За Стојановски сум кажал и претходно. Дечкото една недела да го оставиш да центрира нема да успее да го погоди шеснаесетникот.
Може ли играч со таква конституција да биде играч бе? Види го каков е, во нозене е како ногарки од столица, како куфер е.
Каков само глуп фаул направи, го утепаа по неговата страна. Слободниот за голот он го направи, пошто како мало дете се нафрли да го искине противничкиот играч, пошто претходно спиеше во шеснаесетникот и не го покри навремено.
Тоа е кога имаш куртонска управа која што сто сезони по ред мисли да игра само со еден десен бек. Не ни треба замена бе, ќе закрпуваме со некои полуиграчи.
Со кои младинци се фалат бе? Па нашите младинци не се први ниту во младинска лига, па ќе играле во сениорите. Земи таму стави катанец на тоа младинските школи, подобро најми скаути и прати ги во странство да бараат млади таленти, ќе се најде некој отпадок од тимовиве во околинава, колку 40 младинци извадени од наша школа ќе вреди.
Порано какви играчи сме ваделе, а сега ова дрвава недоделкани.
Па на овој Стојановски максимум во кариерата може ССК да му биде бе, светлосни години е далеку од прволигашки играч.
Средината без Дашијан ни е мизерија. Подобро да си игравме со Дашијан-Деспотовски, мислам дека повеќе кративност имаше...
Ибричиќ е камен, ниту денешниот, ниту голот од минатиот пат не го вадат. Играта никаква, крилата непостоечки.
Го малтретира Дашијан на крило, дечкото не може да оди на таа позиција. Блажевски себичен до максиму, и тие некои малце шанси што ги имавме ги промаши, а можеше да додаде до поотворени играчи.
Никаква игра немаат, Европски Вардар ќе правеле. Штета што со резултативе ќе ги залажуваат оние што не пратат фудбал, туку само од резултатите си прават некоја слика.
Нека дојде некој да ми просере да не се жалам пошто сме освоиле 11/12 поени, има главата да му ја откорнам

Очобол е ова бе, идеме насекаде за нив, тие како умрени дремат. Сто пати повеќе квалитет има во екипата, сто пати подобри услови од другите и поголем буџет, они не се мрдаат на терен.
Андреев е највиновен, којзнае што игри се вртат со него чим уште е на чело на клубот.
Се би избркал од тоа управата, еден да не остане...
А Пачата, да и го спичам на жена му, каков само гол примил.
Како ќе се оправда за голов? Мислам КАКО? Ја гледам снимкава и нема што да се каже освен дека САКАШЕ да прими гол. Ова ли е одлика на еден репрезентативен голман? На крај испадна КОБЕТИЌ ни е најдобар голман

Како само не ни брцнаа гол на крајот кога отидоа во контра, навивав да ни брцнат гол, па макар да трпам ремет до утре...
Секоја чест за играчите на Пелистер, со никаков квалитет, ни вадат бод на наш терен , сосема заслужен поен.
Се гледаше дека ќе примиме гол, само прашање на време беше кога ќе се случи тоа. Како си ги
дупеа со додавања со петици, дупли пасеви, не знаеа кај се наоѓаат нашиве.
На трибините убава атмосфера, иако времево не утепа малце.
Се истури од врнење маме му ебам, а имавме наместено кореографија за долниот дел, па го јадевме стапот за разлика од Чкембоси кои беа горе на трибината.
Имаше неколку пароли, интересна кореографија и пред се одлична пиротехника на три пати.
Чкембари имаа убав изглед на трибината, со бројките бевме некаде 1000 на 200 луѓе...
Се гледаше дека навиваа, ама до кај нас ништо не се слушна, освен откако го дадоа голот, нешто што на нас ни делуваше како студен туш...
Најдобра атмосфера имаше на третото палење на пиротехниката, вистински делириум
Како само после ваква игра да бараме поголема бројка на трибина?