300 илјади причини има човекот. Не може да му се замери. Таму се парите во моментот. Му понудиле повеќе дури и од еден Рапид Букурешт?!
За кого како...
Јас му замерувам и тоа многу. Абе колку сака нека е платата, играч од негов калибар да се запусти во Казахстанска лига? Смак света, илјадници километри далеку од росдниот крај, за што? За аматерска лига, за ебани пари.
Немораше да остане кај нас, ама нека одеше во некој посилен тим. Јас гарантирам дека и ние сме појаки од Актобе. Ако ништо друго бар на наше рамниште се. Тоа што клубовите им фрлаат страшни пари, не е фактор за јачината на лигата, пошто само вакви играчи може да привлечат што трчаат по пари. Да постигнал нешто во животот, па да оди таму колку да си ја обезбеди иднината, он во најдобрите годсини по најдобрата сезона, кога разни екипи се заинтересираа за него, оди во КАЗАХСТАН!
Ете го сакале Рапид Букурешт. Ќе играше во Европа, ако се покажеше може после ќе го земеа и во појака лига. Да останеше кај нас во квалификацииве, да се покажеше малце, сигурно многу поголеми клубови ќе го бараа.
Многу ме разочара со изборот на тимот. Срамота

Сега ја сваќам поентата на AGAINST MODERN FOOTBALL...
Досега не сме имале некои проблеми па подлабоко да ја сватиме поентата на оваа парола, пошто нити тргуваме со играчи, нити во лигава има некои таленти кои ги ловат странски клубови...
Да се разбереме, гледам по интернетов масовно се плука по управата. Што има врска управата со трансферот на Фичо?
Сто пати е кажано ДЕКА НЕСКАЛ ДА ОСТАНЕ.
Јас искрено им замерувам за Филип Петров. Знам дека повеќето немате позитивно мислење за него, али јас сум многу разочаран што не му е продолжен договорот, што не му е дадена соодветна плата. Колку и да барал, солиден играч беше, плус воигран со екипата, најдобар асистент во сезонава, и го пуштаат туку-така, а сигурно нема ни да најдат соодветна замена...
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=10411:vardar-go-saka-lukmon&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
Овие излегоа со вест дека Лукмон бил блиску до Вардар. Солиден трансфер, како замена за Мичка
Останува да се реши прашањето на резервно/првптимско десно крило, и двајца напаѓачи, ШТО ПОБРЗО...