@Mr.X не се секирај јас сум во право
1. Нема да го снема, прво и основно зашто прави и ќе продолжи да прави пари и тогаш, може не толку ама пак доволно за Вардар да функционира безпрекорно. Обструкции ќе има од други страни на пример превири во федерации, судии и слично бар кога е вардар во прашање. Самс нема како а и зошто да го нападнат, прво е странски, руски државјанин за кој амбасадата ќе крене прашина ако тек така пробаат нешто. Второ кој и да дојде на власт им треба луге за работа/инвестиции, овој им е веќе овде, типично за ова поднебје само ќе се договорат место едни други сега ќе зимаат процент и тоа е тоа. Полесно од договор со исто така корумпиран русин тешко дека ќе најдат. Имај на ум дека се и апла без пари така да пари ќе им треба одма, нема да имаат време да најдат свој а овој им е ем тука ем маркиран вмровец, полесно од ова здравје. Нормално и на дпмне ова ќе му одгавара пак подобро нешто него ништо и тука е за после кога ќе се вратат они. Не сме ние германци или енглези па да сме толку праведни, секое чудо 3 дена, ако сакаш да видиш што ќе биде во МКД гледај на филипините остај ти европа и други правни држави.
2.Функционирањето (стратегиски) на клубот е уствари добро. Тргни на страна емоции и не го гледај како навијач него како газда. Се направи инфрастурктура како никогаш до сега, 2 спортски центри за ракомет, допрва ќе се гради за фудбалерите, хотел, спа/финтес центар, теретани, исхрана... Полека се ствараат сите услови за функционорање на профи екипа. Брендирани аутобуси, возила, изградба на центар за сместување на таленти итн, се на се ок се работи/планира а до сега се што е планирано е и изградено. За маркетинг те разбирам ама ти збориш така ко фан/навијач и затоа што сакаш атмсфера да има. Реално каква сакаш маркетинг кампања направи (еве гледај на ракометот и транспарент и дигање атмосфера и најава за со пелистер) народот не иде дур нема поквалитетна лига. Додај на тоа дека и нема математика во рекламирање, екстра 1000 души се 1500е во касата на Вардар што е еквиваленто на 2-3 30 секундни реклами на ТВ. Сфатете дека против банана клубови толку ќе биде публиката. Од маркетинг се направи Вардар ТВ и тоа е повеќе од се што сме имале порано. Јас спомнав порано овде цел им е да лапнат лиценца за 24 часовна ТВ станица која би пренесувала се поврзано со Вардар. Полека има план си се работи на се тоа. Дали ги погодија директорите/тренерите и некој други клучни позиции е знак прашалник, ќе видиме тоа до прва. Мислам дека Кемалот и Инди треба да си одат. За административците ќе видиме до прва. Јасно дека се партиски и дека се неискусни ама дали тоа ги прави неспособни ќе видиме понатака. Сеуште не би ги отпишал, мислам дека е прерано поготово кога и немаме спортски работници во државата кој би можеле да ги земеме...
3. Клубот е приватен, со 100% акцнионер, така да нема потреба да работи транспрарентно. Зошто да ги објавуваат плановите во јавност ако не мораат? Полека си работат на планот. За да земат кредити на име на РК и ФК мора да прикажат приход и да дадат имот под хипотека. Така да не се секирај, дај боже да се кредитоспособни тоа би значело дека на 100 000е хипотека ќе добијат 50-60 000е што значи Вардар има имот повеќе од што зеле. Тој филм нема да го гледаш сигурно, без покритие највеќе 20 000е би можеле да земат.
4. Перење пари преку Вардар кога имаш онлајн бизнис за коцкање? Ова ти е ко копање ров со лопата на имање баѓер до тебе. Значи сакаш да испереш икс евра кој ги имаш у кеш, идеш кај самс, ти штелува да добиеш во онлајн казино на покер икс минус провизија, ти на него парите он на тебе чек или ти префрла у банка директ на сметка. Во тек на месецот самс парите си ги депонира преку легалните бизниси на самс и стануваат чисти ко солза... Ова ти го кажувам ко банкар, апла лесно изводливо е и нема траги... Што кур ќе му е вардар кога вака може? Плус ако мислиш дека државата/политичарите перат преку него можам да ти кажам дека они имаат уште полесни комбинации... Ако некој пере и му треба перење на пари тогаш тоа е опозицијата која нели не е со него?
5. Барса, Реал, Хајдук... Барса има 170 000 членови кој плаќаат по 137 евра годишно за тек после 3 години да имаат право да аплицираат за целосно членство со право на глас. Само од членарина собираат скоро 24 мил евра. Нема да пишувам повеќе јасно ти е дека ова за нас е научна фантастика, само размисли колку членски комити продадоа, колку пари беа и размисли како беше натегањето за гостувањето во полска. Хајдук, балкански пример, како им е? Ова е супер вака ко идеа ама нема никад да фуннкционира на балканот.
Најдобар систем е овој што го имаме. Газда со одоговорност, без златни акции и глупости. Идеално би сакал да видам уште 3-4 акционери/спонзори окулу него и тоа е се. Би било добро михајло да добие некоја улога, таман човек на опозицијата што го сака вардар а и уште 2-3ца бизнисмени би било таман. Почнавме да собираме поситни спознорства исто - витаминка итн, што е исто добро.