Фан Клуб: Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.969
Ми се одмили више идење на стадион од овие мочковциве.... Раштиман оркестар. Секој влече на своја страна, се караат на терен ко тетки на пазар. Ееееј човече се замислуваат којзнае колкави ѕвезди се а најголем дострел у кариера им е Казакстанска лига...Ибричич и Дашјан мислам беше се караа 5 минути зашто едниот не му остави топката да шутне при една одбиена топка. За тоа време Пелистер тргна у контра, нашиве ја одземаа и тргнаа у акција, овие уште се караа.... Абе 4 утакмици веќе поминаа нашиве 1 ебана акција немаат направено. Што кур правеа 1 месец у Анталија не ми е јасно.
Публика ?! На градски од сега натаму ако има повеќе од 200 души со се редари и желки да ме плукнете.

Големо браво само и за двете навивачки групи. И Комити и Чкембари си имаа одлични моменти. Добра бакљада на Чкембари, извадија и 2-3 пароли мислам, али ништо не се читаше од Север ја кај што седев. Комити последната бакљада најдобра, тогаш ептен се дигна атмосферата.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Ми се одмили више идење на стадион од овие мочковциве.... Раштиман оркестар. Секој влече на своја страна, се караат на терен ко тетки на пазар. Ееееј човече се замислуваат којзнае колкави ѕвезди се а најголем дострел у кариера им е Казакстанска лига...Ибричич и Дашјан мислам беше се караа 5 минути зашто едниот не му остави топката да шутне при една одбиена топка. За тоа време Пелистер тргна у контра, нашиве ја одземаа и тргнаа у акција, овие уште се караа.... Абе 4 утакмици веќе поминаа нашиве 1 ебана акција немаат направено. Што кур правеа 1 месец у Анталија не ми е јасно.
Публика ?! На градски од сега натаму ако има повеќе од 200 души со се редари и желки да ме плукнете.

Големо браво само и за двете навивачки групи. И Комити и Чкембари си имаа одлични моменти. Добра бакљада на Чкембари, извадија и 2-3 пароли мислам, али ништо не се читаше од Север ја кај што седев. Комити последната бакљада најдобра, тогаш ептен се дигна атмосферата.
Блажевски и Ибричич се расправаа 5 минути, тие у контра они се расправаат Вардар тргнува у напад уште се расправаат. Срамота :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.234
Поени од реакции
6.921
гледам незадоволни од Блажевски,убедливо најдобриот напаѓач во ова првенство,проблемот е што вардар има тренер со тотално непознавање на играчите и неправилно распоредување......Блажевски растураше во Пелистер и Турново,овде не го препознаваат каков тип на играч е
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.997
Поени од реакции
23.963
Сериозно, ги гледаш ти натпреварите на Вардар, и воопшто македонскиот фудбал, или си трескаш напамет?

Која бе црна Европа? Она што го игра Вардар е мизерија од големи размери. И не само Вардар, македонскиот фудбал не личи на фудбал, како некоја друга игра да играат, каде што е забрането брзо да се движат. Не ми се верува дека некој им дава плата на овие идиотите, и дека некој оди да ги гледа. Најдобро е за фудбалот во Македонија тој да се забрани на едно 4-5 години, да си заминат сите од фудбалот, и да се почне одново.

Европа ќе играл Вардар. :facepalm:

Ставро јасно ми е мене до кај сме и каков фудбал се игра во државата, затоа си е потребна таа регионална лига/куп. Ако сакаме да идеме напред како клуб и држава мора да се отвориме друго нема. Со играње против банана клубови ние само назадуваме. Во Македонија нема фудбал од уште од крајот на 90тите практично кога си го изигра своето таа последна генерација создадена во бившата држава и кога колку толку сеуште се переа пари преку фудбалските клубови од приватизацијата и се продаваа чат пат по некој готово играч а не деца ко сега. Од тогаш имало само повремени блесоци и она што на Вардар му го направија, уназадување на секое ниво, разбивање на моќта да се привлечи маса и со тоа спуштајне на ниво на селски екипи почнаа да им го прават и на други локални просеци од типот на Победа, Беласица и слични кој сепак за мак стандард беа „великани“. Со уништена економија неможеш да имаш успешен спорт. Во држава каде здраството ни е на дното на европа, мислиш некој го заболе за фудбал? Све е јасно. Да се сменат работите реално треба да се смени системот а ние (Варадар па ни Македонија) не сме способни да го направиме тоа. Ко и се друго у државата она што е квалитетно одма се продава надвор сеедно дали е некаков производ, работник, доктор, спортист (со чест на се поретки исклучоци)... Што е најтрагично и она што е веќе средна категорија си оди и како не би кога платежната моќ на клубовите/фирмите може да се мери во кикирики. Тука викаат if you pay peanuts you get monkeys и тоа е тоа. Среќа што и во нашето опркужје има цел куп банана држави па и они се повеќе спасот го гледаат во меѓусебна соработка така да сеуште е можно да се направи нешто заедно.

Сепак за нас загрозените ова е тоа што го имаме, тоа си е реалноста. Изборот е или гледај ова или не гледај ништо, гледај на тв и евентуално чекај во европа да падне некој појак клуб. Со оглед на тоа дека ние колку толку ќе изиграме некоја утакмица во таа европа нашите ќе чекаат, ќе гледаат ракомет и ќе ги неривраат комити и нас на форумот со тоа што не се редовни на стадион. Од друга страна за пелистер ние сме баш европа, подобро нема да видат и осетат а ако ништо друго ќе имаат прилика да видат стадион и да се истушираат после утакмица, филинг кој го заборавиле тоест со генерации не ни го осетиле во БТ. :icon_mrgr: Селфито на пелистерци после утакмица, копија од она помалку од 24 саати предходно на Столе ти е доказ дека прво вардарци (ракометарите во овој сличај) им се идоли а и дека ова е за нив ОГРОМЕН успех налик тој на ракометарите само што ете они се во топ 8 во европа повторно, а овие се на бод од директно испаѓање од првата лига која е официјално послабо рангирана од таа на Линхенштајн.

За Вардар што да се каже, постовите погоре се кажаа. Игра без срце, сеуште без смислена акција, преплатени примадони со типичен македонски менталитет што мислат дека со 2-3 утакмици во европа ќе се шитнат некаде... Каде бе, ало? Па зар некој мисли дека Ботев или некој јебиветар клуб од пичкистан ќе им даде повеќе него што сега незаслужено зимаат во Вардар? Смешно е што не сфаќаат колку се само среќни, зимаат европски плати во Македонија на тој стандард и смешни данични стапки (нека иде грне у франција да виде 200 000евра таму и тука која разлика се) па уште и кур ташак си играат. Треба многу да се смени не само кај играчите него и управата а дефинитивно и тренерот. Исто дојде како лани што се донесоа цел куп играчи на полусезона а на крај испадна дека сме ослабени а не појачани. Имаме поголем ростер што е добро, нема да ни се случи (ваљда) да губиме ради повреди ама сега играме некој чудни формации за да ги задоволиме сите и нормално нема игра. Лекот е само Самс да се вклучи поактивно во клубот а јас тоа го гледам само после ракометот, кога ќе заврши евро сезоната мислам дека ќе има време да се фокусира на Вардар и да го среди. Вака веќе не иде.

Фаранг ака кано е единствениот чоек шо збора за таја регионална лига. Не знам во кој свет живеј, веројатно не во овај истиот нашиот.
Ој Прајм, вие сте слепо црево населено место на слепо црево држава така да во ред е, кога тогаш и вие ќе бидете известени за иницијативните ФСМ, ФС на Турција, Србија и Унгарија, за она што Мамич и Шуќер рекоа пред недела две. Јасно ми е, вие сте си преокупирани со Двојче/тројче и партиски митинзи во прокиснатата штала па не е можно се да пратите. Менталниот капацитет во е толкав. И да во право си, во твојот свет сигурно не живеам, треба будала да си да сакаш да живееш така :kuracc:
 
Последно уредено:
И

Игнориран член

Гостин
@kano
Кој иницијативи бе друже , кој црни камења. Дали си ти свесен колкава пара се врти во фудбалот и во која држава се наоѓа Вардар ??
Па ова е максимумот на Вардар бе (мислам финансиски) , ете нека има уште некој милион плус во буџетот , ама пак и то не е доволно за да напрајш европски тим бе човече. До душа никој во соседството не располага со таков капацитет , освен Турците кои имаат страшна економија и фрлаат тешки милиони во фудбалот .
Те гледам прајш споредба со РК ВАрдар. :tapp:
Нема никаква споредба меѓу фудбал и ракомет . Па најбогатиот клуб во ЛШ ракомет има 10 милки буџет а со таковв буџет во фудбал располагаат некој куртон екипи од Белорусија , Унгарија итн.
Дека ќе се подигни малце квалитетот ако има регионална лига , ДА, се сложвам , можи и публиката да се врати на стадион , ама немој да си прајш филм дека клубојте ќе се кренат нешто поќе на квалитет.
Фудбалот во Југославија имаше успех и квалитет само поради законот кој важеше , да не смеат играчите до 27 години да напрат трансфер надвор од Југославија. Сега неможиш да задржиш квалитетен играч за ниедни пари тука. Ако има квалитет одма со првиот авион ќе избега на 20 години.
Тој е капацитетот на клубојте од бившите републики.
За ФК Пелистер и Битола нема да коментирам , пошо тука нема споредба , ние сме осудени на пропаст , ама немој да си прајш филм дека и вие сте нешто поарни .
Крсти се да не падни ВМРО од власт , пошо сите 3 клуба ФК, РК и ЖРК директно зависат од еден човек , Самсоненко а тој е тука се додека има дил со криминалците од власта .
После неговото заминување ќе си се вратат клубојте на нормала . Не велам дека ќе се распаднат , ама РК Вардар ќе си биди клуб на нивото кога беше Михајло а ФК Вардар на ниво на Работнички.
Така да немој да скокаш многу и да вреѓаш , кога сите сме во исти лајна .
Ова е само мал блесок на Вардар , ама е далеку од квалитетно работење со клуб.
И не ми реплицирај не планирам да ја трујам овде темата .
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.095
Поени од реакции
7.910
Фантазираш за некои работи, дури и твојот фан клуб на моменти ти се смее.
Уште посмешно ми е шо си далеку и по на некој начин овде солиш памет. Седи си таму гледај си тенис, не знам како не ти е скурчено толку да ги браниш и да очекуваш нешто од овие партиско марионетски управи и самопрогласени играчи ѕвезди.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.997
Поени од реакции
23.963
@Игнориран член европски тим не се прави преку ноќ ама од некаде треба да се почне. Никој не се занесува дека ќе се носиме со реал мадрид ама сигурно можеме со ред помали тимови. Кога еден марибор, лудогорец и ред други стигнаа да играат ЛШ зашто да не и ние некој ден?

Каде и каква споредба правам со РК? Јасно е дека е тотално различен спорт на финансиски план меѓутоа играчите можат и треба да се угледаат на ракометарите бар кога е во прашање однесувањето. Тоа е се што се бара од нив.

Квалитетот со регионална лига ќе се подигне многу повеќе од она што е сега. Нас толку а и баш тоа ни треба. Ние оваа сезона немаме изглубено од конкурентите за титула, едино Рабонички ни извади една нерешено, бодовите ги оставивме со клубови од долниот дел на табелата против кој и се нема некоја мотивација, играат мислејќи дека лесно ќе победат. Тоа порано беа други времиња, споредба меѓу тоа и сега нема и не го гледам така. Нас ни требаат квалитетни противници и пред се клубови со асална инфраструктура за да привлечеме и поквалитетни странци и да ја вратиме публиката која сака да гледа квалитет а и да ги задржиме колку толку подобрите играчи.

Што сте фатиле ко сите ко утре да ќе си де Самс, човекот и фамилија и се донесе во СК ако му беше само за пари ќе си седеше во Германија или ќе си беше уште еден анонимец зошто би се замарал уопште... На крај крајева ова е македонија имаме политичари кој државата ја продадоа мислиш толку е тешко и скапо и другите да ги купи ако сака? Дај не го тупите со тоа, он гради за да биде овде со години а и да не биде, ќе биде некој друг. Вардар е ова се виде со други клубови колку се може.

@Prime за што тоа фантазирам? АБА, СЕХА и ред други лиги во помалите споротови си постојат. Прашање на време е и ова. Јас во Македонија сум почесто и повеќе него што мислиш и уживај, глеј си за тебе и пелистер остај ние ќе си се секираме за Вардар
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.685
Поени од реакции
5.993
@kano Не се залажувај толку со Самсоненко, јас сум убеден дека како ќе паднат Дпмне така и овој преку ноќ ќе го снема од Македонија, како што и преку ноќ се преселил во Македонија.
По самото функционирање на клубовите ќе видиш дека овие воопшто не им е целта да ги направат европски клубовите, зашто само во играчи вложуваат, а маркетингот како да не постои за нив, зашто не им чуе уво што стадионот зјае празен и на толку вложувања, па јас да фрлам 2 милиони евра во фудбалски клуб, ќе ми биде криво да зјае празен стадионот, и ќе направам се за да барем 1/3 тина да биде полна од цлеиот капцитет секоја утакмица. Освен секако ако не ти е целта да го вратиш стариот сјај туку само да испереш пари. Па да ти чуе дали имало 500 дали 10 000 или 30 000 гледачи.
Мене дури ме фаќа страв дека овие може преку зимање кредити на име на ФК, Рк нели сеа сме акционерски друштва да ги распаднат засекогаш одкога ќе си отидат од ФК, РК.
Нити работат транспарентно, ништо се е позади затворени врати, само во комшии отиди и ќе видиш разлика во преавилно фунцкионирање и транспаренто на еден спортски колектив, не мора подалеку во комшии да отидеш дали северно, дали јужно, дали источно ќе ја видиш огромната разлика.
ЌЕ видиме крајот ќе каже кој бил у право, ама јас сум убеден дека си ти во заблуда, мада дај боже сите ние да грешиме а ти да испаднеш во право и да не го снема Самсоненко после менување на власта.
А според мене најубаво ќе беше како што функционираат Барса, Реал, Ѕвезда, Хајдук и т.н, да не биде клубот првиатан играчка на некого, туку да си има членови изибрачко собрание во кое секој граѓанин ќе може да учествува со одредени усови какви што се тие во Барселона или Ѕвезда не е битном не сум до крај упатен.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.997
Поени од реакции
23.963
@Mr.X не се секирај јас сум во право ;)

1. Нема да го снема, прво и основно зашто прави и ќе продолжи да прави пари и тогаш, може не толку ама пак доволно за Вардар да функционира безпрекорно. Обструкции ќе има од други страни на пример превири во федерации, судии и слично бар кога е вардар во прашање. Самс нема како а и зошто да го нападнат, прво е странски, руски државјанин за кој амбасадата ќе крене прашина ако тек така пробаат нешто. Второ кој и да дојде на власт им треба луге за работа/инвестиции, овој им е веќе овде, типично за ова поднебје само ќе се договорат место едни други сега ќе зимаат процент и тоа е тоа. Полесно од договор со исто така корумпиран русин тешко дека ќе најдат. Имај на ум дека се и апла без пари така да пари ќе им треба одма, нема да имаат време да најдат свој а овој им е ем тука ем маркиран вмровец, полесно од ова здравје. Нормално и на дпмне ова ќе му одгавара пак подобро нешто него ништо и тука е за после кога ќе се вратат они. Не сме ние германци или енглези па да сме толку праведни, секое чудо 3 дена, ако сакаш да видиш што ќе биде во МКД гледај на филипините остај ти европа и други правни држави.

2.Функционирањето (стратегиски) на клубот е уствари добро. Тргни на страна емоции и не го гледај како навијач него како газда. Се направи инфрастурктура како никогаш до сега, 2 спортски центри за ракомет, допрва ќе се гради за фудбалерите, хотел, спа/финтес центар, теретани, исхрана... Полека се ствараат сите услови за функционорање на профи екипа. Брендирани аутобуси, возила, изградба на центар за сместување на таленти итн, се на се ок се работи/планира а до сега се што е планирано е и изградено. За маркетинг те разбирам ама ти збориш така ко фан/навијач и затоа што сакаш атмсфера да има. Реално каква сакаш маркетинг кампања направи (еве гледај на ракометот и транспарент и дигање атмосфера и најава за со пелистер) народот не иде дур нема поквалитетна лига. Додај на тоа дека и нема математика во рекламирање, екстра 1000 души се 1500е во касата на Вардар што е еквиваленто на 2-3 30 секундни реклами на ТВ. Сфатете дека против банана клубови толку ќе биде публиката. Од маркетинг се направи Вардар ТВ и тоа е повеќе од се што сме имале порано. Јас спомнав порано овде цел им е да лапнат лиценца за 24 часовна ТВ станица која би пренесувала се поврзано со Вардар. Полека има план си се работи на се тоа. Дали ги погодија директорите/тренерите и некој други клучни позиции е знак прашалник, ќе видиме тоа до прва. Мислам дека Кемалот и Инди треба да си одат. За административците ќе видиме до прва. Јасно дека се партиски и дека се неискусни ама дали тоа ги прави неспособни ќе видиме понатака. Сеуште не би ги отпишал, мислам дека е прерано поготово кога и немаме спортски работници во државата кој би можеле да ги земеме...

3. Клубот е приватен, со 100% акцнионер, така да нема потреба да работи транспрарентно. Зошто да ги објавуваат плановите во јавност ако не мораат? Полека си работат на планот. За да земат кредити на име на РК и ФК мора да прикажат приход и да дадат имот под хипотека. Така да не се секирај, дај боже да се кредитоспособни тоа би значело дека на 100 000е хипотека ќе добијат 50-60 000е што значи Вардар има имот повеќе од што зеле. Тој филм нема да го гледаш сигурно, без покритие највеќе 20 000е би можеле да земат.

4. Перење пари преку Вардар кога имаш онлајн бизнис за коцкање? Ова ти е ко копање ров со лопата на имање баѓер до тебе. Значи сакаш да испереш икс евра кој ги имаш у кеш, идеш кај самс, ти штелува да добиеш во онлајн казино на покер икс минус провизија, ти на него парите он на тебе чек или ти префрла у банка директ на сметка. Во тек на месецот самс парите си ги депонира преку легалните бизниси на самс и стануваат чисти ко солза... Ова ти го кажувам ко банкар, апла лесно изводливо е и нема траги... Што кур ќе му е вардар кога вака може? Плус ако мислиш дека државата/политичарите перат преку него можам да ти кажам дека они имаат уште полесни комбинации... Ако некој пере и му треба перење на пари тогаш тоа е опозицијата која нели не е со него?

5. Барса, Реал, Хајдук... Барса има 170 000 членови кој плаќаат по 137 евра годишно за тек после 3 години да имаат право да аплицираат за целосно членство со право на глас. Само од членарина собираат скоро 24 мил евра. Нема да пишувам повеќе јасно ти е дека ова за нас е научна фантастика, само размисли колку членски комити продадоа, колку пари беа и размисли како беше натегањето за гостувањето во полска. Хајдук, балкански пример, како им е? Ова е супер вака ко идеа ама нема никад да фуннкционира на балканот.

Најдобар систем е овој што го имаме. Газда со одоговорност, без златни акции и глупости. Идеално би сакал да видам уште 3-4 акционери/спонзори окулу него и тоа е се. Би било добро михајло да добие некоја улога, таман човек на опозицијата што го сака вардар а и уште 2-3ца бизнисмени би било таман. Почнавме да собираме поситни спознорства исто - витаминка итн, што е исто добро. (y)
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Нити работат транспарентно, ништо се е позади затворени врати, само во комшии отиди и ќе видиш разлика во преавилно фунцкионирање и транспаренто на еден спортски колектив, не мора подалеку во комшии да отидеш дали северно, дали јужно, дали источно ќе ја видиш огромната разлика.
Па не знам баш... Јас на пример се утепав од барање на биланси за Интер, не успеав да најдам. Ако најдеш од некој од соседствово биланси бујрум стави ги на темава, чисто информативно да видиме дали имаат...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.685
Поени од реакции
5.993
Па не знам баш... Јас на пример се утепав од барање на биланси за Интер, не успеав да најдам. Ако најдеш од некој од соседствово биланси бујрум стави ги на темава, чисто информативно да видиме дали имаат...
http://mondo.rs/a754242/Sport/Fudbal/FK-Crvena-zvezda-Dug-iznosi-51-milion-evra.html
 

Attachments

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Абе само на Sвезда,Партизан или Хајдук да не се угледаме. :) Они се типичен пример за тоа како не треба да се води клуб.Кој дојде до фотеља во управа,само цицаат,прави крлежи.И на крај никаква одговорност,секогаш е виновен за мизерната финансиска ситуација оној што бил пред нив.А овој долгот што е на Sвезда објавен,не е тоа никаква транспарентност или некој домаќински однос,далеку од тоа.Транспарентност е кога ќе објават цифри,колку кеш се земени од трансфери,колку стварно се дадени за купените играчи или кај се парите вложени од државните институции кои ги одржуваат овие клубови години уназад.
Додека кај нас ситуацијата е доста поразлична,не се работи нешто којзнае колку транспарентно,но крај краева и нема потреба,негови пари,негов проблем,јас барам само успеси и да се издигне клубот на повисоко ниво.И така сме бездомници без ниеден сопствен терен,без ниеден метар квадратен клубски простор,стадион...ништо.Нема што многу да изгубиме.Кога ќе го вратиме филмот 20-тина години уназад и ќе видиме кои фаци све небиле во Вардар,колку магла ни имаат продадено и посебно оној "жабарот" од Дрисла,Коце што го таксаше...страв ме фаќа од самата помисла што ќе беше со Вардар сега.Самс со сите негови мани,доблести и шеми,ни дојде ко кец на десетка.Со неговото доаѓање,да бидеме реални и ние доста се искурназивме,па сега бараме фискални и фактури од него,ни пораснаа амбициите до плафон,што е во ред до некаде.Но да небиде преку леб погача... :)
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Јас гарантирам дека Вардар со постручен тренер ќе ги гази сите во првенството и гарантирам дека Блажевски е далеку пред сите други во квалитет во лигата и дека е играчиште но едноставно мора управата да види дека Андреев е незналица и фудбалски неписмен , колку порано тоа го увидат толку подобро за сите нас.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.685
Поени од реакции
5.993
Јас гарантирам дека Вардар со постручен тренер ќе ги гази сите во првенството и гарантирам дека Блажевски е далеку пред сите други во квалитет во лигата и дека е играчиште но едноставно мора управата да види дека Андреев е незналица и фудбалски неписмен , колку порано тоа го увидат толку подобро за сите нас.
Како ќе види таа управа, кога таа е уште фудбалски понеписмена од тренерот, еден имаш мршојадец за пари, еден партиски потрчко, кој да не било лепењето плакати којзнае што ќе работел сеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom