Фан Клуб: Вардар

Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.407
Поени од реакции
4.266
Го видовте ли новогодишното видео на ФК Вардар? Каква брука, јеботе. Поздрави је, поздрави. :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.063
Поени од реакции
74.701
Иако годинава повеќе не зближуваше РК Вардар, сепак ФК Вардар си е нашиот прв тим, па традиционално да си посакаме нова година во темава :icon_mrgr:

СРЕЌНА НОВА 2014 ГОДИНА ВАРДАРЦИ :pukampetardi:
Во новава година првенствено да ги надминеме проблемите во групата, да го исчистиме запад од политичките пиуни, а се ова воглавно повлекува дека ни треба некој нов спонзор во Вардар кој ќе го интересира само тимот и ништо друго вон него.
Самсоненко можеби е правилниот избор, можеби не, се надеваме дека ќе имаме шанса да го оцениме, затоа со моменталново раководство уште три години ќе ни требаат за помошни игралишта (што се прават за месец дена) да правиме...
И годинава како и лани да се израдуваме на две титули и во фудбал и во ракомет, па можеби и во шампионска титула во женското ЛШ.

Што се однесува на Комитската екипа од кајгана, ви посакувам уште многу утакмици да си изнавиваме заедно, да ве служи здравјето пред се, и нормално сите желби да ви се исполнат :icon_mrgr:

П.с. секоја година викам да пазите што правите вечерта на 31, ама годинава ќе кажам правете што сакате, и онака за се што ќе се случи во градот по дилфот ние ќе бидеме криви, вака барем нека имаат причина :notworthy:
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.414
Среќна Нова година на сите Вардарци! Во следната година уште повеќе успеси за РК Вардар, ФК да иде во нагорна линија, а ЖРК да освои ЛШ, за сите други што е можно поголем успех!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
Среќна нова на сите Вардарци и од мене, повеќе здравје во новата година успеси на секое поле, да се радуваме на успех во ЕВРОПА, не на титули и се најдобор. Нема да ви кажам вечер со памет во глава пошто памет у глава и убав помин не идат заедно у реченица така да убав помин :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.971
Поени од реакции
15.228
Среќна нова година и од далечната ривалска Битола. За новата година ни посакувам нов спонзор и титула во ФК, нов врвен тренер и титула во РК, пласман во Ф4 кај жените, опстанок во прва лига кај кошаркарите и конечно решавање на проблемите на запад :)
Многу желби ама мислам заслуживме после целото малтретирање што ни се случуваше оваа 2013.
Поздрав и вечер убаво да си поминете.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Среќна Нова 2014 година на цел фан клуб Вардар, многу здравје, среќа и успех на сите. Годинава да си прославите многу победи и нов стабилен спонзор :)
Па и со убав успех во Европа да ја израдувате Македонија годинава!
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
Ајде и јас да ви посакам среќна нова година, како што е редот на првиот ден од годината. :D Комити и Вардарци - Кајганџии, нека ви е среќна новата година, да сте ми живи и здрави, многу среќа успех и сите желби да ви се исполнат. Екипата на Коњаникот Сабја пак да си тераме заебанции кога ќе играме со тапа клубови или пак кога ќе бидеме 70 души на стадион, пак да се бараме дали сите сме на број кога ќе играме драма утакмици, пак да славиме на многу титули, на ФК Вардар РК Вардар и на целото спортско друштво. Да имаме пак еден ден како оној ланскиот и убаво да ја запамтиме и 2014. Комити да се вратиме на нашиот ЗАПАД, таму каде што ни е местото, да го бодриме ФК Вардар! И што е најважно, да се сплотиме во новата 2014! :icon_lol:
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Нека е Среќна новата, живи здрави, весели, многу дрољи, пари и исполнување на зацртаните цели.
И во новата да бидеме сведоци на поставувањето темели на Европски Вардар! :)


02.06.2013

(датум кој ја одбележа годината и датум кој дефинитивно треба да се памти за век и векови)​
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Овој преоден рок се надевам ќе се носат повеќе засилувања како Стојков, Дади, Павловиќ, Паприк, Влатче, Един и подобри од нив, а помалку како Милиќ, Рибар, Бонифачио, Петровиќ, македонскиот Австралиец Дин Томески, дизајнерот Кофи, Мики, Жаре и слична багра :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom