веќе да е закажан датум кога ќе се разгледа/решава неговиот случај, веќе месец дена поминаа.
 
Ф

Флеш

Гостин
А во врска со Максимов има некоја информација кога ќе се решава за него? Би требало веќе да е закажан датум кога ќе се разгледа/решава неговиот случај, веќе месец дена поминаа.
Единствено што знам е ,доколку Вардар победи во процесот за Максимов,ќе може веднаш да биде регистриран за Европа и Македонија .....Нема да биде потребно да се чека јануари ....
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Со оглед на тоа колку време чекаше Фенербахче, кога пуштија молба до Уефа за порано регистрирање за наступ на Елмас(немаше полни 18години) ние со случајот на Максимов ќе почекаме едно 2-3 месеци ако не и повише чисто мое скромно мислење. И исто така мислам дека Џигаури не е материјал за Вардар, едноставно не се вклопува у тимот, а зафаќа место на странец(читај може да се донесе подобар странец на негово место)
 
Последно уредено:

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Единствено што знам е ,доколку Вардар победи во процесот за Максимов,ќе може веднаш да биде регистриран за Европа и Македонија .....Нема да биде потребно да се чека јануари ....
Од кај таа информација? За во ПМФЛ да (веројатно), ама за во Европа колку што знам нема шанси веќе да се регистрира и готова и таа прикаска.

Со оглед на тоа колку време чекаше Фенербахче, кога пуштија молба до Уефа за порано регистрирање за наступ на Елмас(немаше полни 18години) ние со случајот на Максимов ќе почекаме едно 2-3 месеци ако не и повише чисто мое скромно мислење.
За Елмас не знам од кај тоа дека долго чекале, он почеток Август потпиша за нив и одма добија датум на 2 Септември дека ќе решат дали ќе смее да игра за нив и дента на 2ри објавија дека не добиле дозвола, значи за месец дена се донесе одлука. Па тогаш побараа да го регистрираат во младинскиот тим па неделава го официјализираа, значи пак не се чека до толку. Слично беше и со Емини сеа коа чекаше скоро месец дена да може да го регистрираат во Шкендија оти го тужеше претходниот клуб кои слично како Тракаи тврдеа дека уште имал договор со нив. Значи во рок на еден месец ги решаваат случаевиве (без оглед дали се работи за Фенербахче или Шкендија), а кај Максимов уште ни датум воопшто не се знае после месец дена чекање, Турциве одма знаеа дека на 2 Септември ќе се решава и тогаш одма им донесоа одлука.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Од кај таа информација? За во ПМФЛ да (веројатно), ама за во Европа колку што знам нема шанси веќе да се регистрира и готова и таа прикаска.


За Елмас не знам од кај тоа дека долго чекале, он почеток Август потпиша за нив и одма добија датум на 2 Септември дека ќе решат дали ќе смее да игра за нив и дента на 2ри објавија дека не добиле дозвола, значи за месец дена се донесе одлука. Па тогаш побараа да го регистрираат во младинскиот тим па неделава го официјализираа, значи пак не се чека до толку. Слично беше и со Емини сеа коа чекаше скоро месец дена да може да го регистрираат во Шкендија оти го тужеше претходниот клуб кои слично како Тракаи тврдеа дека уште имал договор со нив. Значи во рок на еден месец ги решаваат случаевиве (без оглед дали се работи за Фенербахче или Шкендија), а кај Максимов уште ни датум воопшто не се знае после месец дена чекање, Турциве одма знаеа дека на 2 Септември ќе се решава и тогаш одма им донесоа одлука.
Со Елмас немаше никаков спор нели освен неговите години, па кога за тоа чекаш еден месец одговор, што останува кога има спор од два тима.. Вардар има спор со клубот на Максимов, тука имаш две страни кои ќе се докажуват кој е во право, а кој не е.. Па кога тоа ќе се разреши, највероватно тоа го ќе го разгледуваат лица од Уефа, па ќе донесат одлука дали е правилен трансферот и дали е некој е оштетен или не. Па сега калкулирај колку време е потребно за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom