Од кај знаеш ти јас колку идам на стадион да те прашам?! Ако си од овие новиве генерации навивачи, гарант имам изгледано 20 пати повеќе утакмици од тебе, што не е ни битно, муабетот ми беше дека Пандо беше дете што многу ветуваше, но не исполни ништо од својот потенцијал, не знам поради кои причини. Баш во оној усран Вардар кај што имаше можност да се докаже, немаше среќа со повредите, а и кога и да влезеше не ме воодушевуваше искрено. Плачевме и по Настевски, детето и Меси го завикавме, ама ете го и он пропаѓа, ги прошета пола клубови по Европава и стално го враќаа од пробите.
Овој Колеќевски го немам гледано, сигурно е дека е дете на Илчо, како и другите од М.Ѓ.П., ама што е битно тоа, тоа му носи резултати на клубот, играчите собрани за две недели не донесоа на прво место, играчите донесени од Илчо се најдобрите на своите позиции во нашето првенство?! Се додека е така, кој смее да суди за трансфер политиката на Илчо?
И ве молам престанете со тоа Пандо легендо ова-она, која легенда бе дечки, легенди се Малдини, Занети, Раул, Сколс, Гигс, освоиле катаљарда титули со клубот, пак ќе кажам, легенда не го прави тоа што дошол после утакмица, запеал два пати „зига-зага“ и „еден е Вардар“, се поздравил со воџите на Комити и сега ќе паѓаме во трансови каква легенда е!
edit:
Сега видов дека имаш 18 години, така да муабетот за присуство на стадион на друг да му го тераш, а не на мене, јас кога почнував на стадион да одам, ти уште шпилхозни си носел!